Прејди на содржината

OKTA

Од Википедија — слободната енциклопедија
OKTA
Основано1978
СедиштеБујковци
Опслужувани подрачја
Македонија Македонија
Мреж. местоhttps://www.okta-elpe.com/en/

OКТА АД – Скопје (ОКТА) е најголемиот снабдувач на горива во Република Македонија, обезбедувајќи две третини од вкупните потреби на пазарот.[1]

Основана во 1978 година, компанијата игра важна улога во сферата на трговија, снабдување и дистрибуција на нафтени деривати во регионот. ОКТА е дел од една од најголемите групации во енергетскиот сектор на Балканот – Групацијата Хеленик Петролеум.[2]

Преку трговија на големо ОКТА опслужува големо портфолио на клиенти, од земјава и регионов, од мали претпријатија па сé до големи индустриски објекти и владини институции. Малопродажната мрежа на ОКТА се состои од современи бензински станици ширум земјата.

Во 2018 година, ОКТА започнува со производство на електрична енергија од обновливи извори, како и снабдување и менаџирање енергија за своите клиенти.


Цевковод

[уреди | уреди извор]

Инсталациите на ОКТА се поврзани со рафинеријата во Солун преку цевковод долг 213 км. Оваа инвестиција вредна преку 100 милиони долари, беше пуштена во функција во 2002 година со цел пренос на сурова нафта. На почетокот на 2013 година, со застој на рафинеријата, нафтоводот престанува со работа. Големи инвестициски проекти беа започнати за пренамена на постоечкиот нафтовод на сурова нафта во продуктовод со цел пренос на дизел директно до инсталациите на ОКТА. Проектот за чистење на нафтоводот е завршен и во тек е лиценцирање од страна на надлежните органи.

Со цевководот стопанисува компанијата VARDAX, подружница на EL.P.ET Balkaniki S.A., со седиште во Солун и канцеларии во просториите на ОКТА АД – Скопје.

Производи

[уреди | уреди извор]

Портфолиото на ОКТА со производи вклучува:

  • ЕУРОСУПЕР БС 95
  • ЕУРОСУПЕР БС 98
  • Еуродизел БС
  • ЕКСТРА ЛЕСНО, ЕЛ-1
  • ТНГ

Капацитети

[уреди | уреди извор]
  • Капацитет за складирање на 350 милиони литри гориво.
  • Станица за товарење автоцистерни.
  • Станица за товарење вагони.
  • 27 бензински станици со брендот на ОКТА.
  • Акредитирана лабораторија по меѓународниот стандард MKS EN ISO/IEC 17025:2006, во која се применуваат 50 акредитирани методи.
  • Професионална противпожарна единица која располага со 2 ПП возила
  • Пречистителната станица за отпадни води.
  • 4 фотоволтаични централи (Инсталациите на OKTA, 50 kW; АД Единство Струмица, 100 kW; Мода Свети Николе, 150 kW; Меѓународно училиште НОВА, Скопје 125 kW).
  1. „OKTA“. OKTA (велшки). Посетено на 2021-04-13.
  2. „HELLENIC PETROLEUM Group“.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]