Kliknime.com.mk

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Kliknime.com.mk
URL http://kliknime.com.mk/
Комерцијална?Да
Тип на место База на македонски мрежни места
Достапни јазици:Македонски
Сопственик кликниме
Создавач
Пуштена1 септември 2009
Моментален статусАктивна

Kliknime.com.mk е база на македонски мрежни места и претставува база и пребарувач за македонските мрежни места. Кликниме всушност им обезбедува на посетителите да се информираат подобро и побрзо за некое македонско мрежно место, пред да изберат да го кликнат линкот кој ќе ги одведе до истиот, или едноставно имаат можност да видат страни за кои можеби никогаш немаат ниту чуено ниту видено!

Основана и почетно поставена на 1 септември 2009 година, и од истиот момент се врши постојано и континуирано дополнување на информациите со тенденција да ги вклучи сите останати македонски мрежни места на едно место.

Во основа kliknime.com.mk дава една кратка перспектива поединечно за секоја внесена страна, и тоа преку:

  • слика на почетната страна (screenshot) како изгледа самото мрежно место;
  • наслов;
  • краток опис за содржината и намената;
  • урл – адреса со непосредна врска до мрежното место;
  • тагови – групи каде е класифицирано ова мрежно место.

Па така на едноставен и брз начин може да дојдете до основните информации поврзани со македонските мрежни места. Мрежните места се сортирани по пооделни групи - области (дејности) каде припаѓаат соодветно , притоа една страна може да припаѓа на повеќе подгрупи, па така може да направете споредба на мрежни места од иста група доколку ја отворите групата каде припаѓаат. Ако сакате да побарате одреден македонско мрежно место од одерена област или сакате да направите споредба на различни мрежни места од ист тип, kliknime.com.mk значително ќе ви ја олесни работата. Освен пристапот до македонските мрежни места кои се во листатa, kliknime.com.mk овозможува сами да додавате – пријавувате мрежни места , ваши или било кои, кои сè уште не се внесени во базата, а со тоа зеднички се зголемува колекцијата на домашни мрежни места. Притоа е потребна само да се пополнат назначените полиња како url линк, краток опис, основна категорија во табот Внеси Мрежно место. Исто така постои пребарувач по клучни зборови кои се однесуваат на типот и содржината на мрежните места.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]