Orectolobus leptolineatus
| Orectolobus leptolineatus | |
|---|---|
| Научна класификација [ у ] | |
| Непознат таксон (попр): | Orectolobus |
| Вид: | Orectolobus leptolineatus |
| Научен назив | |
| Orectolobus leptolineatus | |
Orectolobus leptolineatus — вид на тепих ајкула која што поттекнува од семејството Orectolobidae, таа често може да порасне и до 120 см во должина. Живее во Тихи Океан на дното на океанот, и е безопасна за луѓето.
Името на оваа риба, Orectolobus leptolineatus, значи „тенки линии“, што се однесува на камуфлажниот шаблон кој што се наоѓа на нејзината кожа.[1]
Распространетост и живеалиште
[уреди | уреди извор]Оваа риба може да живее во бентопелагични средини со минимален опсег на длабочина од 20 метри, во тропските области. Таа живее во близина на Индонезија и кај Саравак, со непотврдени записи од среќавањето на оваа риба кај островите Пенгу, Висајски Острови и Себу Сити.[2]
Опис
[уреди | уреди извор]Мажјаците можат да растат до должина од 112 см, додека женките можат да растат малку поголеми и да достигаат 120 см. Оваа риба има ленти кои што се темно кафеави, над грбната и страничните површини, а нејзините грбни и горните парни перки содржат вермикуларни шари. Вентралната површина на трупот е бледа. Грбната перка расте високо, со првата грбна перка во близина на карличните перки. Има 23 реда заби во горната вилица и рудиментиран ред заби на горната вилица. Вкупниот број на пршлени се движи од 148 до 163.[2]
Зрелост
[уреди | уреди извор]Мажјаците стануваат зрели кога ќе достигнат 90 см во должина. Најмалата зрела женка била долга 94 см, заедно и со две регистрирани бремени женки, од кои едната била долга 104 см, а другата 108 см. Помалата риба од двете била уловена кога што имала четири ембриони долги помеѓу 13 и 14 см.[2]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Indonesian wobbegong – save our blue planet“ (англиски). Посетено на 2019-04-10.
- 1 2 3 „Orectolobus leptolineatus summary page“. FishBase (англиски). Посетено на 2019-04-10.
|