Microsoft Visual Studio
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Податотека:Visual Studio 2012 EN.png Слика од Visual Studio 2012, уредувајки го C++ кодот на една програма | |
Програмери | Микрософт |
---|---|
Јазици | Кинески, чешки, англиски, француски, германски, италијански, јапонски, корејски, полски, португалски (Бразил), руски, шпански и турски |
Мреж. место | visualstudio.com |
Microsoft Visual Studio е интегрирана развивачка околина од Микрософт (анг. Microsoft). Таа се користи за развој на компјутерски програми за Микрософт Виндоус (анг. Microsoft Windows), како и за создавање мрежни места, семрежни прилози, веб услуги и мобилни апликации.
Особености
[уреди | уреди извор]Visual Studio користи едитор за код кој поддржува Intellisense (компонента за дополнување на код) како и рефакторирање на код. Останати алатки во оваа развивачка околина се : интегриран дебагер, профилер за код, дизајнер за форми (за графички апликации), веб дизајнер, дизајнер за класи и дизајнер за шема на основа на податоци. Visual Studio исто така поддржува голем број на екстензии кои можат да ја зголемат функционалноста на речиси секое ниво.
Поддржани програмски јазици
[уреди | уреди извор]Visual Studio (засега) поддржува 36 различни програмски јазици. Некои поддржани програмски јазици се: C, C++, C++/CLI, VB.NET, C#, F# и TypeScript. Некои програмски јазици како Пајтон(анг. Python) имаат потреба од посебни екстензии, а некои како на пр. Јава (анг. Java) веќе не се поддржани од оваа развојна околина.
Верзии и изданија
[уреди | уреди извор]Visual Studio има неколку верзии на развој:
- 97 (1997)
- 6.0 (1998)
- .NET (2002)
- .NET 2003
- 2005
- 2008
- 2010
- 2012
- 2013
- 2015
- 2017
- 2019
Секоја верзија се пушта во продажба во неколку изданија, од кои најпопуларни најчесто се изданијата Community, Professional и Enterprise, од кои секое издание поддржува различни одлики.
Моментално, последна издадена верзија е Visual Studio 2019, чие официјално пуштање во продажба беше на 2 април 2019, иако претходно беа претставени неколку "preview" верзии, односно некомплетни и нестабилни верзии претставени со цел да се комплетира и оваа верзија на познатата интегрирана развивачка околина.