Oперација Триумф

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Операција Триумф е регионално телевизиско шоу на музички таленти кое се одржуваше во Белград, Србија, а се прикажуваше во земијте на поранешна Југославија. Шоуто всушност е базирано на познатото шоу Академија на ѕвезди (Star Academy). На шоуто учествуваа учесници од 5 држави од поранешна Југославија, покрај Србија учествуваа, Хрватска, Босна и Херцеговина, Македонија и Црна Гора. Шоуто се прикажуваше на 6 различни телевизии во овие пет држави.

Кандидати[уреди | уреди извор]

Кандидат Прекар Возраст Град/Држава Ном. Резултат
Аднан Бабајиќ Адо/Бабаја/Коала 20 Босна и Херцеговина Живинице, Босна и Херцеговина 2/3 Победник
Вукашин Брајиќ Вуки/Вуле 24 Босна и Херцеговина/Србија Сански Мост/Чачак/Белград,
Босна и Херцеговина/Србија
5/6 Придружник
Александар Белов Алекс/Македонац 21 Македонија Неготино, Македонија 0/0 2 придружник
Нина Петковиќ Ниночка 27 Црна Гора Тиват, Црна Гора 1/6 3 придружник
Данијел Павловиќ Super star/Даки 23 Србија Крагуевац, Србија 2/2 4 придружник
Ана Бебиќ Ане/Бебичка 22 Хрватска Метковиќ, Хрватска 1/5 Исфрлена на 14 гала вечер/Полу финалистка
Игор Цурков Цуки/Шиме 22 Хрватска Шибеник/Сплит, Хрватска 1/2 Исфрлен на 13 гала вечер
Соња Бакиќ Медена 24 Србија Сомбор/Нови Сад, Србија 1/5 Исфрлена на 12 гала вечер
Никола Сариќ Сајко/Сале 19 Србија Нов Белград, Србија 3/5 Исфрлен на 11 гала вечер
Никола Пауновиќ Џони/Пиџа 23 Србија Крагуевац, Србија 3/7 Исфрлен на 10 гала вечер
Ѓорѓе Гогов Џоле/Ѓоле 20 Србија Димитровград, Србија 2/3 Изфрлен на 9 гала вечер
Милица Мајсторовиќ Мица 19 Србија Крагуевац, Србија 2/2 Исфрлена на 8 гала вечер
Мирјана Костиќ Мика 25 Србија Кањижа, Србија 1/1 Исфрлени на 7 гала вечер
Кристијан Јованов Киксер/Кики 19 Македонија Радовиш, Македонија 1/1
Јасмина Миџиќ Џези/Јаца 26 Босна и Херцеговина Бихаќ, Босна и Херцеговина 1/1 Исфрлена на 6 гала вечер
Андреа Харапин Пејачка 24 Хрватска Кутина, Хрватска 1/1 Исфрлена на 5 гала вечер
Антонија Беседник Тонка 22 Хрватска Загреб, Хрватска 1/1 Исфрлена на 4 гала вечер
Ивана Никодијевиќ Тина 20 Србија Неготин/Земун, Србија 1/1 Исфрлена на 3 гала вечер

Општи информации[уреди | уреди извор]

Една недела пред големото финале Операција Триумф ја стресе скандал. Имено, Хрватската телевизија Нова на рекламниот спот за гласање бројот на Нина Петковиќ беше прикажан како да е на Александар Белов. На форумот при официјалниот сајт на Операција Триумф беа избришани блог-постовите испратени од страна на гледачите кои ја забележаа таа „грешка“. Јавната тајна на виделина излезе после завршувањето на полуфиналната вечер кога апсолутниот фаворит на публиката Александар изби на 4-то место. Во тој скандал покрај Александар оштетена беше Хрватска бидејќи нивната претставничка Ана Бебиќ во полуфиналето се бореше со Нина Петковиќ за место во финалето, тогаш гласовите на Александар од Хрватска паднаа на контото на Нина и Хрватска остана без свој претставник во финалето. На денот на големото финале гласовите беа поделени еднакво помеѓу Нина и Александар

Гости[уреди | уреди извор]

На Операција Тријумф гостуваа многу ѕвезди од поранешна Југославија меѓу кои беа: Борис Новковиќ, Жељко Самарџиќ, Аки Рахимовски, Елена Ристевска, Каролина Гочева и други. Како и да е, покрај ѕвездите од поранешна Југославија гостуваа и светските ѕвезди Анастасија и Јуниор Џек.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]