Loderus

Од Википедија — слободната енциклопедија

Loderus е род на растителни оси кои се слични на оние од родот Dolerus, од кои се разликуваат по формата и по должината на очите.[1]

Живеалиште[уреди | уреди извор]

Родот е распространет во Европа, во Сибир и во Северна Америка.

Во Македонија се утврдени неколку вида од овој род.[2]

Опис[уреди | уреди извор]

Видовите од овој род лесно се препознаваат по изгледот на оса, иако немаат тенка „половина“ како кај вистинските оси. Должината на телото изнесува 6-10 мм. Антените се куси и не ја надминуваат должината на абдоменот. Крилата се стаклесто провидни, жилките и стигмата се црни.

Ларвите се хранат и се развиваат на растенијата од родот Equisetum.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Јонче Чинговски: Фауна на Македонија VI, Скопје, 1985, стр. 67-68
  2. Јонче Чинговски: Фауна на Македонија VI, Скопје, 1985, стр. 67-68