PerkZ

Од Википедија — слободната енциклопедија

Лука Перкович познат како Perkz, е хрватски League of Legends играч кој игра позиција "мид лејнер" за G2 Esports од EU LCS. Прво го користел името Rookie на пролетниот Split на EU LCS 2016.

Каријера[уреди | уреди извор]

2014 Сезона[уреди | уреди извор]

Perkz се приклучил во GSI Gaming во средина на сезоната, и играл заедно со P1noy и Hiiva, меѓу другите. Со тимот се натпреварувал на DreamHack Summer 2014, низ кој не ја поминал групната фаза. Perkz исто така победил EpicGear Cup 16 и стигнал до второ место во EpicGear Cup 17 со тимот пред распаѓањето после една година. Тој беше еден од најдобрите "мид лејнери" во светот и ја "бркал" титулата на Faker. "Ако некогаш би посакал, треба, бидејќи тоа е обврска" - Perkz.

2015 сезона[уреди | уреди извор]

На почетокот на сезоната, PerkZ се придружил на екипата Gamers2. Тој учествувал на четвртиот интернационален турнир со екипата а потоа во квалификациите за пролетниот Split со истите играчи како beansu, Obvious, Kobbe и kaSing, тие биле победени само од Team Nevo во финалето на квалификациите. А потоа се придружува на тимот Millenium.

Со Millenium, PerkZ и екипата завршиле како втори во Gamers Assembly 2015. PerkZ престана да игра со тимот пред DreamHack Tours 2015 за време на испитите. Не долго после тоа, PerkZ официјално го напушта тимот.

На почетокот од следниот месец PerkZ се враќа во Gamers2, кои се задржале на нивниот Challenger Series за EUCS Summer Season. Во октомври, Gamers2 го промениле името во G2 Esports.

2016. Сезона[уреди | уреди извор]

G2 Esports брзо си го одржале зборот и влегле во LCS, Perkz сè уште останал "чудовиште" на мид лејн, константно било изедначено за прво место во првите недели, понекогаш со H2k понекогаш со Vitality, до крајот на split кога тие го задржале првото место без конкуренција. Со четвртфиналето, во плејофот се покажале силни, од кога ги поразиле Fnatic и Origen со резултат 3-1 за да ја победат сезоната и да си ја осигураат поканата во 2016 Mid-Season Invitational.

Одејќи низ MSI, G2 Esports ги гледале како фаворити не за освојување, но за второ место зад корејската екипа SK Telecom T1. G2 Esports ги изгубиле првите четири игри од "робин" рундата и завршиле на петтото место.