Прејди на содржината

Kовачки музеј во Кропа

Од Википедија — слободната енциклопедија

Ковачкиот музеј во Кропа се наоѓа во местото Кропа (општина Радовљица), во северозападниот дел на Словенија. Го прикажува техничкиот и историскиот развој на преработката на железо, како и економските, социјалните и културните услови во Кропа и во соседните населби од 15 до 19 век.[1]

Историја

[уреди | уреди извор]

Во Горењската област населби на железари почнале да се развиваат во XIV век на подрачјата кои биле богати со железната руда лимонит. Најзначајните рудни наоѓалишта биле во подножјето на Јулијанските Алпи, во областите на алпските висорамнини (Јеловица, Межакље, Покљука), каде се наоѓала железната руда во црвената глина во пукнатините на карпите и карстните клисури. Населбите на железарите во долините настанале во време кога знаењето за употребата на хидроенергијата се ширело, па првобитните селански шумски железари почнале да се селат од рудните наоѓалишта во шумите на алпските висорамнини во долините поблиску до водотеците. Од тоа време, во близина на Кропа, се наоѓаат остатоци од словенечки технички споменик Словенечка печка од 14 век, најстара сочувана топилници во Словенија и југоисточна Европа. Во 15 век во Кропа биле изградени две печки (Долна и Горна топилница). Тоа воедно било и време на формирање на поголема ковачка населба со архитектура типична за горењската регија. Ковањето на железо го достигнало врвот во 18 и 19 век, кога работеле две леарници и 19 ковачници на клинови, а биле вработени 1.000 луѓе. Кон крајот на 19 век индустријализацијата ја претворила леарницата во индустриска задруга (1893), која подоцна во 20 век станала фабриката за завртки Пламен.

На куќите се сочувани бројни исклесани детали од зелен вулкански камен (работилници за клесње на камен на семејството Коцијанчич) кои биле карактеристични за побогатата селанска и буржоазиска архитектура во Горењско. Многу елементи од ковано железо на куќите и јавните објекти сведочат за потеклото на местото и за продолжување на ковачката традиција денес.

Кропа е еден од најважните словенечки историски локалитети по урбаните карактеристики и техничките, културните и историските споменици. Во 1952 година, Кропа е прогласена за споменик на културата како прво место во Словенија.[2][3]

Ковачкиот музеј бил отворен во 1952 година како прв технички музеј во Словенија. Од 1963 година делува во рамките на Музејот на општината Радовљица. Во 1974 година станал побогат за 42 уметнички исковани дела од мајсторот Јоже Бертонцељ (1901-1976), изложени во посебна просторија во рамките на музејот.[4]

Клинаровата куќа

[уреди | уреди извор]

Музејот е сместен во централниот дел на стариот плоштад, во куќата на Клинарот (Клинаревата куќа), која е типична за куќите на мајсторите ковачи од крајот на 18 век. Првиот кат, кој некогаш служел како стан на семејството на мајсторот, ја сочувал својата типична централна соба со сочуван барокен, дрвен обложен плафон со три слики со масло. Во приземјето се наоѓа сувенирница и соба за проекции, додека експонатите на музејот се на првиот и вториот кат.

Музејски збирки

[уреди | уреди извор]

Историјата на ковањето на железо прикажана е со модели со модели кои ја прикажуваат Кропа во 19 век, работа на леарницата, ковачките мевови на вода и Вигењц - типична леарница за производство на клинови. Главниот производ на локалните ковачи биле клиновите. Во музејот се наоѓа соба посветена на нив каде што може да се видат 94 различни форми и големини на клинови, од најмалите, кои се користат за обувки, до најголемите, со должина од 70 сантиметри, кои биле користени при изградбата на браната. Прикажани се и примероци на специјални клинови за обувки за изработка на планинарски обувки, кои биле рачно ковани во Кропа до средината на педесетите години на 20-от век.

Етнолошката соба го прикажува животот на ковачите од Кропа, како и нивниот соживот со мајстори од леарниците.

Салата за проекција ги прикажува двата словенечки филма на Милка и Метод Бадјур, од 1950-тите, еден од ковачите од Кропа, а другиот го прикажува обичајот на пеењето на коралистите. Во филмовите учествуваат како актери бројни жители на Кропа. [5]

Првиот директор на техничкиот музеј на Словенија, Фрањо Баш, се трудел да го сочува техничкото наследство „in situ“.[1]

Галерија

[уреди | уреди извор]
  1. 1,0 1,1 „KOVAŠKI MUZEJ KROPA“. kropa.org. Посетено на 25. 3. 2020. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  2. „Kovaški muzej Kropa“. mro.si. Посетено на 25. 3. 2020. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  3. „Kropa Iron Forging Museum“. culture.si. Посетено на 25. 3. 2020. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  4. „Iron Forging Museum“. museums.si. Посетено на 25. 3. 2020. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  5. „Iron Forging Museum“. radolca.si. Посетено на 25. 3. 2020. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)