Филип Милер

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Mill.)
Насловна страница на Речникот за градинари.

Филип Милер (англиски: Philip Miller; 169118 декември 1771) — англиски ботаничар и градинар од шкотско потекло. Бил главен градинар во Челсиската лекарска градина речиси и автор на познатиот „Речник за градинари“ (The Gardeners Dictionary).[1]

Живот[уреди | уреди извор]

Роден е во Детфорд или Гринич,[2] Работел како главен градинар на Челсиската лекарска градина цели 50 години, од 1722 г. до пензија, кратко пред неговата смрт.[3] Според ботаничарот Питер Колинсон, кој ја посетил лекарската градина во јули 1764 г. и ги забележал согледувањата во неговите зборници, Милер во оваа градина изградил највисок углед од сите градинари во Европа поради неверојатната разновидност на растенија од сите редови и класа и од сите климатски поднебја...“[4] Милер ги напишал делата „Речник за градинари и цвеќари или Целосен систем на хортикултура“ (The Gardener's and Florists Dictionary or a Complete System of Horticulture, 1724) и „Речник а градинари“, со полн назив „Речник за градинари со начини на одгледување и подобрување на кујнската овошна и цветна градина“ (The Gardener's Dictionary containing the Methods of Cultivating and Improving the Kitchen Fruit and Flower Garden), првпат издаден во 1731 г. во раскошно фолио и доживеал седум дополнети изданија додека бил жив. Делото е преведено на холандски од Јоб Бастер.[б 1]

Ботанички дела[уреди | уреди извор]

Милер се допишувал со други ботаничари и набавувал растенија од сите краишта во светот, воведувајќи многу видови за првпат во Англија. Бил ненадминат во неговото познавање на растенијата и избран за член на Кралското друштво.[5] Ги обучил Вилијам Ејтон, кој подоцна станал главен градинар на Кралските ботанички градини во Кју и Вилијам Форсајт, по кој е наречена форзицијата (Forsythia). Војводата од Бедфорд хонорарно го ангажирал да врши надзор на кастрењето на овоштарниците во неговиот дворец „Вобернска опатија“ и да се грижи за неговата вредна збирка на американски дрва доведени од Пенсилванија по предлог на самиот Милер, а собрани од Џон Бартрам.[6] Од 1733 до 1766 г. Бертрам вовел американски дрва како балзамска ела (Abies balsamea) и тврд бор (Pinus rigida) во англиските градини по порачка на шеесетмина претплатници.

Милер имал отпор кон новата биномна номенклатура на Карл Линеј, отпрвин претпочитајќи ги класификациите на Жозеф де Турнефор и Џон Реј. Линеј сепак му упатил честитки за неговиот „Речник за градинари“.[7] Задржал поголем број стари номенклатурни имиња отфрлени од Линеј. Линеевиот систем целосно го усвоил дури во изданието од 1768 г. на „Речник за градинари“, иако веќе претходно опишал некои родови како аришот (Larix) и ванилата (Vanilla) во склад со овој систем, уште во четвртото издание (1754).[б 2]

Во 1733 г. го испратил првото семе на неговииот долговлакнест памук во новата колонија Џорџија, кое самиот до одгледал. Првпат е засадено на Си Ајленд на брегот на Џорџија, и од него со време се развил најквалитетниот сиајлендски памук.

Портретот кој му се припишува на Филип Милер во француското издание на „Речник за градинари“ од 1787 г. всушност го прикажува Џон Милер, син на лондонскиот уметник Јохан Себестијан Милер, родум од Нирнберг.[б 3] Досега не е пронајден веродостојан портрет на Филип Милер.

Двајцата синови на Милер работеле како негови помошници. Синот Чарлс станал првиот директор на Ботаничката градина при Кембричкиот универзитет.

Белешки[уреди | уреди извор]

  1. Ботаничките гравури и во VIII издание (1752) се искористени на чинии од познатата порцеланска фабрика во Челси.
  2. Ова издание, „поправено и проширено како и „скратено од претходното фолио-издание било препечатено во убав факсимил со вовед од В. Т. Стерн во 1969 г.
  3. Оваа грешка ја укажал Ален Патерсон 1986:40–41.[4]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Le Rougetel, Hazel (1971). „Gardener extraordinary: Philip Miller of Chelsea (1691–1771)“. Journal of the Royal Horticultural Society. 96: 556–63.
  2. „Miller, Philip: Complete Dictionary of Scientific Biography“.
  3. 1722 според Hazel Le Rougetel, "Philip Miller/John Bartram Botanical Exchange" Garden History 14.1 (пролет 1986:32–39).
  4. 4,0 4,1 Paterson, Allen (1986). „Philip Miller: A Portrait“. Garden History. 14 (1): 40–41. doi:10.2307/1586815. JSTOR 1586815.
  5. Frans A. Stafleu, reviewing the facsimile of The Gardeners Dictionary in Taxon 18.6 (декември 1969:713–715) стр. 713.
  6. Le Rougetel 1986:32, го цитира писмото на Џон Колинсон до Војводата од Бедфорд.
  7. Non erit Lexicon Hortulanorum, sed etiam Botanicorum = „дека книгата ќе биде не само лексикон за градинари, туку и за ботаничари.“; забележано во Paterson 1986:40–41.
  8. „Автори“. Меѓународен индекс на растителни имиња. (англиски)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]