Прејди на содржината

LCD Soundsystem

Од Википедија — слободната енциклопедија
LCD Soundsystem
Групата на концерт
LCD Soundsystem на концерт во 2016
Животописни податоци
ПотеклоБруклин, Њујорк, САД
Жанрови
Период на активност
  • 2002–2011
  • 2015–денес
Издавачи
Соработници
Мреж. местоlcdsoundsystem.com

LCD Soundsystem ― американска електронска рок-група од Бруклин, Њујорк. Основана е во 2002 година од Џејмс Марфи, соосновач на DFA Records. Групата е составена од: Џејмс Марфи (пејач, различни инструменти), Ненси Ванг (синтисајзер, клавијатури, пејачка), Пат Махони (тапани), Тајлер Поуп (бас, гитара, синтисајзер), Ал Дојл (гитара, синтисајзер, удирачки инструмети), Мет Торнли (гитара, синтисајзер, удирачки инструменти) и Кореј Ричеј (синтисајзер, пијано, удирачки инструменти). Уште од основањето потпишале договор со DFA, а во 2016 година исто така потпишале и со Columbia Records.

Историја

[уреди | уреди извор]
LCD Soundsystem на настап во Мадрид во 2005 година

Џејмс Марфи ја основал LCD Soundsystem во 2002 година[1] во реонот Бруклин во Њујорк.[2] Делот „LCD“ од името на групата е кратенка од „Liquid Christmas Display“, игра на зборови од „екран со течни кристали“ и потекнува од најраните бисови на групата за време на концерт на божиќната забава во Бруклин каде басистот Марфи и тапанарот Пет Махони ги пееле песните од Liquid Liquid.

Тие привлекле внимание со нивниот прв сингл, „Losing My Edge“, кој се искачил на 115-то место во Обединетото Кралство.[3] Од 2002 до 2004 година групата издала уште неколку синглови.

LCD Soundsystem го издале нивниот истоимен деби студиски албум во јануари 2005 година кој добил пофалби од критиката.[4] Верзијата на ЦД вклучува втор диск со синглови без албуми. Следниот месец, го издале синглот „Daft Punk Is Playing at My House“, кој станал нивен прв топ-40 хит во Обединетото Кралство (стигнал до 29-то место)[3] и нивен комерцијално најуспешен сингл (се пласирал на топ-листите во Австралија,[5] Белгија,[6] и Холандија).[7] Групата била на турнеја со M.I.A. по објавувањето на албумот. [8] Во јуни 2005 година, групата ја преработила песната од Siouxsie и Banshees, „Slowdive“ за б-страната од нивниот сингл „Disco Infiltrator“.[9]

Во декември 2005 година, групата била номинирана за две Греми награди: најдобар електронски/денс албум и најдобра денс снимка за „Daft Punk Is Playing at My House“.[10]

Во октомври 2006 година, LCD Soundsystem објавиле композиција под наслов „45:33“. И покрај нејзиното име, нумерата всушност е долга 45 минути и 58 секунди - насловот е очигледна референца на винилните брзини (45 и 33 вртежи во минута).

LCD Soundsystem на настап во Торино, Италија во 2007 година

Во март 2007 година, групата го издала вториот студиски албум, Sound of Silver. Албумот бил пофален од критиката[11][12][13] и добил уште една номинација за Греми за најдобар електронски/денс албум.[14] Албумот исто така бил прогласен за најдобар албум за 2007 година од публикации како: The Guardian,[15] Uncut[16] и Drown in Sound.[17] Албумот, исто така, бил номиниран за Shortlist Prize во 2007 година, каде што загубил од The Reminder од Фејст.[18] Списанието Тајм ја прогласил „All My Friends“ за една од 10-те најдобри песни во 2007 година, ставајќи ја на 4-то место. Песната подоцна била прогласена за втора најдобра песна во 2000-тите од Pitchfork.[19]

LCD Soundsystem на настап во Сантијаго, Чиле во 2011 година

Во мај 2010 година LCD Soundsystem го издале нивниот трет студиски албум, This Is Happening, кој станал нивен прв албум кој се пласирал во топ-10 САД.[20] Во февруари 2011 година, групата на нивната веб-страница објавила дека ќе се распушти по големиот проштален концерт во Медисон Сквер Гарден на 2 април 2011 година. Прошталниот концерт е опишан во документарниот филм Shut Up and Play the Hits и исто така бил достапен како албум во живо под наслов The Long Goodbye, објавен во април 2014 година.

По низа гласини кои навестувале можно обединување, на 24 декември 2015 година групата ја објавила песната „Christmas Will Break Your Heart“, прв сингл на групата по пет години. Била објавена за дигитално симнување[21] и како винил од 7 инчи.[22] По објавувањето на песната, Consequence of Sound и Billboard повторно почнале да тврдат дека LCD Soundsystem ќе се обединат во 2016 година.[23][24]

Обединување на групата било потврдено на 4 јануари 2016 година, кога било и објавено дека ќе настапат на фестивалот Коачела во 2016 година.[25][26] Марфи, кој работел на албумот Blackstar од Дејвид Боуви, изјавил дека Боуви го убедил повторно да ја состави групата (пред смртта на Боуви во јануари 2016 година).[27] На 13 февруари, било објавено дека LCD Soundsystem потпишале со Columbia Records.[28] [29] На 23 март, било објавено дека групата ќе настапи како главен изведувач и на фестивалот Лолапалуза во 2016 година.[30] Во 2016 година, групата имала настапи на фестивалите: Outside Lands,[31] Primavera Sound,[32] Austin City Limits,[33] Bonnaroo, LouFest[34] и Wayhome.[35] .

Нивниот четврти студиски албум, American Dream, бил објавен на 1 септември преку Columbia Records и DFA Records. Албумот станал нивен прв албум на прво место на топ-листата за албуми во САД. Бил номиниран за Греми за најдобар албум за алтернативна музика, а песната „Tonite“ освоила Греми за најдобра танцова снимка на доделувањето на наградите во 2018 година, прва Греми награда на групата.[36]

LCD Soundsystem настапуваат на All Points East во 2018 година

За време на пандемијата на КОВИД-19 групата била во „целосна пауза“. Паузата на групата ефективно завршила во октомври 2021 година, по нивното објавување за 20 резидентни концерти во Бруклин Стил, од крајот на ноември до крајот на декември 2021 година.[37]

Музички стил

[уреди | уреди извор]

Музички, LCD Soundsystem се сметаат првенствено за денс-панк[38] и денс-рок група,[39] со примеси на електронски рок,[40] електроника,[41] арт-рок,[42] алтернативен денс,[43] постпанк преродба[44] и инди рок.[45]

Дискографија

[уреди | уреди извор]
  • LCD Soundsystem (2005)
  • Sound of Silver (2007)
  • This Is Happening (2010)
  • American Dream (2017)
  1. „LCD Soundsystem“. Apple Music. Посетено на February 10, 2019.
  2. Празен навод (help)
  3. 3,0 3,1 Zywietz, Tobias. „Chart Log UK – L“. zobbel.de. Tobias Zywietz. Посетено на 16 July 2013.
  4. „Reviews for LCD Soundsystem by LCD Soundsystem“. Metacritic. Посетено на July 2, 2015.
  5. „The ARIA Report: Week Commencing 14 March 2005“ (PDF). Australian Web Archive. March 20, 2005. Архивирано од изворникот (PDF) на 2005-03-19. Посетено на April 17, 2015.
  6. „LCD Soundsystem – Daft Punk Is Playing At My House“. ultratop.be. Посетено на April 28, 2016.
  7. „LCD Soundsystem – Daft Punk Is Playing At My House“. Dutchcharts.nl. Посетено на April 28, 2016.
  8. „M.I.A. announces Headlining Tour“. Архивирано од изворникот на December 24, 2007.
  9. Snell, Herman (February 27, 2006). „LCD Soundsystem covered a Siouxsie and the Banshees song on this CD“. JacksonFreePress.com. Архивирано од изворникот на February 8, 2012. Посетено на 2011-02-12.
  10. „EMI Music earns 54 Grammy nominations including honors in key categories "Album of the Year", "Record of the Year", "Song of the Year" and "Producer of the Year". EMI Group. December 8, 2005. Архивирано од изворникот на September 26, 2007.
  11. „Metacritic – Sound of Silver“. Metacritic.com. March 20, 2007. Архивирано од изворникот на 2008-04-30. Посетено на 2011-02-12.
  12. Lynskey, Dorian (March 9, 2007). „LCD Soundsystem: Sound of Silver“. Arts.guardian.co.uk. Посетено на 2011-02-12.
  13. Pytlik, Mark (март 20, 2007). „Pitchfork Media Review“. Pitchforkmedia.com. Архивирано од изворникот на јануари 13, 2009. Посетено на февруари 12, 2011.
  14. "50th Annual GRAMMY Awards Nominations List" Архивирано на 8 декември 2007 г. for Sound of Silver
  15. "2007's Best Albums" The Guardian, December 7, 2007.
  16. „idolator - Music News, Reviews, and Gossip“. idolator. Архивирано од изворникот на July 9, 2012.
  17. Diver, Mike (December 23, 2007). „DiS's albums of 2007“. Drownedinsound.com. Архивирано од изворникот на April 1, 2013. Посетено на 2011-02-12.
  18. Kharas, Kev (February 5, 2008). „Feist wins Shortlist Prize 2008“. Drownedinsound.com. Архивирано од изворникот на March 8, 2012. Посетено на 2011-02-12.
  19. „Staff Lists: The Top 500 Tracks of the 2000s: 20-1“. Pitchfork. August 21, 2009. Архивирано од изворникот на November 14, 2011. Посетено на 2011-02-12.
  20. „LCD Soundsystem beg crowd not to leak album at New York show“. Nme.com. April 13, 2010. Посетено на 2011-02-12.
  21. „Christmas Will Break Your Heart - Single by LCD Soundsystem“. iTunes United States. December 24, 2015. Посетено на December 25, 2015.
  22. „LCD Soundsystem - Christmas Will Break Your Heart (7" Single)“. DFA Records. Архивирано од изворникот на December 25, 2015. Посетено на December 25, 2015.
  23. Празен навод (help)
  24. Празен навод (help)
  25. Minsker, Evan (January 4, 2016). „Coachella 2016 Lineup Announced“. Pitchfork. Посетено на January 5, 2016.
  26. Празен навод (help)
  27. Blistein, Jon (July 11, 2017). „LCD Soundsystem: David Bowie Convinced Us to Reunite“. Rolling Stone.
  28. Minsker, Evan (February 13, 2016). „LCD Soundsystem Sign to Columbia“. Pitchfork. Посетено на February 15, 2016.
  29. Празен навод (help)
  30. Kot, Greg (March 23, 2016). „Lollapalooza 2016 lineup announced“. Chicago Tribune. Посетено на March 24, 2016.
  31. Празен навод (help)
  32. Young, Alex (2016-01-21). „Primavera Sound reveals 2016 lineup: Radiohead, LCD Soundsystem, Sigur Rós to headline“. Consequence (англиски). Посетено на 2023-05-12.
  33. Празен навод (help)
  34. „LCD Soundsystem sends LouFest crowd home on an ecstatic high“. St. Louis Post-Dispatch. September 12, 2016. Посетено на September 12, 2016.
  35. „LCD Soundsystem WayHome Stage, Oro-Medonte ON, July 22“. Посетено на 2016-11-20.
  36. Празен навод (help)
  37. „LCD Soundsystem to Launch Brooklyn Residency Next Month“. Pitchfork (англиски). 2021-10-01. Посетено на 2021-10-01.
  38. The following cite the band as "dance-punk":
  39. The following cite the band as "dance-rock":
  40. The following cite the band as "electronic rock":
  41. The following cite the band as "electronica":
  42. „LCD Soundsystem: A Beginner's Guide“. Read.tidal.com. September 2017. Посетено на October 2, 2017.
  43. Qadir, Fal (April 25, 2013). „LCD Soundsystem: Top 10 Songs“. Project Revolver. Посетено на March 26, 2016.
  44. „Is this it? What happened to the New York post-punk revival bands - BBC Music“. Bbc.co.uk. June 2, 2016. Посетено на December 23, 2017.
  45. Terry, Josh (January 30, 2019). „Stephen Malkmus Listens to LCD Soundsystem:"It's a Dance-Rock Workout“. vice.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]