T-home Македонија

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Mакедонски Телеком)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Македонски Телеком АД - Скопје
Oснована1 јануари, 1997
СедиштеСкопје, Македонија
Опслужувано
подрачје
Македонија Република Македонија
Клучни личностиТило Куш (Главен извршен директор и Извршен член на Одбор на директори)
Славко Пројкоски (Главен директор за финансии )
Матијас Ханел (Главен оперативен директор за приватни корисници )
Торстен Алберс (Главен директор за техника )
Мирослав Јовановиќ (Главен директор за ИТ)
Лазар Поповски (Главен директор за човечки ресури)
Александар Поповски (Главен оперативен директор за деловни корисници )
Оливер Костуранов (Претседател на Одбор на директори)
ДејностКомуникациски сервиси
ПроизводиФиксна телефонија, широкопојасен интернет пристап, интегрирани решенија, мрежи, IPTV оператор
Вработени1300 (септември 2008)
Порталhttp://www.telekom.mk


Македонски Телеком АД е компанија за телекомуникации во Македонија со седиште во Скопје. Компанијата е дел од Групацијата Маѓар Телеком која е целосно консолидирана подружница на меѓународната Групација Дојче Телеком (Deutsche Telekom Group). Нуди широк опсег на телекомуникациски услуги и услуги од забавен карактер, како што се класични телефонски услуги, опсег на услуги за интернет пристап вклучувајќи широкопојасен интернет (ADSL), забавни IPTV производи и управува со националната телефонска мрежа. Македонски Телеком се наоѓа како на топ листата на најуспешните компании така и на листата на најголемите компании, и се рангира меѓу топ 10 компании во Македонија.[1]

Формирање на Македонски телекомуникации[уреди | уреди извор]

АД Македонски телекомуникации е компанија во државна сопственост основана на 1 јануари 1997 година како компанија независна од Поштата. Претходникот на Компанијата кој обезбедувал телекомуникациски, поштенски, банкарски и други услуги во Република Македонија под називот ПТТ Македонија се подели на два нови правни субјекти: АД Македонски телекомуникации и АД Македонски пошти. Ова резултираше со одделување на поштенските операции од оние за телекомуникации и телеграфија, како и со одделување на релевантните средства и обврски. Во март 1998 година, компанијата се регистрираше како акционерско друштво во јавна сопственост со цел да се подготви за приватизацијата.

Приватизација[уреди | уреди извор]

Приватизацијата се случи на 15 јануари 2001 година, кога Владата на Република Македонија и конзорциум предводен од унгарскиот давател на телекомуникациски услуги, Матав, потпишаа договор за аквизиција на акциите на Македонски телекомуникации при што Матав влезе во акционерската книга на Македонски телекомуникации како сопственик на 51 % од акциите со што стана доминантниот сопственик на компанијата. Од октомври 2008 година, македонската влада се уште држи директен удел во акциите на компанијата. Од 1 јуни 2001 година, давателот на услуги за мобилна телефонија T- Mobile (поранешен Мобимак) почна да функционира како посебен правен субјект (ќерка компанија).

Ребрендирање[уреди | уреди извор]

На 1 мај 2008 година, АД Македонски телекомуникации официјално станаа дел од глобалното семејство на Дојче Телеком, со прифаќање на новиот „Т“ бренд. Од овој датум, компанијата работи како правен субјект под името Македонски Телеком, акционерско друштво за електронски комуникации – Скопје или под скратениот назив, Македонски Телеком АД – Скопје. Со имплементацијата на „Т“ брендот, што ги покрива двата под-бренда T-Home и T- Mobile, Македонски Телеком го презеде корпоративниот идентитет и дизајн на Групацијата Дојче Телеком, и пласираше на пазарот серија нови производи и услуги, помеѓу коите и атрактивните Double Play и Triple Play понуди.

Работење[уреди | уреди извор]

Македонски Телеком е оператор на фиксни линии на македонскиот пазар, работи и како давател на интернет услуги и како давател на интегрирани телекомуникациски и забавни услуги. Со понуда на комуникациски услуги и забавна содржина се осигуруваат приходите во иднина, компанијата ја подобрува и конкурентноста во Македонија, како и порастот на мобилните и широкопојасните услуги на национално ниво.[2]

Компанијата нуди портфолио на услуги што се базираат на Интернет протокол, услуги за комуникација на податоци, продажба и изнајмување на опрема и услуги за системска интеграција. Пласиран во ноември 2008 година како услуга достапна ексклузивно преку супербрзата широкопојасна мрежа на T-Home, IPTV (брендиран како MaxTV) е првата понуда за дигитална телевизија за корисниците во Македонија.

Планови[уреди | уреди извор]

Плановите за иднината на компанијата вклучуваат вложувања во развој на мрежата и воведување на нови телекомуникациски услуги и решенија. Како што е најавено, од суштинска важност е имплементацијата на Проектот „Оптика на домот“ што ќе овозможи изградба на значително побрза телекомуникациска мрежа, со брзини до 100 Mbit/s достапни во секој дом. Проектот започна вo урбаните облaсти како Скопје, Тетово, Битола, Куманово и Охрид, а подоцна ќе се имплементира и во други градови.

Веб портали[уреди | уреди извор]

Првиот веб портал, дизајниран од страна на МТнет (поранешниот давател на интернет услуги на Македонски Телеком), беше пуштен во употреба на 7 декември 1999 година. Во тоа време, тоа била комбинација на портфолиото на веб производи на МТнет и општ портал за Интернет содржина. Тоа бил првиот портал од таков вид, и нудеше скоро дневно ажурирани новости и информации на интернет корисниците во Македонија.

ИДИВИДИ (www.idividi.com.mk), како бренд, беше пуштен во употреба во февруари 2004 година за воведување на нови видови на содржини и додавање на функционалности поврзани со издавање на содржини и интеракција со посетителите. Темите вклучуваат вести од светот и од земјата, деловни информации, спорт, стил, забава, здравје, технологија. До 2008 година, ИДИВИДИ има просек од 35 илјади посетители и имаше највисок број од 60 илјади посетители во еден ден. ИДИВИДИ објавува 200 нови написи во ден. Порталот ги нуди и следните услуги: Речник за десет различни јазици; Лични огласи; Електронски честитки; услуги за Online chatting; Форум заедница; Преземање на софтвер од различни категории; Online образовни курсеви (едукација); Услуги за дневни информации; Вести од дневните весници и електронските медиуми (ИДИВИДИ медиуми); 24 часа камери во живо.

Под доменот на ИДИВИДИ постојат неколку други портали: Мултимедијален портал (Мултибокс); Портал за содржина генериран од корисниците (Мое Видео); Портал за заедницата за online игри (Максарена).

Со воведувањето на IPTV производите во ноември 2008 година, се воведе и MaxTV порталот (www.maxtv.mk).

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]