Партагас

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Partagás)

Партагас (шпан. Partagás) е име на две марки на висококвалитетни пури, една кубанска (Хабанос СА), а другата доминиканска од доминикански, мексикански и камерунски тутун (Џенерал Сигар).

Логото на Партагас

Историја[уреди | уреди извор]

Дон Хаиме Партагас

Шпанецот Дон Хаиме Партагас Равело работел во тутунската индустрија во Куба со години, пред да основа своја фабрика со име Real Fábricas de Tabaco Partagás во 1845, на ул. Индустрија бр. 60 во Хавана, една од најголемите во своето време. Името, кое се преведува како „Кралска фабрика за тутун Партагас“, било избрано за да го изрази фактот што Дон Хаиме бил набавувач на пури за разни европски и азиски кралски семејства. Тој поседувал многу од најдобрите планнтажи во тутунскиот регион Вуелта Абахо и заради тоа станал и многу успешен. Се смета дека експериментирал со разни иновативни процедури на одлежување и ферментација, и дека бил првиот работодавач кој вработил т.н. лектор за да им чита на виткачите додека работат.

Дон Хаиме бил убиен (се претпоставува од љубовен соперник) во една од неговите плантажи во 1864 или 1868 и потоа дејноста ја презема неговиот син, Хосе Партагас. Подоцна фабриката и марката ги купува банкарот Хосе А. Бансе, кој пак потоа ги продава на Сифуентес, Фернандес и Д-р во 1900. Во 1916, Дон Хосе Фернандес ја напуштил фирмата, па Рамон Согуентес Љано се заортачил со Франциско Пего Пита, па ја основале фирмата Сифуентес, Пего и Д-р Во 1927 фирмата се здобива со правото на марката Рамон Аљонес, а потоа почнала и со производство на марката Сифуентес.

Фабриката Партагас во Хавана
Работа во фабриката

Сифуентес починал во 1938, а Пего во 1940, па така сега единствено семејството Сифуентес ја пуравувало сѐ попрестижната фабрика и марка (не се знае зошто Пеговите наследници не барале ништо) и фирмата се преименува во само Сифуентес и Д-р Во 1954 семејството Сифуентес ги добило марките Боливар и Ла Глорија Кубана од Хосе Ф. Роча и го преместиле производството во нивната фабрика. Во 1958, фабриката партагас била вториот најголем извозник на пури во Куба (по фабриката Х. Упман), со над четвртина од сите извезени тутунски производи.

По националицијата на стопанството со Кубанската револуција, на семејниот партијарх, Рамон, најпрвин му било понудено работно место во управата, но тој одбил и ја напуштил земјата. Фабриката потоа ѝ припаднува на новоформираната државна тутунска институција Кубатабако. По јаз од речиси седумнаесет години, патронот на семејството, Рамон Сифуентес почнал да произведува пури од марките Партагас и Боливар за Џенерал Сигар и американскиот пазар, прво од Јамајка, а потоа од плантажа и фабрика во Доминиканската Република, каде истите се прават и ден денес. Рамон Сифуентес починал во 2000 год.

Пред и по револуцијата, кубанските Партагас се едни од најценетите и најпродаваните марки на пури во светот. Многу познавачи ја сметаат оваа марка за омилена, со тоа што Serie D No. 4, Lonsdales (вон производство), Lusitanias и Shorts се неверојатно популарни и познати витоли. Фабриката Партагас (оттогаш преименувана во „Франциско Перес Герман“) сеупште прозиведува Партагас и бројни други марки на пури за извоз и се има покажано како многу популарно одредиште за љубителите на пури на одмор во Хавана.

Во 2002 Алтадис купува контролен дел од државната Хабанос СА и со тоа се спроведуваат ред промени. Една од овие промени е решението марките постепено да се направи строга поделба на марките на сосема рачно-изработени или сосема машински-изработени, да се намали бројот на вишок големини во рамките на една марка, и да се прекине со производство на многу од малку купуваните пури. На големо жалење на познавачите ширум светот, Партагас, кои историски имаат произведувано разни рачни, машински или машински-довршени пури, со ова губи неколку витоли.

Сѐ од започнувањето со годишните изданија Edición Limitada, Партагас излегуваат со посебна големина секоја година: Pirámide во 2000, Serie D No. 3 во 2001, Serie D No. 2 во 2003 и D No. 1 in 2004. Во 2005, Партагас воведува додатна пура во својата редовна производна линија, пирамида наречена Serie P No. 2. Досега, оваа нова пура се покажува како неверојатно популарна кај љубителите.

Партагас исто така произведува две машински цигариљоси (Mini и Club) и марка на цигари.

Витоли во рамките на кубанскиот Партагас[уреди | уреди извор]

Кутија Партагас Shorts

Ова е список на витоли (големини) во рамките на производната линија на Партагас и нивната големина во англиски и метрички единици, со vitolas de galera (фабричко име), и конвенционалното име во американскиот тутунски жаргон.

Рачно-изработени витоли

  • Lusitania - 7 5/8" x 49 (194 x 19.45 mm) Prominente, двојна корона
  • Churchill de Luxe - 7" x 47 (178 x 18.65 mm) Julieta, черчил
  • Presidente - 6 1/4" x 47 (158 x 18.65 mm) Taco, перфекто
  • Serie P No. 2 - 6 1/8" x 52 (156 x 20.64 mm) Pirámide, пирамида или торпедо
  • 898 Cabinet Selección Barnizados ("Лакирани") - 6 3/4" x 43 (170 x 17.07 mm) Dalia, лонсдејл
  • 898 Cabinet Selección Sin Barnizar ("Нелакирани") - 6 1/8" x 42 (155 x 16.67 mm) Corona Grande, долга корона
  • Partagás de Partagás No. 1 - 6 3/4" x 43 (170 x 17.07 mm) Dalia, лонсдејл
  • Serie du Connaisseur No. 1 - 7 1/2" x 38 (192 x 15.08 mm) Delicado, долга панетела
  • Serie du Connaisseur No. 2 - 6 1/2" x 38 (166 x 15.08 mm) Parejo, панетела
  • Serie du Connaisseur No. 3 - 5 5/8" x 35 (143 x 13.89 mm) Carlota, панетела
  • Serie D No. 4 - 4 7/8" x 50 (124 x 19.84 mm) Robusto, робусто или ротшилд
  • Corona - 5 5/8" x 42 (142 x 16.67 mm) Corona, корона
  • Short - 4 3/8" x 42 (110 x 16.67 mm) Minuto, тре пети корона
Партагас Lucitania

Машински-изработени и рачно-доработени витоли

  • Corona Senior - 5 1/4" x 44 (132 x 17.46 mm) Eminente, корона
  • Petit Corona Especial - 5 1/4" x 44 (132 x 17.46 mm) Eminente, корона
  • Partagás de Luxe - 5 1/2" x 40 (140 x 15.87 mm) Crema, корона
  • Super Partagás - 5 1/2" x 40 (140 x 15.87 mm) Crema, корона
  • Mille Fleurs - 5 1/8" x 42 (129 x 16.67 mm) Petit Corona, пети корона
  • Aristocrat - 5 1/8" x 40 (129 x 15.87 mm) Petit Cetro, пети корона
  • Corona Junior - 4 5/8" x 40 (117 x 15.87 mm) Coronita, пети корона
  • Princess - 5" x 35 (127 x 13.89 mm) Conchita, кратка панетела
  • Habanero - 4 7/8" x 39 (125 x 15.48 mm) Belvedere, кратка панетела
  • Chico - 4 1/8" x 29 (106 x 11.51 mm) Chico, цигариљо

Edición Limitada

  • Pirámide (2000) - 6 1/8" x 52 (156 x 20.64 mm) Pirámide, пирамида или торпедо
  • Serie D No. 3 (2001/re-release in 2006) - 5 5/8" x 46 (143 x 18.26 mm) Corona Gorda, корона горда
  • Serie D No. 2 (2003) - 6 1/8" x 50 (156 x 19.84 mm) Robusto No. 2, робусто екстра
  • Serie D No. 1 (2004) - 6 3/4" x 50 (170 x 19.84 mm) Partagás No. 16, робусто екстра

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]