Lotus pedunculatus
| Lotus pedunculatus | |
|---|---|
| Научна класификација [ у ] | |
| Непознат таксон (попр): | Lotus |
| Вид: | Lotus pedunculatus |
| Научен назив | |
| Lotus pedunculatus Cav. | |
| Синоними | |
|
Lotus uliginosus Schkuhr | |
Lotus pedunculatus (во минатото: Lotus uliginosus) — повеќегодишен тревест вид на Lotus од семејството бобови опишан од Антонио Хосе Каваниљес.
Опис
[уреди | уреди извор]Растението е повеќегодишно тревесто растение, високо 30–60 см, голо или покриено со ретки до густи влакна и разгрането уште од основата. Стеблото е исправено, цилиндрично, со шуплива внатрешност, а во основата развива хоризонтални столони. Листовите се составени од пет ливчиња, голи или покриени со ретки до густи влакна. Лисната дршка е покуса од ливчињата. Ливчињата се обратнојајцевидни до елиптично-копјести, долги 8–25 мм и широки 3–15 мм, со зелена горна страна и сивозелена долна страна, на која се јасно испакнати страничните жили.
Цветовите, по 5–12, се групирани во главичести соцветија, кои во основата се обвиени со еден приседнат лист составен од три ливчиња. Цветните дршки се долги 1–2 мм, а дршката на соцветието е четири до пет пати подолга од соодветниот пазувен лист.
Чашката е цилиндрично-ѕвонеста, долга 6–7 мм, црвенкава и покриена со ретки раширени влакна. Нејзиниот цилиндрично-ѕвонест трубест дел е долг околу 4 мм. Запците се најчесто еднакво долги со трубестиот дел, линејни, во основата триаглести и по работ покриени со долги влакна. Кај прецветените цветови и кај плодовите, запците се ѕвездесто раширени. Венчето е долго 10–12 мм, златножолто, а пред расцветувањето често има црвеникава нијанса. Барјачето е обратнојајцевидно, сплескано и обично долго колку лаѓичката. Крилцата се малку покуси од лаѓичката, а лаѓичката е благо искривена и завршува со долг, заострен клуновиден врв, кој е долг колку барјачето. Плодот е права, цилиндрична, кафеава мешунка, долга 2–3 см и широка околу 2 мм.[1]
Варијабилност
[уреди | уреди извор]Распространетост во Македонија
[уреди | уреди извор]Lotus pedunculatus расте по влажни ливади и блата. Нејзините две баријабилности се среќаваат на различни места во Македонија:[1]
Галерија
[уреди | уреди извор]- Lotus pedunculatus кон крајот на јуни во посебното подрачје во Бранденбург, Германија
Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
„Lotus pedunculatus“ на Ризницата ?
|