LD Pistolero

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
ЛД Пистолеро
[[File:
ЛД Пистолеро
|300x200px|alt=|]]
Биографски податоци
Изворно имеВладимир Пешков
Роден(а)04.10.1985
Скопје, Македонија
ЖанровиХип Хоп
Период на активност2000-
СоработнициЛегијата, Green Out, DJ Гоце

Владимир Пешков познат како Пеше или по своето уметничко име Л.Д Пистолеро е роден во Скопје, 04.10.1985та година.

Македонски хип-хоп артист, дел од идејата Баду Бар и активен член на Македонската Кендо репрезентација со положен 3ти дан. Позади себе има голем број на изданија како соло артист и како дел од групи, со огромен број на настапи во Скопје низ државата и надвор од неа.

Ко-сопственик на Баду Бар [1] во Порта Влае од 2014 година до денес.

Како активен спортист од 2009та година па до денес има учествувано на државни, балкански европски и светски првенства во и надвор од државата презентирајќи ја својата нација со солиден индивидуален и тимски успех од еден златен и неколку брознени медали.

ЛД Пистолеро Кендо.jpg

Првите чекори ги почнува во раните 2000ти како freestyle mc на улиците низ Хром и Влае, а денес позади себе ги има издадено:

За овие албуми се снимени 4 видео записи. По издавањето на првиот соло албум После Мостот следат 2 сингла со Диџеј Гоце. За двата се снимени видео записи, едниот е преработка на легендарната “Чија си” од Славе Димитров за кампања на Т-мобиле, а другиот е “Еден Ден” Двете песни се од особено значење за македонскиот хип-хоп. Соработката со Гоце е на највисоко ниво. Двата албума се распродадени неколку денови после промоција. Самиот факт што во дигитална ера се продаваат преку 500 дискови во една вечер е податок на кој можат да му завидат голем дел од мак изведувачите од сите жанрови,и тој факт е докажан во хип-хопот и не само со албумите на ЛД Пистолеро.

Во 2004 година ЛД Пистолеро станува дел од Легијата,а во 2005 година го формираат бендот Гринаут заедно со Тонио Сан и Ненад Стефаноски – Брус. Два позначајни моементи во музичката кариера. Со “Легијата” (Гринаут, Против Сите, СТР2, РОНИН, Кемп ОД, диџеј Славе) под логото Шурикен Рекордс и Канал 103 ( Лош ден за империјата) ги издаваат:

  • “Лош ден за Империјата” 2008год
  • “Деценија” 2010год
  • “Легијата на проколнатите” 2016год

За овие проекти се снимени голем број видео записи меѓу кој и легендарниот - “Бонус трака” инстант хит, песна и видео кои ќе го променат пристапот на обичниот слушател кон рапот. “Легијата” како хип-хоп групација со сите свои членови позади себе брои преку 30 официјални музички изданија,преку 50 видео записи и има милионски прегледи на Youtube.

ЛЦ Концерт 2019.jpg

Со “Гринаут” ги имаат издадено:

  • “Некои скопски бандити” 2009та
  • “Рапаноја” 2014та

Исто така со голем број на видео записи меќу кои “Факалависта”, “Блокови”, “Фреквенции” итн. По неколку заеднички проекти и дружби во студиото на Гоце заедно со Скај Виклер од београдското хип-хоп трио Бед Копи и Дон Дада го издаваат албумот “Убиче нас жене, кој е снимен во Београд во 2010год. Видеа за овој албум се снимени на песните “Опрости ми мајко” и “Дупло луџи”.

ЛД Пистолеро како соло артист и како член на група покрај локалните настапи по скопските клубови има настапувано во сите поголеми македонски градови и скоро на сите домашни фестивали и настани од кои се издвојуваат, Скопје Гори, Д фестивал, Позитивни Вибрации, Коноп Фест, Таксират, Здраво Млади, Критична Маса НаТочак, Фонетика, Скопје Стрит фестивал итн. Покрај концертите со “Легијата” и “Гринаут” најзначаен настап е првиот соло концерт во МКЦ во 2019год кој беше распродаден дури 2 недели однапред.

Со “Гринаут” има повеќе концерти во Скопје, скоро во сите градови низ државата како и неколку пати во Бугарија, еднаш на легендарниот EXIT фестивал во Нови Сад, Србија во 2006 па Словенија на Кам Фест 2011та година итн.

Низ текот на сите овие години Владимир Пешков има учествувано на секакви видови проекти поврзани со хуманитарни настани, панел разговори, дебати, гостувања во тв и радио емисии, интервјуа за весници и магазини поврзани со музика и уметност, општествено мислење, креативно пишување во областа на маркетингот како и песни за детски емисии и цртани филмови стори бордс и слично.

Целокупната дискографија ќе ја најдете на: