Прејди на содржината

MAPPA

Од Википедија — слободната енциклопедија
MAPPA Co., Ltd.
Матично име
株式会社MAPPA
Kabushiki-gaisha MAPPA
Дејностјапонска анимација
Основано14 јуни 2011 г.
ОсновачМасао Марујама
Седиште,
Клучни личности
MAPPA:
Манабу Оцука (извршен директор)
Масао Марујама (претседател на одборот)
Хироја Хасегава (извршен потпретседател)
MAPPA Сендаи:
Ватару Кавагое
Производипланирање и производство на анимација
Вработени
408 (од април 2024)[1]
Мреж. местоmappa.co.jp

MAPPA Co., Ltd. (јапонски: 株式会社MAPPA, се чита: МАПА) — јапонско анимациско студио создадено на 14 јуни 2011 г. од Масао Марујама, создавачот и поранешен продуцент на студиото Madhouse.[2][3] MAPPA е акроним што значи Maruyama Animation Produce Project Association.[4] Во април 2016 г., Марујама поднесол оставка од својата должност и основал ново студио, Studio M2.[5]

Студиото има произведено многу аниме, вклучувајќи ги Terror in Resonance, Yuri!!! on Ice, In This Corner of the World, Kakegurui, Banana Fish, Zombie Land Saga, Dororo (во соработка со Tezuka Production), Dorohedoro, The God of High School, Магична битка, Attack on Titan: The Final Season, Сага за Винланд (втора сезона), Верижниот Човек и Пеколен рај.

Историја

[уреди | уреди извор]

Студиото започнало на 14 јуни 2011 г. од Масао Марујама, кој работел во Madhouse кога имал 70 години.[6] Најпрво сакале да го снимат филмот на Сунао Катабучи наречен In This Corner of the World. Бидејќи Madhouse имале проблеми со пари, Марујама и Катабучи го направиле студиото MAPPA за да се обидат да го снимат филмот. Но биле потребни 5 години за да се заврши поради тешкотиите при собирањето на средства.[7][8]

Во април 2016 г., Марујама престанал да биде извршен директор и станал претседател. Манабу Оцука, кој помогнал во започнувањето на студиото и претходно работел во студиото 4°C, станал извршен директор откако Марујама си заминал.

Спорност

[уреди | уреди извор]

Распоредот на студиото, работната средина и култура таму биле разгледани многу внимателно.[9] Искусниот уметник Хисаши Егучи рекол дека студиото не плаќало доволно.[10] Друг уметник по име Мушијо, исто така, рекол дека не ги обучувале добро аниматорите и ги терале да работат премногу, што ги натерало да ја напуштат работата во студиото. Исто така, не им се допаднало што студиото работело на четири серии одеднаш. Кевин Циругеда од Sakugablog рекол дека овие проблеми дошле од студиото, кое пребрзо растело и било невнимателно.[11]

Циругеда рекол и дека од 20 анимеа направени од MAPPA од 2015 до 2020 г., тие биле длабоко вклучени во правењето на четири од нив, а анимеата не поминале добро. MAPPA рекла дека не нудат неправедна плата, но аниматорот Ипеи Ичи рекол дека едно аниме на кое работеле за Нетфликс предложило да се платат само 3.800 јени за секоја сцена, кога аниматорите навистина требале да добијат најмалку 15.000 јени.[12][13][14]

  1. „COMPANY“. MAPPA (Japanese). Посетено на April 26, 2023.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  2. „About“. www.mappa.co.jp (јапонски). MAPPA. Архивирано од изворникот на 2017-06-22. Посетено на 2014-11-27. Занемарен непознатиот параметар |deadlink= (се препорачува |url-status=) (help)
  3. „Cowboy Bebop Helmer Shinichiro Watanabe, MAPPA Plan New TV Anime“. Anime News Network. 2012-10-15. Архивирано од изворникот на 2016-09-13. Посетено на 2014-11-27. Занемарен непознатиот параметар |deadlink= (се препорачува |url-status=) (help)
  4. „Otakon 2014 Guests“. Otakon. Архивирано од изворникот на 2014-11-02. Посетено на 2014-12-09.
  5. „Otakon Hosts Masao Maruyama, Hidenori Matsubara“ (англиски). Anime News Network. Архивирано од изворникот на 2017-06-11. Посетено на 2019-01-07. Занемарен непознатиот параметар |deadlink= (се препорачува |url-status=) (help)
  6. „About“. www.mappa.co.jp (јапонски). MAPPA. Архивирано од изворникот на June 22, 2017. Посетено на November 27, 2014.
  7. „アニメプロデューサー丸山正雄氏 MAPPA設立を語る“. アニメ!アニメ!ビズ. 2012-09-22. Архивирано од изворникот на November 19, 2020. Посетено на 2015-05-09.
  8. „ドロヘドロ、ゾンビランドサガ…アニメスタジオ・MAPPA、ヒット作の裏にある"手のかかること"をやる精神【インタビュー】“. アニメ!アニメ!. 2020-07-01. Посетено на 2020-07-26.
  9. Liborek (September 19, 2017). „WHAT'S UP WITH MAPPA?“. Sakugablog. Посетено на February 14, 2022.
  10. Cirugeda, Kevin (January 3, 2019). „WINTER 2019 ANIME PREVIEW“. Sakugablog. Посетено на February 14, 2022.
  11. Cirugeda, Kevin (June 2, 2020). „ATTACK ON TITAN THE FINAL SEASON AND STUDIO MAPPA: FATED TO END TOGETHER“. Sakugablog. Посетено на February 14, 2022.
  12. Loveridge, Lynzee (February 15, 2022). „Attack on Titan The Final Season Episode Director Goes Home for the First Time in 3 Days“. Anime News Network. Посетено на February 16, 2022.
  13. Loveridge, Lynzee (February 15, 2022). „Attack on Titan The Final Season Episode Director Goes Home for the First Time in 3 Days“. Anime News Network. Посетено на February 16, 2022.
  14. Loveridge, Lynzee (February 15, 2022). „Attack on Titan The Final Season Episode Director Goes Home for the First Time in 3 Days“. Anime News Network. Посетено на February 16, 2022.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]