L.A. Noire
| L.A. Noire | |
|---|---|
Изворната корица за PlayStation 3, Xbox 360 и Windows | |
| Изработувач | Team Bondi |
| Издавач | Rockstar Games |
| Режисер | Брендан Макнамара |
| Продуцент |
|
| Дизајнер | Алекс Карлајл |
| Програмер |
|
| Уметник |
|
| Сценарист | Брендан Макнамара |
| Композитор |
|
| Последна верзија | 2.00 (Xbox 360, PS3) 1.3.2617 (14 ноември 2012)[1] (PC) |
| Подлоги | |
| Датум(и) | 17 мај 2011
|
| Жанр | акционо-авантуристичка игра |
| Режим | едноиграчки |
| Побарувања |
|
L.A. Noire (македонски: Лосанџелески ноар) — акционо-авантуристичка игра од 2011 г., развиена од Team Bondi и објавена од Rockstar Games. Дејството се одвива во Лос Анџелес во 1947 г. и го следи подемот на детективот Кол Фелпс во редовите на Полицискиот оддел на градот Лос Анџелес додека решава низа случаи низ различни оддели. Кога ќе добие задача да истражи мрежа за распределба на морфиум во која се вклучени неколку негови поранешни соборци од Втора светска војна, Фелпс открива дека неговиот личен и професионален живот запаѓаат во хаос. Неволно, тој ги здружува силите со својот отуѓен поранешен соборец, Џек Келсо, со кого разоткриваат голема завера во која се вклучени истакнати личности од Лос Анџелес.[2][3]
Играчки процес
[уреди | уреди извор]L.A. Noire е акционо-авантуристичка игра со елементи на неоноар и криминалистичка белетристика. Играта се игра од гледиште на трето лице и е сместена во отворен свет што го претставува Лос Анџелес од 1947 г. Играчот решава случаи за да напредува низ приказната, исполнувајќи цели по праволиниски редослед. Додека го истражува отворениот свет, играчот може да врши незадолжителни улични злосторства (кратки сценарија со одредени цели) и да собира предмети како златни филмски ролни, возила, романи и златни грамофонски плочи.
За време на решавањето на случаите, играчот открива докази, вклучително информации од неиграчки ликови или физички докази пронајдени на местата на злосторството. При испрашувањето на сведоците и осомничените, играчот има можност да им верува, да се посомнева во нивната приказна или да ги обвини дека лажат. Доколку ги обвини за лажење, играчот мора да приложи докази за тоа. Играчот има бележник во играта во кој се запишуваат доказите, местата и вклучените лица во случајот, а служи и за избирање прашања за време на испрашувањата. На крајот на секој случај, играчот добива оценка со ѕвездички, кој зависи од неговиот перформанс при истражувањето, испрашувањата и однесувањето при возењето.
Приказна
[уреди | уреди извор]Во 1947 г., откако успешно го решава случајот со убиство како патролен полицаец, Фелпс е унапреден во детектив. Неговиот престој во Сообраќајниот оддел води до решавање на неколку случаи на убиства и измами. Шест месеци подоцна, по краток период во Одделот за грабежи, Фелпс е унапреден во Одделот за убиства. Заедно со Галовеј истражуваат различни случаи со сличности со убиството на „Црната Далија“, при што апсат бројни осомничени. Меѓутоа, Фелпс се сомнева дека тие го фатиле вистинскиот убиец, а неговите теории на крајот се покажуваат како точни. Тие конечно го наоѓаат и убиваат вистинскиот убиец, но не можат јавно да го откријат неговиот идентитет поради неговата поврзаност со владин чиновник, па неоправдано уапсените осомничени се ослободени поради погрешна постапка.
По унапредувањето во Одделот за пороци, Фелпс ја истражува распределбата на украден морфиум од воените резерви, кој бил украден од бродот со кој се вратила неговата поранешна единица од Втора светска војна. Тој дознава дека неколку членови го украле и распределиле морфиумот, но биле ликвидирани по наредба на Коен. Во овој период, Фелпс започнува афера со Елса. Ерл им помага на неколку истакнати личности во градот да го одвлечат вниманието од голем скандал со проституција, така што ја разоткрива прељубата на Фелпс пред тој да успее да добие признание од Шелдон за неговата вмешаност во кражбата на морфиумот. Поради ова, Фелпс го губи угледот во полицијата, бракот му се распаѓа и е деградиран во Одделот за подметнати пожари, каде што истражува серија сомнителни пожари во куќи. И покрај тоа што забележува цврста врска меѓу нив и градежниот проект со кој управува СРФ, Ерл го предупредува Фелпс да не го истражува синдикатот. Барајќи помош, Фелпс го поттикнува Келсо да ја истражи работата.
Келсо открива дека проектот користи несоодветни градежни материјали, а неговиот шеф Бенсон свесно ги осигурува. По престрелка во вилата на Монро, Келсо дознава дека синдикатот користел еден од пациентите на Фонтејн за да ги запали домовите на оние што не се согласувале да го продадат својот имот додека биле на одмор. Пациентот случајно убил четворица луѓе во еден од пожарите и станал трајно трауматизиран. Пациентот го убива Фонтејн во неговата клиника и ја одвлечкува Елса. Истражувајќи ја клиниката, Фелпс открива дека синдикатот бил маска за измама на федералната влада. Знаејќи дека владата подоцна ќе ги откупи парцелите за планиран автопат, Монро го стекнувал земјиштето со пари инвестирани од синдикатот и тајно градел евтини куќи за да ја зголеми нивната вредност.
Келсо сфаќа дека пациентот на Фонтејн е Хогебум. Фелпс и Келсо ги бркаат Хогебум и Елса во тунелите на реката Лос Анџелес. Тие ја спасуваат Елса, а Келсо го убива Хогебум за да му ги прекине маките. Додека нивото на водата се крева поради обилните дождови, Елса и Келсо успеваат да избегаат, но насилниот тек на водата го убива Фелпс. На погребот на Фелпс, Ерл држи говор тврдејќи дека Фелпс бил лажно обвинет и дека ја разоткрил корупцијата. Во епилогот, откриено е дека Келсо знаел за украдениот морфиум, но одбил да биде вклучен во неговата распределба.
Оценки
[уреди | уреди извор]L.A. Noire добила „во целост поволни одзиви“ од критичарите, според страницата за рецензии Metacritic. Играта била пофалена за нејзината анимација на лицата, приказната, ликовите и изведбите, музиката, дизајнот на светот, и играта на испрашување, иако реакциите на механиката на пукање и возење биле мешани. Стив Боксер од The Guardian ја опишал како „пробив за игрите“; Edge смета дека повеќето елементи се постигнати подобро од други игри, но „малку развивачи успеале да спојат толку разновиден сет на жанрови толку атмосферски, стилски или складно“. GameTrailers напишале дека „поставува нов стандард за раскажување приказни во видеоигрите“, иако забележале некои севкупни ограничувања во споредба со другите игри.[4]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „L.A. Noire Update Released“ (англиски). Valve. 2012-11-14. Архивирано од изворникот на 2012-07-11. Посетено на 2012-11-14.
- ↑ R* S (2011-06-23). „L.A. Noire Is Coming for PC this Fall“. Rockstar Games. Архивирано од изворникот на 2012-07-11. Посетено на 2011-06-23.
- ↑ „L.A. Noire // Все об игре на AG.ru (3 новости, 3 видео, 30 скриншотов, 6 тем в форуме)“. Архивирано од изворникот 2011-11-04. Посетено на 2011-01-16.
- ↑ „L.A. Noire Review Text“. GameTrailers. Viacom. 16 мај 2011. Архивирано од изворникот на 15 мај 2013. Посетено на 2 ноември 2021.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Матична страница
- L.A. Noire на
Семрежната филмска база на податоци (англиски)