Jericho Tavern

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Jericho Tavern (изговорено: Џерико таверн) ― паб и место за одржување на музички настани во областа Џерихо во Оксфорд, Англија, кој се наоѓа на улицата Волтон 56. Кон крајот на осумдесеттите и раните деведесетти години, пабот бил важен дел од музичката сцена што ги создала бендовите „Ride“, „Radiohead“ и „Supergrass“.[1]

Историја[уреди | уреди извор]

Radiohead“ настапиле во пабот во 1986 година под името „On A Friday“.[2] „Supergrass“ обезбедиле договор за снимање на плоча по изведбата на свирка таму во 1994 година.[3]

Пабот бил откупен во 90-тите години од минатиот век од ланецот „Firkin“. Така, пабот станал дел од ланецот пабови „Scream“, а потоа бил вратен како место за музички настани во 2005 година. Заедно со неколку други пабови во Оксфорд, сега е во сопственост на „Mitchels & Butlers“.[4][5]

Други изведувачи кои настапиле во пабот ги вклучуваат „Mumford and Sons“, „Stornoway“,[6] „BΔSTILLE“, „Summer Camp“, „Tennis“, „Bombay Bicycle Club“, „Palma Violets“, „Razorcuts“, „Lianne Ла Havas“, „Savages“, Џејмс Винсент Мекороу, Бен Хауард, „Foals“ и Чад Вели, „Pulp“ и „The Easter Island Statues“,[7] „Dropstone“.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Barnaby, Julianna. „Jericho Tavern Restored - News - The Oxford Student - Official Student Newspaper“. www.oxfordstudent.com. Архивирано од изворникот на 2008-04-15. Посетено на 28 јануари 2021.
  2. „Radiohead, Foals and 25 years of discovering Oxford music - BBC News“ (англиски). BBC News Online. Посетено на 28 јануари 2021. It meant he saw Ride's first public gig at the Jericho Tavern. "People came in as they were sound-checking and were applauding. They were stunning. They blew the place apart. "Everything suddenly went mad, word got out, and they got rave reviews in the NME and Melody Maker."
  3. „BBC - Top of the Pops 2 - Top 5“. BBC. Посетено на 28 јануари 2021. that was ok because a gig at the Jericho Tavern in 1994 was replete with a veritable herd of slavering record company A&Rs
  4. „Jericho Tavern - The Oxford Guide“. oxford.openguides.org. Посетено на 28 јануари 2021.
  5. „The Jericho Oxford - Terms and conditions“. The Jericho. Посетено на 28 јануари 2021. The Jericho is a trading name of Mitchells & Butlers Leisure Retail Limited
  6. „Jericho Tavern - The Oxford Guide“. oxford.openguides.org. Посетено на 28 јануари 2021.
  7. Parkinson, Hannah Jane (1 април 2014). „The gig venue guide: The Jericho Tavern, Oxford“. The Guardian. Text " access-28 јануари 2021" ignored (help)