Penelope X
Penelope X — музички албум на Никола Коџабашија и „Фолтин“ во соработка со Гоце Стевковски, објавен во 2011 година како издание на „Литиум“.
Список на песни
[уреди | уреди извор]Албумот содржи осум песни:[1]
- Kouros / Младич 4:06
- Penelope X 3:32
- Чија ли си сега? / To whom do you belong now (татковино?) 5:13
- Na na (sirens) (feat. Rebeka) 2:16
- Cinderella Man / Пепелашко 4:27
- True blue eyes (Calypso) 4:27
- Dawn of the rose red fingers (feat. Rose Betts and Angelina Kodjabashia) 5:01
- The pillars of Hercules (Homecoming) 6:01
Опис на албумот
[уреди | уреди извор]Албумот има поднаслов: „Songs & Postludium from the musical Odyssey and his Women“ (Песни и постлудиум од мјузиклот „Одисеј и неговите жени“). Автор на музиката е Никола коџабашија, освен песната „Cinderella Man / Пепелашко“ за која музиката ја компонирале Бранислав Николов и Никола Коџабашија. Автори на текстовите се: Николов и Коџабашија (песните „Kouros / Младич“ и „To whom do you belong now? / Чија ли си сега? (татковино?)), Бранислав Николов („Penelope X“, „Cinderella Man / Пепелашко“ и „True blue eyes / Calypso“) и Колин Тиван (Colin Teevan) (песната „Dawn of the rose red fingers“). На албумот настапуваат:[2]
- Бранислав Николов - вокал и мандолина
- Пеце Трајковски - Брада - хармоника
- Гоце Јовановски - бас-гитара
- Марјан Станиќ - ударалки
- Пеце Николовски - кларинет и блуз харфа
- Гоце Стевковски - тапани и ударалки
- Никола Коџабашија - клавијатури и виртуелни инструменти
- Ребека Јанковска Ристески - вокал
- Ангелина Коџабашија - вокал
- Роуз Бетс Rose Betts - вокал