Прејди на содржината

Кубен метар

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од )
Кубен метар
Кубик бетон (светското годишно производство по глава на жител).
Информации за мерката
Мерен системSI
Единица зазафанина
Ознакам3 или m3

Кубен метар или кубик[1] (симбол: м3 или m3) — изведена SI-единица за волумен (зафатнина). Тоа е еднакво на волуменот на коцка со страна долга еден метар. Поранешни мерки за оваа количина се стерот и килолитарот.

Претворање

[уреди | уреди извор]

1 кубен метар е исто што и:

Кубен метар чиста вода при температура на максимална густина (3,98 °C) и стандарден атмосферски притисок (101,325 кПа) има маса од 1.000 кг, или еден тон. При 0 °C (кога водата е замрзната) кубниот метар има малку помала маса (999,972 кг)

Содржатели и поситни единици

[уреди | уреди извор]

Содржатели

[уреди | уреди извор]
Кубен декаметар
волуменот на коцка со страна од еден декаметар (10 м)
еднакво на еден мегалитар
1 дам3 = 1,000 м3 = 1 Мл
Кубен хектометар
волуменот на коцка со страна од еден хектометар (100 м)
еднакво на еден гигалитар
1 хм3 = 1.000.000 м3 = 1 Гл
Кубен километар
волуменот на коцка со страна од еден километар (1.000 м)
еднакво на еден тералитар
1 км3 = 1.000.000.000 м3 = 1 Тл

Поситни единици

[уреди | уреди извор]
Кубен дециметар
волуменот на коцка со страна од еден дециметар (0,1 м)
еднакво на еден литар
1 дм3 = 0,001 м3 = 1 л
Кубен сантиметар
волуменот на коцка со страна од еден сантиметар (0,01 м)
еднакво на еден милилитар
1 см3 = 0,000001 м3 = 10-6 м3 = 1 мл
Кубен милиметар
волуменот на коцка со страна од еден милиметар (0,001 м)
еднакво на еден микрилитар
1 мм3 = 0,000000001 м3 = 10-9 м3 = 1 µл
  1. „кубик“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. Од 1901 до 1964 литарот се дефинирал како 1 кг чиста вода на температура од 4°C и притисок од 760 милиметри на живиниот столб. Според оваа дефиниција, литарот изнесувал 1,000028 дм3. Во 1964 литарот е вратена неговата првична дефиниција.
  3. http://www.bipm.org/en/si/si_brochure/chapter4/table6.html