Jадење

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Горила јаде овошје.

Јадењето (исто така познато исто така и како конзумирање) е земање храна за да се обезбеди организмот со потребните хранливи или медицински потреби, особено за енергија и растење. Животните и останатите хетеротрофи мора да јадат со цел да преживеат: месојадците јадат други животни, тревопасните животни јадат растенија, омниворите консумираат мешавина од растително и животинско потекло, а детриворите јадат детритус. Габите ја варат органската храна надвор од нивните тела, за разлика од животните кои ја варат храната во своите тела. За луѓето, јадењето е секојдневна активност.

Навики за јадење на луѓето[уреди]

Многу домови имаат кујна или надворешна (во тропските предели) кујнна која се користи за приготвување оброци и храна. Може да имаат и трпезарија или друг дел одреден за јадење. Некои возови имаат вагон-ресторан. Сребрениот прибор, приборот за јадење и пиење и садовите за готвење доаѓаат во широк спектар на форми и големини. Повеќето општества исто така имаат ресторани, како и готова храна која може да се купи низ улиците, така што луѓето може да јадат надвор од дома, кога немаат доволно време за да си подготват храна или во некоја социјална прилика (клубови за јадење). На највисокото ниво на софистицираност, овие места постануваат „ театарски спектакли на глобален космополитизам и мит“. На излети, или фестивали за храна, јадењето, всушност е примарна цел на социјаните собири. На многу социјални настани, храна и пијалоци им се оставени на располагање на присутните гости.

Луѓето обично имаат по два или три оброка на ден. Помали ужинки може да се консумираат меѓу оброците. Некои не сакаат ужинка, но сепак се трудат да запазат три оброка на ден (по 600 калории за оброк) на секои 4 до 6 часа. Ако имате три добро балансирани оброци ( така што ½ од чинијата да биде полна со зеленчук, ¼ со протеинска храна како месо... и ¼ јагленихидрати како тестенини, ориз...) ќе може да заокружите на 1800 – 2000 калории, што е просечната потреба за луѓето.

Прашањето за здравата исхрана долго време било главна грижа на поединци и култури. Покрај другото, постот, диетите и вегетаријанството се едни од техниките воведени од поединци и поддржани од општеството, кои помагаат да се зголеми долговечноста и здравјето. Некои религии го промовираат вегетаријанството, сметајќи дека е погрешно да се консумираат животните. Водечките нутриционисти сметаат дека е многу поздраво и полесно за метаболизмот да се јадат 5 оброка дневно, наместо три (на пример: пордобро варење, му се олеснува на долното црево за да ги исфрли отпадните материи, бидејќи поголемите оброци се потешки за дигестивниот тракт и може да се користат лаксативи). Сепак, психијатрите од училиштето за медицина - „Yale“ откриле дека луѓето кои страдаат од пореметување на исхраната и консумираат 3 оброка на ден, тежат помалку од оние кои јадат почесто. Јадењето, исто така може да биде еден од начините за заработување пари.

Позиции за јадење[уреди]

Бебињата почнуваат да јадат храна со раце помеѓу 8 и 12 месеци.

Позициите за јадење се разликуваат во разни региони во светот каде многуте култури влијаат на начинот на кој луѓето ја јадат храната. Во повеќето од земјите на Блискиот Исток, најчесто се јаде додека се седи на земја и се верува дека е тоа поздраво отколку да седите на маса.

Развојот на јадењето кај луѓето[уреди]

Новородените бебиња не јадат храна која е наменета за возрасни. Тие преживуваат единствено од мајчиното млеко или формула. Доенчињата на возраст од 2 до 3 месеци понекогаш се хранат со мали количини на пасирана храна, но повеќето од доенчињата не покажуваат интерес за храна се дури не дојдат на возраст од 6 до 8 месеци. Малите бебиња јадат пасирана бебешка храна бидејќи имаат неколку заби и нераззвиен дигестивен систем. На околу 6 месечна возраст, многу бебиња почнуваат да јадат храна со прстите, иако нивната исхрана се уште е ограничена, бидејќи тие немаат катници и песјаци на оваа возраст. На 18 месеци бебињата веќе имаат заби за да може да ја јадат истата храна како и возрасните. Процесот на учење како да јадат е сложен процес за децата и тие често не ги владеат уредноста и етиката при јадење се додека не дојдат до 5 или 6 годишна возраст.

Емоционално јадење[уреди]

Емоционалното јадење е „тенденцијата да се јаде како одговор на негативните емоции“. Емпириските истражувања покажале дека анксиозноста доведува до намалена потрошувачка на храна кај луѓето со нормална тежина и зголемена потрошувачка на храна кај подебелите луѓе.

Многу лабораториски истражувања покажале дека луѓето со прекумерена тежина повеќе се емоционално реактивни и поголема е веројатноста да се прејадат кога се под стрес отколку луѓето со нормална тежина. Дури, постојано се докажува дека подебелите лица почесто и поинтензивно ги доживуваат негативните емоции отколку луѓето со нормална тежина.

Натуралистичкото истражување на Lowe and Fisher ги споредува емоционалната реактивност и емоционалното јадење на студентките со нормална и со прекумерена тежина. Истражувањето ја потврдило тенденцијата на подебелите поединци кон прејадување, но овие наоди се однесуваат само на ужинки, не на оброци. Тоа значи дека овие поединци немаат тенденција да јадат повеќе за време на главните оброци, туку се зголемила количината на ужинки која ја изеле меѓу оброците. Едно можно објаснување кое го предлагаа Lowe and Fisher беше дека подебелите лица често своите оброци ги јадат со други луѓе и не јадат повеќе од просечното, како резултат на намалувањето на стресот поради присуството на другите луѓе. Друго можно објаснување би било дека подебелите лица не јадат повеќе отколку другите лица како резултат на социјалната привлечност. Спротивно на ова, ужината најчесто се јаде кога си сам.

Глад и ситост[уреди]

Постојат многу физиолошки механизми кои го контролираат почетокот и крајот на оброкот. Контролата на внесувањето на храната е физиолошки комплекс, мотивиран систем на однесување. Хормоните како холецистокинин, bombesin, neutrotensin, anorectin, калцитонин, enterosatin, лептин и адренокортикотропен ослободувачки хормон се прикажани за да се потисне земањето на храна.

Иницирање на јадење[уреди]

Постојат многу сигнали кои иницираат дека она што го чувствуваме е „глад“. Тоа се сигнали од средината, сигнали од гастроинесталниот систем, и сигнали од метаболниот систем кои ја активираат гладта. Сигналите од животната средина доаѓаат од сетилата на телото. Чуството на глад може да се активира преку мирис или преку помислата на храна, поглед упатен кон чинија, или преку слушање на некој кој зборува за храна. Сигналите од стомакот се иницирани од ослободувањето на пептид хормонот ghrelin. Тоа е хормон кој го зголемува апетитот сигнализирајќи му на мозокот дека личноста е гладна. Сигналите од средината и ghrelin не се единствените сигнали кои ја иницираат гладта, постојат и метаболни сигнали. Како што минува времето меѓу оброците, телото почнува да се храни со долгорочните резерви. Кога нивото на гликоза во клетките опаѓа (glucoprivation), телото започнува да продуцира чуство на глад. Телото, исто така ја стимулира гладта преку откривање на капка во мобилните липидни нивоа (lipoprivation). И мозокот и црниот дроб го следат нивото на метаболичките горива. Мозокот проверува недостаток на гликоза на неговата страна на крвно-мозочната бариера (бидејќи гликозата е неговото гориво), додека црниот дроб го следи останатиот дел од телото и открива капка во мобилните липидни нивоа и недостаток на гликоза.

Престанување со јадењето[уреди]

Постојат краткорочни сигнали на ситост кои доаѓаат од главата, стомакот и цревата, како и од црниот дроб. Долгорочните сигнали на ситост доаѓаат од масното ткиво. Вкусот и мирисот на храната може да придонесе за долгорочна ситост. Тоа му овозможува на телото да примети кога да престане со јадење. Стомакот содржи рецептори кои ни овозможуваат да забележиме кога е доволно. Цревата исто така содржат рецептори кои испраќаат сигнали за ситост до мозокот. Хормонот cholecystokinin се излачува преку дуоденумот, и ја контролира брзината со која се празни стомакот. Овој хормон се смета дека е сигналот за ситост на мозокот. Пептид YY 3-36 е хормон кој се ослободува од тенкото црево и исто така се користи за да испрати знак за ситост до мозокот. Инсулинот, исто така, служи како знак на ситост за мозокот. Мозокот открива инсулин во крвта, што укажува на тоа дека хранливите состојки се абсорбираат во клетките и личноста се заситува. Долгорочната ситост доаѓа од мастите кои се складираат во масното ткиво. Масното ткиво го излачува хормонот лептин, а лептинот го потиснува апетитот. Долгорочните сигнали на ситост од масното ткиво ги регулираат краткорочните сигнали за ситост.

Улогата на мозокот за време на јадењето[уреди]

Мозокот може да го контролира внесувањето на храна, бидејќи има нервни завршетоци кои ја детектираат гладта од другите делови на телото. Учеството на мозокот при внесувањето на храна се истражувало преку стаорци. Стаорците на кои моторните неврони во мозокот им биле исклучени од нервните завршетоци на мозочните хемисфери (decerebration), не биле во состојба да и пристапуваат на храната или да јадат. Наместо тоа, тие ја добивале својата храна во течна форма. Ова истражување покажува дека мозокот има улога при јадењето.

Постојат два пептиди во хипоталмусот кои произведуваат глад, меланин концентриран хормон (MCH) и орексин. MCH игра поголема улога во создавањето на гладта. Кај глувците, MCH го стимулира хранењето и мутацијата предизвикува хиперпродукција на MCH да доведе до прејадување и ситост. Орексинот игра важна улога во контролирањето на односот меѓу јадењето и спиењето. Другите пептиди во хипоталмусот кои го поттикнуваат јадењето се невропептидот Y (NPY) и ауготи – поврзан протеин (AGRP).

Ситоста во хипоталамусот е стимулирана од лептинот. Лептинот цели кон рецепторите на јадрото - arcuate и ја потиснува секрецијата на MCH и орексин. Јадрото - аrcuate исто така содржи уште две пептиди кои ја поттиснуваат гладта. Првиот е CART ( кокаин и амфитамин – регулиран препис), а вториот е α-MSH (α-melanocyte- стимулирачки хормон).

Нарушувања[уреди]

Физиолошки, јадењето е предизвикано од гладта, но постојат многу физички и психички услови кои може да влијаат врз апетитот и да го нарушат нормалното јадење. Тука се вклучува депресијата, алергија на храна, голтање на некои хемикалии, булимија, анорексија, нервоза, хипофиза и други ендокрини проблеми, и многубројни други болести и нарушувања во исхраната.

Хроничниот недостаток на здрава храна може да предизвика разни болести, и на крај може да доведе до глад. Кога ова се случува пречесто, тоа се вика прегладнетост.

Ако не е можно јадење и пиење, како што често е случај кога една личност се опоравува од операција, алтернативи се ентерална и парентерална исхрана.

Види исто така[уреди]