Pholiota squarrosoides
Pholiota squarrosoides | |
---|---|
Научна класификација [ у ] | |
Непознат таксон (попр): | Pholiota |
Вид: | Pholiota squarrosoides |
Научен назив | |
Pholiota squarrosoides (Peck) Sacc. | |
Синоними | |
|
Pholiota squarrosoides | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | Fungi |
Колено: | Basidiomycota |
Класа: | Agaricomycetes |
Ред: | Agaricales |
Семејство: | Strophariaceae |
Род: | Pholiota |
Вид: | P. squarrosoides
|
Биномен назив | |
Pholiota squarrosoides (Peck) Sacc.
| |
Синоними | |
Peck, 1878
|
Pholiota squarrosoides е вид на печурки од фамилијата Strophariaceae. Сличен на видот Pholiota squarrosa Постоејат различни мислења за тоа дали печурката е јадлива.
Опис
[уреди | уреди извор]Оваа печурка расте во преполни кластери, со шапки до 10 см во пречник и дршки до 14 см. во должина. Шапките на почетокот се конвексни, стануваат сплескани со возраста и лепливи кога се влажни. Тие се жолтеникаво-кафеави со истакнати лушпи во форма на конус, кафеави, кои ги има многу во близина на центарот. Жабрите се тесно спакувани, жолти на почетокот стануваат ’рѓосано-кафеави подоцна. Дршката има иста боја како шапката и е покриено со ситни крлушки. Во близина на врвот има памучен жолтеникав прстен кој се разгорува. Спорите се кафеави.[1] Тешко било да се разликува овој вид од Pholiota squarrosa, но таа печурка има зеленикава нијанса на жабрите и никогаш не е леплива.[2][3]
Јадливост
[уреди | уреди извор]Видот бил пријавен како јадлив „со претпазливост“ од Кент и Вера Мекнајт, но со напомена дека може да се помеша со отровниот P. squarrosa.[4] Микологот Александар Х. Смит напишал дека тој бил најдобриот јадлив вид во својот род. Орсон К. Милер Џуниор и Роџер Филипс го сметале за јадлив,[5][6] но описот даден од Универзитетот во Арканзас вели дека не е јадлив.[7]
Живеалиште
[уреди | уреди извор]Видот најчесто може да се најде кон крајот на летото во државите на Големите езера, северозападниот дел на Тихиот Океан и источниот дел на Северна Америка. Неговото живеалиште е на кората на дрвјата.[8] Ретко се наоѓа во Европа, но првиот примерок во Полска бил откриен во 2010 година во југозападниот дел на земјата.[9] Полското откритие се случило во природниот резерват Łężczok во близина на градот Рациборц. Печурката може да се најде и во умерените региони на Азија.[9] Иако печурката се сметала за сапрофит, наместо паразит, можела да предизвика брзо деградирање на дрвото. Во регионот на Големите езера, ги распаѓала трупците од дрвјата Acer saccharum и Tilia glabra.[9]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Smith, Alexander H. (1963). The mushroom hunter's field guide (Revised and enlarged. изд.). Ann Arbor. ISBN 0-472-85609-X. OCLC 710881.
- ↑ McKnight, Kent; Harper, Kimball; McKnight, Karl (1983-01-01). „Mushrooms of Grand Teton National Park“. The UW National Parks Service Research Station Annual Reports. 7: 59–71. doi:10.13001/uwnpsrc.1983.2381. ISSN 2693-2407.
- ↑ Spooner, Brian (2007-10). „Pholiota squarrosoides new to Britain“. Field Mycology. 8 (4): 113–114. doi:10.1016/s1468-1641(10)60382-9. ISSN 1468-1641. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ McKnight, Kent H.; McKnight, Vera B. (February 1998). A Field Guide to Mushrooms: North America. Houghton Mifflin Harcourt. стр. 273. ISBN 0-395-91090-0.
- ↑ Miller Jr., Orson K.; Miller, Hope H. (2006). North American Mushrooms: A Field Guide to Edible and Inedible Fungi. Guilford, CN: FalconGuide. стр. 265. ISBN 978-0-7627-3109-1.
- ↑ Phillips, Roger (2010). Mushrooms and Other Fungi of North America. Buffalo, NY: Firefly Books. стр. 205. ISBN 978-1-55407-651-2.
- ↑ „Pholiota squarrosoides“. Fungi of National Capital Region Parks. University of Arkansas. Архивирано од изворникот на 2019-08-10. Посетено на August 10, 2019.
- ↑ Smith, Alexander H (1974). The Mushroom Hunter's Field Guide. The University of Michigan Press. стр. 207. ISBN 047285609X.
- ↑ 9,0 9,1 9,2 Halama, Marek (January 2011). „First record of the rare species Pholiota squarrosoides (Agaricales, Strophariaceae) in southwestern Poland“. Polish Botanical Journal. Посетено на August 10, 2019.
|