Живеј и остави ги другите да умрат (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Live and Let Die)
лого

Живеј и остави ги другите да умрат (англиски: Live and Let Die) е британски игран филм од 1973 година, во режија на Гај Хамилтон. Главните улоги ги толкуваат: Роџер Мур, Џејн Сеjмур и Јафет Кото. Филмот претставува дел од циклусот филмови за тајниот агент Џејмс Бонд. Филмот добил две награди и имал три номинации, од кои, една за наградата „Оскар“.[1][2]

Содржина[уреди | уреди извор]

Во зградата на Обединетите нации во Њујорк, на улиците на Њу Орлеанс и во текот на еден вуду ритуал се убиени тројца агенти на британската тајна служба. Задачата да ги открие мотивите на овие злосторства му ја доверуваат на тајниот агент Џејмс Бонд. Неговата прва станица е њујоршкиот кварт Харлем од каде ја следи организацијата која се занимава со црна магија. Но, набрзо, тој паѓа во рацете на злосторниците.[1][3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Антена, бр. 806, 6.12.2013, стр. 11.
  2. IMDb, Live and Let Die (1973) (пристапено на 3.1.2015)
  3. Антена, број 861, 26.12.2014, стр. 28.