Прејди на содржината

Lathyrus digitatus

Од Википедија — слободната енциклопедија
Lathyrus digitatus
Научна класификација [ у ]
Царство: Растенија
клад: Скриеносеменици
клад: Евдикоти
клад: Розиди
Ред: Бобовидни
Семејство: Бобови
Род: Граор
Вид: Lathyrus digitatus
Научен назив
Lathyrus digitatus
B.Fedtsch.

Lathyrus digitatus — вид цветно растение од семејството бобови.

Ова е повеќегодишно тревесто растение, разгрането од основата, голо или со ретки влакна, високо 20-40 см. Стеблото е тенко, вертикално, во основата лачно искривено, голо, не е крилесто, а коренот е грутчесто здебелен. Листовите се со 1-2 пара ливчиња, а на врвот со осилка, со многу куса дршка или приседнати, прилисниците се полустреловидни, линејно-ланцетни, 6-8 мм долги, со зашилени врвови. Соцветијата се со 3-8 цвета, чашката е 6-9 мм долга, гола, запците на чашката се триаглесто ланцетни. Венчето е пурпурно до пурпурно-виолетово, мешунката е долга 40-70 мм, 5-9 мм широка, гола, кафеава, со 5-7 семки.[1]

Во Македонија

[уреди | уреди извор]

Во Македонија расте по варовничките камењари. Видот е познат за планината Серта, кај село Калањево, Валандово, Струга над Радожда и планината Галичица.[1]

  1. 1 2 Мицевски, Кирил (2001). Флора на Република Македонија Том I, св. 5. Скопје: МАНУ. стр. 1238–1239.