Plastic Beach (Пластична Плажа) — третиот студиски албум на виртуелниот бенд Горилаз. Албумот е објавен на 3 март2010 година. Албумот е изваден од недовршениот проект на Горилаз наречен Carousel. Снимен е од јуни 2008 до ноември 2009 година и првично бил издаден од соосновачот на Горилаз, Дамон Албарн. Во албумот учествуваат и следниве артисти: Снуп Дог, Gruff Rhys, Боби Вомак, Мос Деф, Лу Рид, Мик Џонс, Марк Е. Смит, Пол Симонон, Кано, Little Dragon и Hypnotic Brass Ensemble.
Албумот дебитирал на местото број два во Обединетото Кралство со продажба на 74,000 копии во првата недела. Во САД, албумот дебитирал на второто место на Билборд 200 каде што во првата недела продажбата достигнала до 112,000 копии. По објавувањето, овој албум бил оценет позитивно од страна на критичарите.