Lux in tenebris
Изглед

Lux in tenebris — латински израз за светлина во темнината, е дел од реченицата „et lux in tenebris lucet et tenebrae eam non comprehenderunt“[1] во Евангелието според Јован во латинскиот превод на Библијата, Вулгата, што значи „И Светлината во темнина свети и мракот нe ја опфати.“ (Евангелие по Јован, 1:5)[2]
Изразот се користи како наслов на бројни тајни трактати од 16-ти и 17-ти век: Филозофите од ерата на просветителството ги користеле светлината и темнината како метафори за употребата на разумот и неговото отсуство.
Во 1657 година, Коменски го објавил под овој наслов преводот на пророштвата на Кристоф Котер, Микулаш Драбик и Кристин Поњатовска, кој содржел повици за борба против Хабсбурговците и против католицизмот.
- Lux in Tenebris, дело на Хелге Бурграбе
- Lux in Tenebris, едночинка од Бертолт Брехт
- Тоа било мотото на поранешниот британски протекторат Њасaленд.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „The Gospel According to Saint John“. Посетено на 2022-03-09. Занемарен непознатиот параметар
|werk=(се препорачува|work=) (help) - ↑ „Свето евангелие според Јован“. Свето писмо. Посетено на 6 февруари 2026.