Прејди на содржината

Убава наша татковино

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Lijepa naša domovino)
Lijepa naša domovino
макед. Убава наша татковино
Споменик на химната во Зелењак на патот Клањец - Кумровец

национална химна на  Хрватска
Друг насловHorvatska domovina
ТекстАнтун Михановиќ, 1835 г.
МузикаЈосиф Руњанин 1846 г.
Усвоена21 декември 1990 г.
Звучен извадок
инструментална верзија

Убава наша татковино (хрватски: Lijepa naša domovino) е државната химна на Хрватска. Истата била химна на Социјалистичка Република Хрватска, и со независноста во 1991 г. станала и химна на независна Хрватска.

Оригиналниот текст го напишал поетот Антун Михановиќ и првпат ја издал под насловот Horvatska domovina („Хрватска татковина“) во 1835 година.[1] Музиката ја компонирал српскиот пограничен жител по име Јосиф Руњанин во 1846 г. Според некои извори, мелодијата е преземена од делото „Лучија ди Ламермур“ на Гаетано Доницети.

Целосната песна била обработена и хармопнизирана од Ватрослав Лихтенегер во 1891 годнина, и за првпат била изведена како хрватска химна истата година, под насловот „Lijepa naša“. Оттогаш текстот има доживеано мали исправки.

Хрватски

[уреди | уреди извор]
Lijepa naša domovino,
Oj junačka zemljo mila,
Stare slave djedovino,
Da bi vazda sretna bila!
Mila kano si nam slavna,
Mila si nam ti jedina,
Mila kuda si nam ravna,
Mila kuda si planina!
Teci Dravo, Savo teci,
Nit'ti Dunav silu gubi!
Sinje more, svijetu reci,
Da svoj narod Hrvat ljubi!
Dok mu njive sunce grije,
Dok mu hrašće bura vije,
Dok mu mrtve grobak krije,
Dok mu živo srce bije!

Македонски

[уреди | уреди извор]
Наша убава татковино,
Ој јуначка земјо мила.
Старославна дедовино,
Вечно да си ми среќна!
Мила си ни колку што си славна,
Мила си ни ти единствена,
Мила си ни кај си рамна,
Мила кај си планина!
Течи Драво, Саво течи,
Ни ти Дунав, сила не губи,
Сино море кажи му на светот,
Дека својот народ хрватот го љуби!
Додека нивите му ги грее сонце,
Додека дабовите бура му ги вие,
Додека мртвите гробот му ги крие,
Додека срцето живо му бие!

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
  1. Čl. 15. – 22. Zakona o grbu, zastavi i himni Republike Hrvatske te zastavi i lenti predsjednika Republike Hrvatske (Narodne novine, br. 55/90., te čl. 137. Zakona o izmjenama i dopunama zakona kojima su određene novčane kazne za privredne prijestupe i prekršaje, Narodne novine, br. 26/93. i 29/94.)