Монокотиледони

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Liliopsida)
Монокотиледони
Период: Рана Креда - денес
Цвет на Gladiolus illyricus, илирска гладиола.
Научна класификација
Царство: Plantae
Нерангирано: Скриеносемени
Нерангирано: Монокотиледони
Редови

Околу 10; видете во текстот.

Монокотиледоните (лат. Liliopsida, Monocotyledones, Monocotyledoneae; англ. monocots) ја образуваат втората најголема класа на скриеносемени (цветни) растенија[1]. Монокотиледоните се група која се состои од околу 50 000 видови, 2800 родови и 60 фамилии, што е околу ¼ од вкупното разнообразие на цветни растенија. При крајот на XX и почетокот на XXI век, ботаничарите-систематичари го зголемиле бројот на фамилии на монокотиледони со разделување на постоечките, така што во некои класификациски системи растенијата од ,,старата‘‘ фамилија на лилјаните се распоредени во неколку десетици фамилии. Најмногубројна фамилија во рамките на групата образуваат орхидеите (20 100 видови[1]), кои се одликуваат со многу сложени, прекрасни цветови. На второ место според бројност на видови е економски важната фамилија на треви (10 000 видови[1]). Други поголеми фамилии образуваат: остриците (5300 видови), палмите (2800 видови) и козлеците (2500 видови).

Име и одлики[уреди | уреди извор]

Традиционалните латински имиња за оваа група растенија се Monocotyledoneae и Monocotyledones, меѓутоа, на пример, во системот на Кронквист (Cronquist) се наречени Liliopsida (лилиопсиди). Бидејќи монокотиледоните се група со ранг поголем од фамилија, изборот на нејзниото именување со ништо не е ограничен. Членот 16 од МКБН дозволува како описно име, така и име образувано од типовиот род на групата.

Латинските научни имиња Monocotyledones (Monocotyledoneae) произлегле од старогрчките зборови μόνος (monos) — еден и латинското cotyledon — зародишен лист; Liliopsida доаѓа од името на родот Lilium — крин.

Од дијагностичко гледиште, одредувањето на бројот на зародишни листови не се јавува како лесно достапна одлика, а ниту надежна одлика на растенијата. Разликувањето на монокотиледони и дикотиледони најпрво било користено во систематиката на растенијата од почетокот на XVIII век на англискиот природонаучник Џон Реј.

Монокотиледоните се многу поединствена група за разлика од дикотиледоните. Се одликуваат со следните признаци:

  • фиброзен (кончест) коренов систем, зародишното коренче обично престанува да расте и се заменува со дополнителни (адветивни) корења;
  • Стеблата ретко се разгранети, спроводните снопчиња се од затворен тип, тие на напречен пресек на стеблото се распоредени без некој ред;
  • Листовите најчесто го обвиткуваат стеблото, секогаш без прилисници, обично тесни со паралелна или виножитовидна нерватура;
  • Камбиум отсуствува, така што задебелување на стеблата како кај дикотиледоните и голосемениците не се забележува;
  • Цветовите обично се изградени по троен тип: околуцветникот се состои од два трочлени кругови, прашниците се исто така распоредени во два круга по три, плодни листови има три, ретко, наместо бројот 3 кај цветовите се забележува бројот 2 или 4;
  • Монокотиледонски ембрион.

Меѓутоа, секој признак сам по себе не може да ги разграничи овие две класи — дури ни присуството на монокотиледонски ембрион не се јавува како ,,апсолутен‘‘ признак бидејќи по еден зародишен лист (котиледон) имаат и ембрионите на многу дикотиледони (на пример, Corydalis DC.); ембрионите на неколку монокотиледони можат да се опишат како да имаат два котиледона (на пример, Zannichellia L., Paris L.). Според ова, за да се утврди класата, неопходен е целиот комплекс на карактеристични признаци.[1]

Класификација[уреди | уреди извор]

Систем на Кронквист[уреди | уреди извор]

По системот на Кронквист, монокотиледоните ја сочинуваат класата Liliopsida, која е поделена на 5 поткласи:

Оваа класификација (поткласа, ред, фамилија) е претставена на следната табела:

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Шипунов А. Б. (2004). Биология : Школьная энциклопедия. М.: БРЭ. стр. 990. ISBN 5-85270-213-7.