Прејди на содржината

Onobrychis arenaria

Од Википедија — слободната енциклопедија
Onobrychis arenaria
Научна класификација
Царство: Plantae
Оддел: Tracheophyta
Класа: Magnoliopsida
Ред: Fabales
Семејство: Fabaceae
Род: Onobrychis
Вид: Onobrychis arenaria
(Kit.) DC.

Onobrychis arenaria — повеќегодишен тревест вид на растение од фамилијата бобови опишан од Пал Китаибел.[1]

Onobrychis arenaria е повеќегодишно тревесто растение, 50–80 cm високо, скоро голо или со ретки прилегнати влакна, со задрвенета основа и од основата разгрането. Стеблата се вертикални, разгранети, голи или со ретки прилегнати влакна. Листовите се непарно-перести, со 4–10 пара ливчиња; лисните дршки покуси од перестиот лист; ливчињата линејно-копјести, копјести до елиптични, 10–30 мм долги, на врвот заострени и со кусо шилесто врвче, 1,5–4 мм широки, на горната страна обично голи, а на долната со ретки прилегнати влакна; прилисниците слободни, 4–6 мм долги, триаглесто-копјести, голи, црвенкаво-кафеави, по работ тесно ципесто-бели и со испакната средна жила.[1]

Соцветијата се долги, со голем број цветови; дршката на соцветието 2–3 пати подолга од пазувниот лист, со ретки прилегнати влакна по површината; брактеите триаглесто-копјести, на врвот долго заострени, со широк ципест раб, скоро голи, достигнуваат до средината на чашката или до основата на запците; брактеолите околу 0,75 мм долги, скоро кончести.[1]

Чашката е околу 7–8 мм долга, трубеста; трубестиот дел 1,5–2 мм долг, гол или со ретки влакна, на горната страна ципесто-бел; запците на чашката 5–6 мм долги, шиловидни, на горната страна голи, а по работ и во основата влакнести. Венчето е често розово, со црвени линии или црвено; барјачето 8–10 мм долго и околу 6 мм широко; крилцата долги до половината на горните запци на чашката; лаѓичката долга колку барјачето или малку покуса.[1]

Мешунките се полукружлести, дисковидно сплескани, по површината со неправилни вдлабнатини (фовеоли) и со неколку куси боцки или без нив, а по крилестиот грбен раб со послабо или посилно развиени 4–8 мали боцки.[1]

Подвидови

[уреди | уреди извор]
  • Onobrychis arenaria subsp. arenaria
  • Onobrychis arenaria subsp. cana
  • Onobrychis arenaria subsp. lasiostachya
  • Onobrychis arenaria subsp. miniata
  • Onobrychis arenaria subsp. sibirica
  • Onobrychis arenaria subsp. taurerica
  • Onobrychis arenaria subsp. tommasinii

Распространетост во Македонија

[уреди | уреди извор]

Onobrychis arenaria расте по ливади, пасишта, каменливи места, покрај грмушести состоини и на шумски работи на надморска височина до 1700 метри. Растението се среќава во Скопје - с. Нова Брезница, пл. Водно и Жеден; Жеденска Клисура; клисура на р. Пчиња; Кичево пл. Баба Сач; пл. Стогово - над с. Гари; пл. Дешат - Крчин; Дебар - с. Баниште; Струмица - с. Вељуса и Прилеп - Плетвар.[1]

Галерија

[уреди | уреди извор]
  1. 1 2 3 4 5 6 Мицевски, Кирил (2001). Флора на Република Македонија Том I, св. 5. Скопје: МАНУ. стр. 1382–1383.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]