Лисабонски договор

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Lisabonski dogovor)
Договорот од Лисабон ги изменува и дополнува Договорот за Европската Унија и Договорот за основање на Европската Заедница
ТипГи изменува и дополнува постоечките договори
МестоЛисабон, Португалија
ПотписнициЗемјите-членки на ЕУ
ЧуварВладата на Италија
Јазици23 јазици на ЕУ

Договорот од Лисабон (првично познат како Реформски договор) е меѓународна спогодба со која се изменуваат и дополнуваат двата договори кои ја сочинуваат уставната основа на Европската Унија (ЕУ). Договорот од Лисабон беше потпишан од страна на земјите-членки на ЕУ на 13. Декември 2007 година, а стапи во сила на 1. Декември 2009 година. Ги изменува и дополнува Договорот за Европската Унија (ДЕУ, познат и како Мастришкиот договор) и Договорот за основање на Европската заедница (TEC, познат и како Договорот од Рим). Во овој процес Договорот од Рим беше преименуван во Договор за функционирањето на Европската Унија (TFEU).

Значајните промени вклучуваат, преминот од услов за едногласност во гласање со двојно мнозинство во неколку области на политиката на Советот на министри, помоќен Европски парламент, бидејќи неговата функција за формирање на дводомна законодавна власт заедно со Советот на министри станува обична процедура, консолидиран правен статус на ЕУ и создавање на долгорочен Претседател на Европскиот совет и Висок претставник на Унијата за надворешни работи и безбедносна политика. Договорот, исто така, предлог-законот за правата на Унијата, Повелбата за фундаменталните права на ЕУ, ја направи правно обврзувачка.

Наведената цел на договорот е „да го заврши процесот започнат со Договорот од Амстердам [1997г.] и со Договорот од Ница [2001г.] со цел подобрување на ефикасноста и демократскиот легитимитет на Унијата и подобрување на доследноста на нејзиното дејствување.” Противниците на Договорот од Лисабон, како што е поранешниот дански член на Европскиот парламент (ЧЕП) Јенс-Петер Бонд, тврдеа дека тој ќе ја централизира ЕУ, и ќе ја ослаби демократијата со „оддалечување на власта” од националните електорати.

Преговорите за изменување на институциите на ЕУ почнаа во 2001 година, резултирајќи најпрво со Договорот за основање на Уставот на Европа, кој беше повлечен откако беше отфрлен од француските и холандските гласачи во 2005 година. По некои измени, Договорот од Лисабон беше предложен како амандман на постоечките Договори кој спроведуваше многу од реформите вклучени во Европскиот Устав. Првобитно требаше да биде ратификуван од страна на сите земји-членки до крајот на 2008 година. Оваа временска рамка не успеа поради отфрлање на Договорот во 2008 година од страна на ирскиот електорат, одлука која беше обратна на вториот референдум во 2009 година.

Историја[уреди | уреди извор]

Историја на настанување[уреди | уреди извор]

Потребата да се ревидира уставната рамка на ЕУ, особено во однос на пристапувањето на десетте нови земји-членки во 2004 година, беше истакната во декларацијата, додадена на Договорот од Ница во 2001 година. Спогодбите во Ница го отворија патот за понатамошно проширување на Унијата со реформирањето на гласачките процедури. Декларацијата Лаекен од декември 2001 година ја задолжи ЕУ за подобрување на демократијата, транспарентноста и ефикасноста, и го изнесе процесот за создавање на устав наменет да се постигнат овие цели. Беше основана Европската конвенција, со која претседаваше поранешниот француски претседател Валери Жискар Дестен, и ѝ беше дадена задача да советодава што е можно пошироко низ Европа со цел да се изготви првиот нацрт на Уставот. Конечниот текст на предлжениот Уставот беше договорен на самитот на 18-19. Јуни 2004 година, со кој претседаваше Ирска.

Уставот, откако беше договорено од страна на шефовите на владите на 25-те земји-членки, беше потпишан на церемонија во Рим на 29. Октомври 2004 година. Пред да може да стапи во сила, сепак, тој мораше да биде ратификуван од секоја земја-членка. Ратификацијата имаше различна форма во секоја земја, во зависност од традициите, уставните уредувања и политичките процеси на секоја земја. Во 2005 година, Франција и Холандија по пат на референдум го отфрлија Европскиот устав. Додека мнозинството на земји-членки веќе го ратификуваа Европскиот устав (најчесто преку парламентарна ратификација, иако во Шпанија и Луксембург се одржа консултативен референдум), поради барањето за едногласност да се изменат уставните договори на ЕУ, стана јасно дека тој не може стапи во сила. Ова доведе до „ период на размислување” и политички крај на предложениот Европски устав.

Нов поттик[уреди | уреди извор]

50-годишнината од потпишувањето на Римските договори во летото 2007 година, во Берлин (Меркел и Баросо)

Во 2007 година, Германија го презеде ротирачкото Претседателство на Европската Унија и го прогласи период на размислување за завршен. До март, на 50-годишнината од потпишувањето на Римските договори, Декларацијата од Берлин беше усвоена од страна на сите земји-членки. Оваа декларација ја истакна намерата на сите земји-членки на време да се согласат за нов договор пред Парламентарните избори во 2009, што значи да имаат ратификуван договор пред средината на 2009 година.[1]

Уште пред Берлинска декларација, Амато групата (официјално Акциониот комитет за европска демократија, АКЕД) - група на Европски политичари, со поддршка од страна на Комисијата на Баросо со двајца претставници во групата - неофицијално работела на препишување на Договорот за основање на Уставот на Европа (Уставот на ЕУ). На 4. Јуни 2007 година, групата го издаде својот текст на француски - скратен од 63.000 зборови во 448 статии во Договорот за основање на Уставот на Европа, на 12.800 во 70 статии.[2] Во Берлинската декларација, водачите на ЕУ неофицијално поставија нова временска рамка за новиот договор:

  • 21-23 јуни 2007: Состанок на Европскиот совет во Брисел, мандат за Меѓувладина конференција (МВК)
  • 23. Јули 2007 година: Меѓувладина конференција во Лисабон, текстот за Реформскиот договор
  • 7-8 септември 2007: Состанок на министрите за надворешни работи
  • 18-19 октомври 2007 година: Европски совет во Лисабон, конечна спогодба за Реформскиот договор
  • 13. Декември 2007: потпишување во Лисабон
  • 1. Јануари 2009 година: Предвиден датум за стапување во сила

Изготвување на договорот[уреди | уреди извор]

Европскиот совет во јуни[уреди | уреди извор]

На 21. Јуни 2007 година, Европскиот совет составен од шефовите на држави или влади се состана во Брисел, за да се договорат за создавање на нов договор кој ќе го замени одбиениот Устав. Средбата се одржа во рамките на Германското претседателство со ЕУ, а предводник на преговорите беше канцеларката Ангела Меркел како претседател на Европскиот совет. Бидејќи обработувале и други прашања, како на пример донесување на одлука во однос на пристапувањето на Кипар и Малта во Еврозоната, преговорите за Договорот траеја сè до утрото на 23. Јуни 2007 година. Беше изјавено дека најтешкиот дел од преговорите било инсистирањето на Полска на „square root voting” во Советот на министри.[3]

Договорот беше постигнат со мандат долг 16-страници за Меѓувладина конференција, кој предложуваше отстранување на голем дел од уставната терминологија и голем број симболи од текстот на стариот Европски устав. Покрај тоа, беше договорено на меѓувладината конференција да и се даде препорака дека одредбите од стариот Европски устав треба да се менуваат во одредени клучни аспекти (како што се процесите на гласање или надворешната политика). Поради притисокот од страна на Велика Британија и Полска, исто така, беше одлучено да се додаде протокол кон Повелбата за фундаменталните права на Европската Унија (појаснување дека таа не ги проширува правата на судовите да го отфрлат домашниот закон во Британија или во Полска). Меѓу конкретните промени се и поголемата моќ за изземање во одредени области на законската регулатива и дека предложениот нов систем на гласање, кој беше дел од Европскиот устав не би се користел пред 2014 година (види Одредби подолу).[4]

На средбата во јуни, произлезе и терминот „Реформски договор”, конечно разјаснувајќи дека е отфрлен Уставниот пристап. Во потесна смисла, беше договорено дека Реформскиот договор ќе ги измени и дополни Договорот за Европската Унија (ДЕУ) и Договорот за основање на Европската Заедница (TEC) за да опфатат поголем дел од одредбите на Европскиот устав, но сепак нема да ги соедини во еден документ. Исто така, беше договорено да се преименува Договорот за основање на Европската Заедница, кој е главниот функционален договор вклучувајќи ги повеќето од суштинските одредби на Европското основно право, во „Договор за функционирањето на Унијата”. Покрај тоа, беше договорено и дека за разлика од Европскиот устав каде Повелбата е дел од документот, сега само ќе постои повикување на Повелбата за фундаменталните права на Европската Унија која ќе го направи текстот правно обврзувачки.[4] По советот, Полска посочи дека сака повторно да се разгледаат некои области. Во текот на јуни, полскиот премиер даде контроверзна изјава дека Полска ќе имала значително поголем број на население да не беше Втората светска војна. Друг проблем беше тоа што холандскиот премиер Јан-Петер Балкененде презеде поголема улога во процесот на донесување на одлуки во националните парламенти на ЕУ, и изјави дека нема да се преговара за Холандски договор.[5]

Меѓувладината конференција[уреди | уреди извор]

Португалија ја притисна и поддржа Германија да се постигне договор за мандат за Mеѓувладина конференција (МВК) под нивно претседателство. По јунските преговори и конечното решение со рамка од 16-страници за новиот Реформски договор, Меѓувладината конференција започна со вистинска подготовка на новиот договор на 23. Јули 2007 година. Меѓувладината конференција беше отворена со кратка церемонија. Португалското претседателство претстави документ од 145 страници (со дополнителни 132 страници од 12 протоколи и 51 декларација) насловен како Нацрт Договор за изменување и дополнување на Договорот за Европската Унија и Договорот за основање на Европската Заедница и го стави на располагање на мрежното место на Советот на министри, како појдовна точка за процесот на изготвување.[6]

Во прилог на владините претставници и правни стручњаци од секоја земја-членка, Европскиот парламент испрати уште тројца претставници. Тоа беа козервативецот Елмар Брок, социјал-демократот Енрике Барон Креспо и либералот Ендру Даф.[7]

Пред отворањето на Меѓувладината конференција, полската влада изрази желба повторно да преговара за спогодбата од јуни, особено за системот на гласање, но попушти под политичкиот притисок од страна на повеќето земји-членки, за да не се гледа на неа како на единствениот проблематичар во текот на преговорите.[8]

Европскиот совет во октомври[уреди | уреди извор]

Европскиот совет во октомври, предводен од португалскиот премиер, а потоа и Претседател на Европскиот совет, Жозе Сократес, беше составен од правни експерти од сите земји-членки кои внимателно го надгледуваа конечниот Нацрт Договор. За време на советот, стана јасно дека Реформскиот Договор ќе биде наречен Договор од Лисабон, затоа што неговото потпишување ќе се одржи во Лисабон, Португалија која беше носител на претседателството на Европската Унија во тоа време.

На состанокот на Европскиот совет на 18 и 19 октомври 2007 година во Лисабон, во последен момент беа направени неколку концесии за да се осигура потпишувањето на договорот. Тоа вклучуваше и давање на Полска малку поголемо право на изразување во однос на обновениот Јанински компромис, и плус номинација за дополнителен Генерален адвокат при Европскиот суд на правдата. Создавањето на постојан „полски” Генерален адвокат беше официјално дозволено со зголемувањето на бројот на Генерални адвокати од 8 на 11.[9]

Потпишување на Договорот[уреди | уреди извор]

Овластените претставници стојат пред Манастирот Јеронимос од 15-от век, местото каде беше потпишан договорот

На состанокот на Европскиот совет во октомври 2007 година, Португалија инсистираше на тоа Договорот (тогаш нарекуван „Реформски договор”) да биде потпишан во Лисабон, португалскиот главен град. Ова барање беше одобрено, и Договорот затоа беше наречен Договорот од Лисабон, во согласност со традицијата на договорите на Европската Унија. Португалското претседателство беше назначено за организирање на програмата за церемонијата на потпишување.[10]

Потпишувањето на Договорот од Лисабон се одржа во Лисабон, Португалија на 13. Декември 2007 година. Владата на Португалија, како носител на Претседателството на Советот на Европската Унија во тоа време, ја подготви церемонијата во Манастирот Јеронимос од 15-от век, на истото место каде беше потпишан договорот за пристапување на Португалија кон Европската Унија (ЕУ) во 1985 година. Беа присутни претставници на 27-те земји-членки на ЕУ, и го потпишаа Договорот како овластени претставници, што го одбележува крајот на преговорите за договорот. При тоа, за првпат, договор на ЕУ беше потпишан и од страна на претседателите на трите главни институции на ЕУ.

Премиерот на Велика Британија, Гордон Браун, не учествуваше во главната церемонија, и посебно го потпиша Договорот многу подоцна од другите делегати. Беше поднесено барање да се изнесе пред комисијата на Британските пратеници и како причина беше наведено неговото отсуство.[11][12]

Ратификација[уреди | уреди извор]

Договорот мораше да биде ратификуван од страна на сите земји-членки на ЕУ, пред тој да може да стапи во сила. Националната ратификација беше завршена и регистрирана кога инструментите за ратификација ѝ беа поднесени на владата на Италија. Во текот на месецот по депонирањето на последната национална ратификација, Договорот стапи во сила низ ЕУ.

Според првичната временска рамка поставена од страна на германското Претседателство на Советот на Европската Унија во првата половина на 2007 година, Договорот требаше да биде целосно ратификуван до крајот на 2008 година, и да стапи во сила на 1 јануари 2009 година. Сепак, овој план не успеа, најпрвин поради првичното отфрлање на Договорот во 2008 година од страна на ирскиот електорат со референдум, одлука кој беше обратна на вториот референдум во 2009 година. Ирска, како што се бара во нејзиниот устав, беше единствената земја-членка каде се одржа референдум за Договорот. Чешкиот инструмент за ратификација беше последниот кој се депонира во Рим на 13. Ноември 2009 година. Затоа, Договорот од Лисабон стапи во сила на 1. Декември 2009 година.

Функционирање на Договорот[уреди | уреди извор]

Како договор за изменување и дополнување, Договорот од Лисабон не е наменет да се чита како автономен текст. Се состои од голем број на амандмани на Договорот за Европската Унија („Мастришкиот договор”) и Договорот за основање на Европската Заедница („Договорот од Рим”), вториот во текот на процесот е преименуван во „Договор за функционирањето на Европската Унија”. Како што е изменет и дополнет од страна на Договорот од Лисабон, Договорот за Европската Унија предвидува одредба за Повелбата за фундаменталните права ЕУ, со што го прави овој документ правно обврзувачки. Договорот за Европската Унија, Договорот за функционирањето на Европската Унија и Повелбата за фундаменталните права на ЕУ имаат еднаква правна вредност и заедно ја сочинуваат правната основа на Европската Унија.

Типичен амандман во текстот од Договорот од Лисабон е:

Член 7 се изменува и гласи:

(а) во текот на членот, зборот „одобрение” се заменува со „согласност”, повикувањето на кршење „на принципите изнесени во Член 6 (1)” се заменува со повикување на кршење „на вредностите наведени во Член 2” и зборовите „од овој Договор” се заменуваат со „од Договорите”;

Комисијата објави пречистен текст (на јазикот од секоја заедница) кој ги прикажува претходните Договори, ревидирани од страна на Договорот од Лисабон.

Повелба за фундаменталните права на Европската Унија[уреди | уреди извор]

Педесет и петте членови од Повелбата за фундаменталните права на ЕУ (ПФП) наведуваат политички, социјални и економски права на граѓаните на ЕУ. Според Договорот од Лисабон, Повелбата е правно обврзувачка (освен за оние земји-членки кои се изземени од оваа одредба). Таа е наменета за да се осигура дека регулативите и директивите на Европската Унија не се во спротивност со Европската конвенција за човекови права која е ратификувана од сите земји-членки на ЕУ (и која ЕУ во целост ја прифати според Договорот од Лисабон). Во отфрлениот Устав на ЕУ, таа беше интегрирана во текстот на договорот и беше законски обврзувачка. Велика Британија, како една од двете земји во ЕУ со правен систем заснован врз општо право, и во голема мера некодифициран Устав, беше против тоа Повелбата да се направи правно обврзувачка во однос на домашните закони. Беше спроведен предлогот од страна на германското претседателство дека една одредба од Повелбата ќе се однесува на еден член од изменетите и дополнети договори, истакнувајќи дека треба да биде правно обврзувачка. Сепак, во приложениот протоколот, Полска и Велика Британија се изземени од овие одредби од договорот. Чешката Република има гаранција дека условите нема да се применуваат ретроактивно. Член 6 од Договорот за Европската Унија ја подигна Повелбата на исто правно рамниште како и Договорот за Европската Унија и Договорот за функционирањето на Европската Унија.

Амандмани[уреди | уреди извор]

Резиме[уреди | уреди извор]

со 2 ½ годишен мандат де факто
наместо ротирачкото претседавање со претседателството.
создадена со спојување на функцијата на Комесарот за
надворешни работи и Високиот претставник на Унијата за
надворешни работи и безбедносна политика.
од 2000 година е правно обврзувачка.
зголемувајќи ги надлежностите на ЕУ
да потпишува договори.
официјално од Советот на министри.
Законодавни средби на Советот
на министри да се одржуваат јавно.
со проширување на заедничката одлука со Советот
на министри на повеќе области во политиката.
  • Клаузула за напуштање на членството на ЕУ
во нови области на политиката во
Европскиот совет и Советот на министри, од 2014
година натаму.
  • Здружување на националните парламенти
со зголемување на времето за надзор на
законодавството и овозможувајќи им
заеднички да ја принудат Комисијата
да го ревидира или повлече законот.
  • Задолжителна заемна солидарност
во случај ако една земја-членка е предмет на
терористички напад или жртва на
природна или вештачка катастрофа.
да се земе предвид од
Комисијата доколку е потпишана
од 1 милион граѓани на ЕУ.
  • Борба против климатските промени
експлицитно наведена како цел.
  • Зајакната соработка
Предвидени иницијативи, одлука за понатамошна имплементација за претсојните земји-членки:

Централна Банка[уреди | уреди извор]

Европската Централна Банка доби официјален статус на институција на ЕУ и на Европскиот Совет му беше дадено право да именува претседатели на Европската Централна Банка, преку гласање со квалификувано мнозинство. Што се однесува на еврото, тоа стана официјална валута на Унијата (сепак тоа не важеше изземањата или за процесот на проширување на Еврозоната).

Судство[уреди | уреди извор]

Судот од прва инстанца со Договорот од Лисабон беше преименуван во Општ Суд. Трибуналот за граѓански работи и Европскиот суд на правдата (порано наречен Судот на правдата на Европските Заедници, и официјално наречен само Суд на Правдата по Договорот од Лисабон), заедно со Општиот Суд, беа основани како под-судови на новата институција на ЕУ наречена Судот на Правдата на Европската Унија.

Надлежноста на судовите продолжи да биде исклучена од прашањата за надворешната политика, иако беше додадена нова надлежност да се ревидираат мерките за санкции на надворешната политика, како и одредена „Зона на слобода, безбедност и правда” (ЗСБП), работи кои не се однесуваа на полициска и криминална соработка.[13][14]

Совет на министри[уреди | уреди извор]

Гласовна моќ во
Советот на министри и Европскиот совет
земја-членка Договорот од Ница Лисабон
гласови % нас. во
милиони
%
 Германија 29 8.4% 82 16.5%
 Франција 29 8.4% 64 12.9%
 Обединето Кралство 29 8.4% 62 12.4%
 Италија 29 8.4% 60 12.0%
 Шпанија 27 7.8% 46 9.0%
 Полска 27 7.8% 38 7.6%
 Романија 14 4.1% 21 4.3%
 Холандија 13 3.8% 17 3.3%
 Грција 12 3.5% 11 2.2%
 Португалија 12 3.5% 11 2.1%
 Белгија 12 3.5% 11 2.1%
 Чешка 12 3.5% 10 2.1%
 Унгарија 12 3.5% 10 2.0%
 Шведска 10 2.9% 9.2 1.9%
 Австрија 10 2.9% 8.3 1.7%
 Бугарија 10 2.9% 7.6 1.5%
 Данска 7 2.0% 5.5 1.1%
 Словачка 7 2.0% 5.4 1.1%
 Финска 7 2.0% 5.3 1.1%
 Ирска 7 2.0% 4.5 0.9%
 Литванија 7 2.0% 3.3 0.7%
 Латвија 4 1.2% 2.2 0.5%
 Словенија 4 1.2% 2.0 0.4%
 Естонија 4 1.2% 1.3 0.3%
 Кипар 4 1.2% 0.87 0.2%
 Луксембург 4 1.2% 0.49 0.1%
 Малта 3 0.9% 0.41 0.1%
вкупно 345 100% 498 100%
потребно мнозинство 255 74% 324 65%

Со договорот се прошири употребата на гласањето со квалификувано мнозинство (КВМ) во Советот на министри со што ја замени едногласноста како стандардна постапката за гласање во речиси сите области од политиката. Покрај тоа, со стапување во сила во 2014 година, дефиницијата за квалификувано мнозинство ќе се промени: квалификувано мнозинство е постигнато кога барем 55% од сите земји-членки, кои сочинуваат најмалку 65% од граѓаните на ЕУ, гласаат во корист на предлогот. Кога Советот на министри не е ниту за предлогот на Комисијата, ниту за тој од Високиот претставник, гласањето со КВМ бара 72% од земјите-членки, додека условот за населеност и понатаму останува ист. Да се отфрли законот, треба најмалку 4 земји (кои претставуваат најмалку 35% од населението на ЕУ) да гласаат против предлогот. Оттука, гласачката моќ на земјите-членки е врз основа на нивната населеност, и не се повеќе зависни од систем на преговарање за гласачки бодови.

Моменталните правила за гласање со КВМ, како што е утврдено во Договорот од Ница, бараат мнозинство на земји (50% / 67%), гласовна моќ (74%), и население (62%). Ова правило останува во сила до 2014 година. Помеѓу 2014 и 2017 ќе настане преодна фаза кога ќе се применуваат новите правила на гласање со КВМ, но каде ќе можат да се применуваат старите правила за гласовната моќ од Договорот од Ница кога една земја-членка ќе го сака тоа. Покрај тоа, од 2014 ќе стапи во сила нова верзија на „Јанинскиот компромис” од 1994, кој им овозможува на малите малцинства од земјите на ЕУ да побараат преиспитување на одлуките на ЕУ.[15]

Договорот наложува дека законодавните процедурални состаноци (кои вклучуваат расправа и гласање) во Советот на министри ќе се одржуваат јавно (на телевизија).

На Претседателството на Советот на министри, кое секои шест месеци се ротира помеѓу земјите-членки, му се додава елемент на „Тројно Претседателство” формирано од три последователни Претседателства со цел да се обезбеди поголем континуитет во нивното раководење. Покрај тоа, Советот за надворешни работи (еден облик на Советот на министрите), не е повеќе предводен од претставник на земјата-членка која претседава со Претседателството, туку од лицето кое е носител на новосоздадената функција Висок Претставник.

Дополнително беше формализирана Еврогрупата, под-единица на ЕКОФИН земјите од Еврозоната.

Европскиот Совет[уреди | уреди извор]

Европскиот Совет официјално се стекна со статус на институција на ЕУ, со што се одвои од Советот на министри. Тој и понатаму е составен од шефовите на државите или на владите на земјите-членки на Унијата, заедно со (без право на глас) Претседателот на Европската комисија.

Претседател на Европскиот совет се именува на период од две и пол години со квалификувано мнозинство на гласови од Советот на Европа. Претседателот може да се именува еднаш, и да биде отповикан со истата гласачка процедура. За разлика од функцијата Претседател на Европската комисија, назначувањето на претседателот на Советот на Европа не мора да се одрази врз составот на Европскиот парламент.[16] Работата на Претседателот во голема мера ќе биде административна, бидејќи тој или таа е одговорен/а за координирање на работата на Советот на Европа, водење на неговите состаноци и по секој состанок и на почетокот и на крајот на неговиот или нејзиниот мандат за активностите да поднесе извештај до Европскиот Парламент. Покрај тоа, Претседателот треба да одреди надворешно претставништво на Унијата.

Според Договорот од Лисабон, Европскиот Совет добива поголемо влијание врз организирањето на полицијата и правосудството, надворешната политика и уставните прашања, вклучувајќи и: составот на Парламентот и на Комисијата; прашања во врска со ротирачкото Претседателство; на одложување на правата на членство; промена на системот на гласање во клаузулите на договорите за премостување; и номинирање на Претседателот на Европската комисија и Високиот претставник на Унијата за надворешни работи и безбедносна политика. Високиот претставник, заедно со новата функција на Претседател, се единствените формални промени во составот. Покрај тоа, по итна постапка, една земја-членка може да се повика на спорни закони од Советот на министри на Советот на Европа доколку се надгласа во Советот на министри, и покрај тоа што може да е надгласан во Советот на Европа.[16][17][18]

Европскиот Парламент[уреди | уреди извор]

ЧЕП со Договорот од Лисабон
земја-членка 2007 2009 Лисабон
 Германија 99 99 96
 Франција 78 72 74
 Италија 78 72 73
 Обединето Кралство 78 72 73
 Шпанија 54 50 54
 Полска 54 50 51
 Романија 35 33 33
 Холандија 27 25 26
 Белгија 24 22 22
 Чешка 24 22 22
 Грција 24 22 22
 Унгарија 24 22 22
 Португалија 24 22 22
 Шведска 19 18 20
 Австрија 18 17 19
 Бугарија 18 17 18
 Финска 14 13 13
 Данска 14 13 13
 Словачка 14 13 13
 Ирска 13 12 12
 Литванија 13 12 12
 Латвија 9 8 9
 Словенија 7 7 8
 Кипар 6 6 6
 Естонија 6 6 6
 Луксембург 6 6 6
 Малта 5 5 6
вкупно 785 736 751

Законодавната власт на Европскиот Парламент се зголемува, како што процедурата за заедничка одлука со Советот на ЕУ се проширува во нови полиња на политиката. Оваа постапка е малку изменета и преименувана во обична законодавна постапка.

Заедничката одлука ќе се користи во нови области на политиката, со што ќе се зголеми моќта на Парламентот.

Во малкуте останати области, наречени „посебни законски процедури”, Парламентот сега има или право за давање согласност за одредбата на Советот на ЕУ, или обратно, освен во некои случаи каде што се применува старата процедура со конзилиум, при што Советот на ЕУ ќе треба да го консултира Европскиот парламент пред гласањето за предлогот на Комисијата и да ги земат предвид неговите ставови. Тој нема да биде обврзан со ставот на Европскиот Парламент, но има обврска да го консултира. Парламентот ќе треба да биде повторно консултиран доколку Советот на Министри отстапи предалеку од првичниот предлог.

Комисијата мора секој предлог за буџетот на Европската Унија да го поднесе директно до Парламентот, кој мора да го одобри буџетот во целост.

Договорот го менува начинот на кој местата на членовите на Европскиот Парламент се распределени меѓу земјите-членки. Наместо дефинирање на точен број (како што тоа беше случај во сите претходни договори), Договорот од Лисабон му дава овластување на Советот на ЕУ, постапувајќи едногласно по иницијатива на Парламентот и со негова согласност, да донесе одлука со која ќе го одреди бројот на членови на Европскиот Парламент за секоја земја-членка. Покрај тоа, договорот предвидува бројот на членовите да биде дигресивно пропорционален со бројот на жителите на секоја земја-членка. Предлог одлука за одредување на распределбата на членовите на Европскиот Парламент беше додадена кон самиот Договор и ако Договорот беше во сила за време на изборите за Европскиот Парламент во 2009 година, распределбата би била:[19]

Бројот на членовите на Европскиот Парламент ќе биде ограничен на 750, во прилог на Претседателот на Парламентот. Исто така, со Договорот од Лисабон се намалува максималниот број на членови на Европскиот Парламент од секоја земја-членка од 99 на 96 (ова делува на Германија) и се зголемува минималниот број од 5 на 6 (ова делува на Естонија, Кипар, Луксембург и Малта).

Национални Парламенти[уреди | уреди извор]

Договорот од Лисабон ја проширува улогата на парламентите на земјите-членки во законодавните процеси на институциите на ЕУ, давајќи им поголема улога во одговорите на новите апликации за членство. Националните парламенти ќе имаат можност да стават вето на мерките за унапредување на судската соработка во граѓанските предмети.

Со стапувањето во сила на Договорот од Лисабон, националните парламенти треба да придонесат за доброто функционирање на Унијата преку добивањето на нацрт законодавството на ЕУ, настојувајќи при тоа да се почитува принципот на супсидијарност, земајќи учество во механизми за проценка за спроведувањето на политиките на Унијата во областа на слободата, безбедноста и правдата, да бидат вклучени во политичкото набљудување на Европол и проценка на активностите Еуројуст, да бидат информирани за барањата за пристапување кон ЕУ, да учествуваат во меѓупарламентарната соработка помеѓу националните парламенти и Европскиот Парламент.

Договорот од Лисабон им овозможува на националните парламенти осум недели да ги проучат законските предлози дадени од страна на Европската комисија и да одлучат дали да испратат образложение во кое се наведува зошто националниот парламент смета дека се некомпатибилни со принципот на супсидијарност. Националните парламенти може да гласаат за ревизија на одредбата. Ако една третина (или една четвртина, каде што предложената одредба на ЕУ се однесува на слободата, правдата и безбедноста) од националните парламенти, се согласни за ревизија, Комисијата ќе мора да ја ревидира одредбата и ако одлучи да задржи, мора да поднесе образложение до законодавецот на Унијата, за тоа, зошто смета дека одредбата е компатибилна со супсидијарноста.

Европската Комисија[уреди | уреди извор]

Комисијата на Европските Заедници официјално ќе биде преименувана во Европска комисија.[6]

Договорот од Лисабон наведува дека бројот на членовите на Комисијата ќе се намали од еден од секоја земја-членка на еден од две третини од земјите-членки од 2014 година. Ова ќе стави крај на спогодбата која постоела од 1957 година и со која требало да има најмалку еден комесар од секоја земја-членка во секое време. Сепак, Договорот исто така предвидува[20] дека Европскиот совет може со едногласна одлука да одлучи да го измени овој број. По референдумот во Ирска, Европскиот Совет во декември 2008 година одлучи да се врати на одлуката на еден комесар од секоја земја-членка која ќе дејствува од денот на влегувањето во сила на Договорот.[21]

Лицето кое е носител на новата функција Висок претставник на Унијата за надворешни работи и безбедносна политика автоматски станува и Заменик-претседател на Комисијата.

Надворешни врски и безбедност[уреди | уреди извор]

Висок претставник[уреди | уреди извор]

Во обид да се обезбеди поголема координација и доследност во надворешната политика на ЕУ, Договорот од Лисабон создава Висок претставник на Унијата за надворешни работи и безбедносна политика, де факто спојувајќи ги функциите на Високиот претставник за заедничка надворешна и безбедносна политика и Европскиот комесар за надворешни работи и соседска политика на ЕУ. Новиот Висок претставник, исто така, станува и Заменик-претседател на Комисијата, администраторот на Европската агенција за одбрана, но не и на Генералниот секретаријат на Советот на министри, кој станува посебна функција. Тој или таа имаат право да предложуваат одбранбени или безбедносни мисии. Во предложениот Устав оваа функција беше наречена Министер за надворешни работи на Унијата.[4][22]

Високиот претставник за надворешни работи и безбедносна политика е задолжен за Службата за надворешни активности, која исто така е создадена со Договорот од Лисабон. Ова во суштина е Министерство за надворешни работи или Дипломатски кор на Унијата.

Заемна солидарност[уреди | уреди извор]

Според Договорот од Лисабон, земјите-членки треба да помогнат, во случај ако една земја-членка е предмет на терористички напад или жртва на природна или вештачка катастрофа[23] (но секоја заедничка воена акција мора да биде во согласност со одредбите на член 31 од консолидираниот Договор на Европската Унија, кој признава различни национални проблеми). Покрај тоа, неколку одредби од договорите беа изменети и дополнети за да ја вклучат солидарноста во случаи на снабдување со енергија и промени на енергетската политика во рамките на ЕУ.

Планови за одбрана[уреди | уреди извор]

Со Договорот се предвидува дека Европската безбедносна и одбранбена политика ќе доведе до одредба за заедничка одбрана на ЕУ, кога Европскиот совет едногласно ќе реши да го стори тоа, и под услов сите земји-членки да дадат одобрување преку своите вообичаени уставни процедури.[24] Исто така, областа на одбраната стана достапна за зајакната соработка, потенцијално дозволувајќи интеграција за одбрана која ги исклучува земјите-членки со политика на неутралност. Земјите со значајни воени способности се предвидува да формираат Постојана структурна соработка за одбрана.

Правна консолидарност[уреди | уреди извор]

Пред влегувањето во сила на Договорот од Лисабон, Унијата состави систем од три правни столбови, од кои само столбот на Европската заедница имаше сопствен правен идентитет. Договорот од Лисабон го укина овој столбен систем, и како консолидирен ентитет, Европската Унија го наследи правниот идентитет од Европската заедница. Затоа, ЕУ сега може да потпишува меѓународни договори во свое име. Европската Унија стекна, на пример, членство во Светската трговска организација веднаш по влегувањето во сила на Договорот од Лисабон, со оглед на тоа дека Европската заедница беше член на таа организација.[6]

Потпишан
Во сила од
Документ
1948
1948
Договорот од Брисел
1951
1952
Договорот од Париз
1954
1955
Изменетиот Договор од Брисел
1957
1958
Договорите од Рим
1965
1967
Договорот за спојување
1975
N/A
Заклучокот на Европскиот совет
1985
1985
Шенгенската спогодба
1986
1987
Единствен европски акт
1992
1993
Мастришкиот договор
1997
1999
Договорот од Амстердам
2001
2003
Договорот од Ница
2007
2009
Договорот од Лисабон
                         
Трите столба на Европската Унија:  
Европската Заедница:  
Европска заедница за атомска енергија (EURATOM)
Европска заедница за јаглен и челик (EЗЈЧ) Договорот истече во 2002г. Европска Унија (ЕУ)
    Европска економска заедница (ЕЕЗ) Европска заедница (ЕЗ)
        Шенгенска зона    
    TREVI Правда и внатрешни работиJustice and Home Affairs (JHA)  
  Полициска и судска соработка за кривични прашања (PJCC)
          Европска политичка соработка (ЕПС) Надрворешни работи и безбедносна политика на Унијата (CFSP)
Неконсолидирани тела Западна Европска Унија (WEU)    
Договорот завршува во 2010г.  
                       


Дефинирани политички области[уреди | уреди извор]

Во Договорот од Лисабон поделбата на надлежностите во различни области од политиката меѓу земјите-членки и Унијата е експлицитно наведена во следните три категории:

Како што е наведено во Дел I, Наслов I од Консолидираниот Договор за функционирањето на Европската Унија:      
Исклучителна надлежност:
„Унијата има исклучителна надлежност да донесува директиви и склучува меѓународни договори, како што е предвидено во законодавниот акт на Унијата.”
  • царинската унија
  • формирањето на правилата за конкуренција неопходни за функционирањето на внатрешниот пазар
  • монетарната политика за земјите-членки чија валута е еврото
  • заштита на морските биолошки ресурси во рамките на заедничката политика за рибарство
  • заедничка политика за трговија
Заедничка надлежност:
„Земјите-членки не можат да остварат надлежност во областите каде што Унијата веќе остварила.” „Вршењето на надлежноста на Унијата нема да резултира со спречување на земјите-членки да ја остварат нивната во:”
  • внатрешниот пазар
  • социјалната политика, за аспекти дефинирани во овој Договор
  • економската, социјалната и територијалната кохезија
  • земјоделството и рибарството, со исклучок на заштитата на морските биолошки ресурси
  • животната средина
  • заштитата на потрошувачите
  • транспортот
  • транс-европските мрежи
  • енергијата
  • областа на слобода, безбедност и правда
  • заедничките интереси за безбедноста во врска со јавните здравствени прашања, за аспекти дефинирани во овој Договор
  • истражувањето, технолошкиот развој и просторот во ЕУ
  • соработката за развој, хуманитарна помош
„Унијата ги координира политиките на земјите-членки или спроведува дополнителни во однос на нивните вообичаени политики, кои не се застапени на друго место”
  • координација на политиката за економија, вработување и социјалната политика
  • заедничката надворешна, безбедносна и одбранбена политика
Надлежност за поддршка:
„Унијата може да спроведе активности за поддршка, координирање или дополнување на активностите на земјите-членки во:”
  • заштитата и подобрувањето на човековото здравје
  • индустријата
  • културата
  • туризмот
  • образованието, младите, спортот и стручнатѕа обука
  • цивилната заштита (превенција од катастрофи)
  • административната соработка

Проширување и напуштање на членството на ЕУ[уреди | уреди извор]

Предлогот за зачувување на Копенхашките критериуми за понатамошно проширување не беше целосно прифатен во Договорот бидејќи се стравуваше дека ќе доведе до тоа, последниот збор за тоа кој може да пристапи во ЕУ да го имаат судиите од Судот на правдата, а не политичките водачи.[22]

Договорот воведува излезна клаузула за членовите кои сакаат да се повлечат од Унијата. Со ова се формализира постапката со која се наведува дека една земја-членка мора да го информира Советот на Европа пред да може да го прекине своето членство. Има еден пример кога една територија престанала да биде дел од заедница (Гренланд во 1985 г.).

Нова одредба во Договорот од Лисабон е дека статусот на француските, холандските и данските прекуморски територии може полесно да се смени, без повеќе да се бара целосна ревизија на договорот. Наместо тоа, Европскиот совет може, на иницијатива на односната земја-членка, да го промени статусот на прекуморската земја или територија (ПМТ) во најоддалечен регион (НОР) или обратно. Оваа одредба е вклучена по предлог на Холандија, која ја разгледува иднината на холандските Антили и Аруба во Европската Унија, како дел од процесот за институционална реформа кој моментално се случува во холандските Антили.

Постапки за ревизија (Член 48 од ДЕУ)[уреди | уреди извор]

Договорот од Лисабон создава два различни начини за понатамошни измени и дополнувања на договорите на Европската Унија: обична постапка за ревизија која е во голема мера слична на сегашниот процес со тоа што вклучува одржување на меѓувладина конференција, како и поедноставена постапка за ревизија со која третиот Дел од Договорот за функционирањето на Европската Унија, кој се занимава со внатрешната политика и дејствувањето на Унијата, може да биде изменет и дополнет со едногласна одлука на Европскиот совет подлежна на ратификација од сите земји-членки на вообичаениот начин.

Договорот исто така предвидува Клаузула Пасерела (Клаузула за пречекорување) која на Европскиот совет му овозможува едногласно да одлучи да премине од гласање со едногласност на гласање со квалификувано мнозинство, и да премине од посебната законодавна постапка на обичната законодавна постапка.

Обична постапка за ревизија

  1. Предлози за измена на договорите се поднесуваат од страна на една земја-членка, Европскиот парламент или Европската комисија до Советот на министрите кој, пак, ги доставува до Европскиот совет и ги известува земјите-членки. Нема ограничувања за видот на амандмани кои можат да се предложат.
  2. Советот на Европа, по консултации со Европскиот парламент и Комисијата, гласа да се разгледаат предлозите врз основа на просто мнозинство, а потоа или:
    • Претседателот на Европскиот совет свикува конвенција составена од претставници на националните парламенти, влади, Европскиот парламент и Европската комисија, за понатаму да се разгледаат предлозите. Во догледно време, својата конечна препорака конвенцијата ја доставува до Европскиот совет.
    • Или Европскиот совет одлучува да не свика конвенција и самиот одлучува да ги постави одредбите за меѓувладината конференција.
  3. Претседателот на Европскиот совет свикува меѓувладина конференција составена од претставници на владата на секоја земја-членка. Конференцијата го изготвува и финализира договорот врз основа на препораките на конвенцијата или според условите на Европскиот совет.
  4. Водачите на ЕУ го потпишуваат договорот.
  5. Сите земји-членки, тогаш мора да го ратификуваат договорот „ во согласност со нивните уставни одредби”, за тој да може да стапи во сила.

Поедноставена постапка за ревизија

  1. Предлози за измена на третиот Дел од Договорот за функционирањето на ЕУ се поднесуваат од страна на една земја-членка, Европскиот парламент или Европската комисија до Советот на министрите кој, пак, ги доставува до Европскиот совет и ги известува земјите-членки. Предложените измени не можат да ги зголемат надлежностите на Унијата.
  2. Европскиот совет, по консултации со Европскиот парламент и Комисијата, гласа со едногласност за да се донесе решение за изменување и дополнување на третиот Дел врз основа на предлозите.
  3. Сите земји-членки мора да ја одобрат одлуката „во согласност со нивните уставни одредби”, за да може да стапи во сила.

Клаузулата Пасерела

Договорот, исто така, овозможува менување на гласачките процедури без да се изменат и дополнат договорите на ЕУ. Според оваа клаузула Европскиот совет може, по добивањето на согласност од Европскиот парламент, едногласно да гласа за да:

  • овозможи на Советот на министри да дејствува врз основа на квалификувано мнозинство во областите каде што претходно морале да дејствуваат врз основа на едногласност. (Ова не е достапно за одлуки со одбранбени или воени импликации.)
  • дозволи законодавството да биде усвоено врз основа на обичната законодавна процедура, каде што претходно требаше усвојување врз основа на посебната законодавна постапка.

Одлуката на Европскиот совет да користи било која од овие одредби може да стапи на сила, само ако, за време од шест месеци откако сите национални парламенти се известени за одлуката, никој не ја одбие.

Изземaња[уреди | уреди извор]

Повелба за фундаменталните права на ЕУ[уреди | уреди извор]

Повелбата за фундаменталните права на Европската Унија толкуванa од Европскиот суд на правдата не се применува во целост во Велика Британија, Полска и во Чешката Република, иако таа ги обврзува институциите на ЕУ и се однесува на полето на правото на ЕУ:

Член 1

  1. Повелбата не ја зголемува способноста на Судот на правдата на Европската Унија, или na кој било суд или трибунал на Полска или Велика Британија, да утврди дека законите, регулативите или административните одредби, обичаите или активностите на Полска или на Велика Британија се во спротивност со фундаменталните права, слободи и принципи кои таа ги потврдува.
  2. Особено, а и за да се избегне сомнеж, во Наслов IV од Повелбата не се наведени права кои подлежат на правни мерки кои се однесуваат на Полска или Велика Британија, освен ако Полска или Велика Британија имаат предвидено такви права во нивното национално законодавство.

Член 2

Степенот до кој една одредба од Повелбата се однесува на националните закони и работи, за Полска или Велика Британија ќе се применува само до степен до кој правата или начелата кои ги содржи се признати во законот или работата на Полска или на Велика Британија.

-Реформскиот договор - Протокол (Бр. 7)

Иако полската партија Граѓанска платформа за време на парламентарните избори во 2007 укажуваше дека нема да бара да биде изземена од Повелбата, Премиерот Туск уште тогаш изјави дека Полска нема да ја потпише Повелбата. Туск изјави дека ќе бидат прифатени спогодбите за кои се преговарало со претходната влада на Полска, иако посочи дека Полска можеби ќе да ја потпише Повелбата на подоцножен датум.

Со цел да се обезбеди ратификација на договорот од страна на Чешката Република, Европскиот совет се согласи дека изземањето од Повелбата, исто така, ќе важи и за Чешката Република. Протоколот ќе биде изменет и дополнет за Чешката Република да се вклучи во наредниот договор за пристапување. Ова беше одговор на барањата на Вацлав Клаус, чешкиот претседател, кој стравуваше дека со Повелбата може им се овозможи на протераните Германци по Втората светска војна да поднесуваат тужби и покрај убедувањето на Чешката Република и Словачка во спротивното, каде што степените остануваат применливи.

Гласање со квалификувано мнозинство за политички и судски работи[уреди | уреди извор]

Велика Британија и Ирска се изземени од промената на гласање со едногласна одлука во гласање со квалификувано мнозинство (ГКМ) во секторот на полициските и судски прашања; оваа одлука во Ирска ќе биде разгледана по три години откако договорот ќе стапи во сила. Двете земји ќе можат да бидат изземени од прашањата за гласачкиот процес од случај на случај.

Одредбите од нацрт рамката на Договорот од самитот во јуни 2007 истакнуваат дека поделбата на власта меѓу земјите-членки на Унијата е двонасочен процес, што значи дека Унијата може да ја повлече власта.

Влијанието на договорот[уреди | уреди извор]

Точното влијание на договорот во однос на функционирањето на ЕУ не беше потполно предвидено (неизвесности кои доведоа до повици за нов договор, како одговор на економската криза во доцните 2000-ти години). Како што е проценето неговото влијание, најголемите победници од Лисабон се Парламентот, со пораст на власта, и Европскиот совет. Во првите месеци од Лисабон се забележа промена на власта и раководството од Комисијата, традиционалниот мотор на интеграцијата, на Европскиот совет со својот нов Претседател и буџет. Поделбата помеѓу Комисијата и Претседателите на Европскиот совет, исто така, брзо доведе до соперништво и комплицирани компромиси; како на пример присуството на двајцата претседатели на меѓународните самити, наместо да се договорат за присуство само на еден од нив. Има некои очекувања дека нивните функции можеби ќе бидат сбодови, како што е дозволено во Лисабон, во 2012 или 2014 година кога истекуваат нивните два мандати.

Парламентот ги користеше своите поголеми овластувања за назначувањето на Комисијата да се здобие со дополнителни привилегии од Претседателот Баросо и ги искористи своите буџетски овластувања како вето за тоа како треба да се постави Службата за надворешни активности. Тој исто така ја примени својата нова моќ над меѓународните спогодби брзо да го блокираат договорот за споделување на SWIFT податоци со САД и се закануваше да го направи истото со договорот за слободна трговија со Јужна Кореја.

Како и Комисијата, Советот на министри, релативно, ја загуби власта поради Лисабон. Неговата динамичност, исто така, се промени, како што земјите-членки го загубија правото на вето во голем број области. Како резултат на тоа, тие мораат да излезат со посилни аргументи со цел да ги освојат гласовите.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

  1. „Constitutional Treaty: the "reflection period". EurActiv. 1 June 2007. Архивирано од изворникот на 22 October 2007. Посетено на 26 June 2007.
  2. „A New Treaty and Supplementary Protocols: Contribution to the Debate on Europes's Political Prospects in the Perspective of the European Council of 21–22 June 2007, Explanatory Memorandum“ (PDF). Action Committee for European Democracy. 4 June 2007. Посетено на 19 June 2012.
  3. Martin Kurth (2007). "Square root voting in the Council of the European Union: Rounding effects and the Jagiellonian Compromise". arXiv:0712.2699 [math.GM]. 
  4. 4,0 4,1 4,2 „Presidency Conclusions Brussels European Council 21/22 June 2007“ (PDF). Council of the European Union. 23 June 2007. Посетено на 26 June 2007.; Honor Mahony (21 June 2007). „Stakes high as EU tries to put 2005 referendums behind it“. EU Observer. Посетено на 26 June 2007.
  5. Bruno Waterfield and Toby Helm (23 July 2007). „EU treaty must be re-written, warn MPs“. London: The Daily Telegraph. Архивирано од изворникот на 2008-04-24. Посетено на 2021-08-13.
  6. 6,0 6,1 6,2 „Draft Reform Treaty – Projet de traité modificatif“. Council of the European Union. 24 July 2007. Архивирано од изворникот на 2007-12-17. Посетено на 24 July 2007.
  7. „Parliament to give green light for IGC“. Euractiv.com. 9 July 2007. Посетено на 9 July 2007.
  8. Kubosova, Lucia (20 July 2007). „Poland indicates it is ready to compromise on EU voting rights“. EU Observer. Посетено на 20 July 2007.
  9. Declaration on Article 222 of the Treaty on the Functioning of the European Union on the number of Advocates-General in the Court of Justice (pdf).
  10. Proud Portugal leaves mixed EU presidency record, EUobserver.
  11. „AFP: Government wins first round in battle over EU treaty“. Afp.google.com. 21 January 2008. Архивирано од изворникот на 20 May 2011. Посетено на 26 October 2011.
  12. Castle, Stephen; Bowley, Graham (14 December 2007). „Treaty on Running European Union Is Signed“ – преку NYTimes.com.
  13. Amended Article 240a, to become Article 275 TFEU
  14. Amended Article 240b, to become Article 276 TFEU
  15. Honor Mahony (23 June 2007). „EU leaders scrape treaty deal at 11th hour“. EU Observer. Посетено на 26 June 2007.
  16. 16,0 16,1 Europa website. „SCADPlus: The Institutions of the Union“. Архивирано од изворникот на 21 декември 2009. Посетено на 27 јуни 2007.
  17. Peers, Steve (2 August 2007). „EU Reform Treaty Analysis no. 2.2: Foreign policy provisions of the revised text of the Treaty on the European Union (TEU)“ (PDF). Statewatch. Посетено на 26 September 2007.
  18. Peers, Steve (2 August 2007). „EU Reform Treaty analysis 1: JHA provisions“ (PDF). Statewatch. Посетено на 26 September 2007.
  19. As the Lisbon treaty entered into force only after the 2009 European elections, a treaty amendment to grant extra seats to those Member States due to gain extra seats under Lisbon, but without waiting until the 2014 elections, was agreed in 2010. As it's expected that Croatia and other countries might join the Union before 2014 (thus gaining the right to elect at least 6 MEPs) the apportionment set out above might be changed in time for the 2014 European Parliament elections.
  20. See Article 17 of the Treaty on European Union
  21. „Ireland has a diplomatic victory but the real winner is Europe“. 12 December 2008.
  22. 22,0 22,1 Honor Mahony (20 June 2007). „EU treaty blueprint sets stage for bitter negotiations“. EU Observer. Посетено на 26 June 2007.
  23. Article 222 of consolidated "Functioning of the European Union"
  24. Preamble and Article 42 of the (consolidated) Treaty of European Union