Помхај бо

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од POMHAJ BÓH)

POMHAJ BÓH или на македонски Помхај бу (во превод Поможи бог) е весник на горнолужички јазик со евангелска (протестантска) верска содржина. Покрај содржините во врска со протестантските Горнолужички Срби има понекогаш и написи за протестантските Долнолужички Срби на долнолужички јазик. Списанието го издава Здружението на протестантските Лужички Срби. Помхај Бу излегува месечно. Помхај Бу бил основан 1891 од страна на свештеникот Фридрих Зеле (1860-1931). Претплатата за ова списание чини осум евра. Списанието го поддржува финансиски Фондацијата за лужичкосрпскиот народ.

Сегашна шефредакторка на списанието е Трудла Малинкова.

Одговорни уредници[уреди | уреди извор]

1891–1895 Фридрих Зеле, свештеник во Кребја
1895–1916 Јан Гулч, свештеник во Будишинк и во Ракеци
1916–1917 Корла Август Фидлер, виш учител во пензија во Бауцен
1917 Марко Смолер, издавач во Бауцен (Будишин)
1917–1937 Корла Виргач, свештеник во Носачици
1950–1955 Божидар Добруцки, бивши свештеник во с. Будишинк, раководител на Лужичкосрпскиот културен институт во Будишин
1955–1958 Густав Мјерва, свештеник во Букеци
1958–1979 Герхард Вирт, свештеник во Њесвачидло
1979–1984 Цирил Пјех, свештеник во Риза
1984–1999 Зигфрид Алберт, свештеник во Будишин
од 2000 Трудла Малинкова, публицистка во Будишин и научна соработничка во Лужичкосрпскиот институт во Будишин (Бауцен)

Извор[уреди | уреди извор]