Interpret Europe

Од Википедија — слободната енциклопедија
ТипМеѓународна асоцијација
Основана2010 (2010)
Опслужувано подрачјеЕвропа
ЗадршкаТолкување на наследството
Членови1216 во 48 држави (2019)
Мреж. местоinterpret-europe.net
interpreteuropeconference.net

Interpret Europe – European Association for Heritage Interpretation (Толкувај ја Европа – европска асоцијација за интепретирање на наследството) — меѓународна непрофитна организација, чијашто цел е да им помага на своите членки и на сите оние коишто го користат личното искуство, за да откријат подлабоко значење на природното и културното наследство.

Толкувај ја Европа поттикнува дијалог и партнерство помеѓу здруженијата и универзитетите, организациите и стручните лица што делуваат на полето на наследството од 42 земји.

Историјат[уреди | уреди извор]

Толкувањето на наследството е развиено во националните паркови на САД, во текот на првата половина на 20. век, и е првично дефинирано од страна на Фриман Тилден во 1957 година. Првата национална асоцијација во Европа е Society for the Interpretation of Britain’s Heritage (Друштво за толкување на наследството на Британија), востановено во 1975 година. Толкувај ја Европа на почетокот беше развиена како отворена мрежа во 2000 година, додека асоцијацијата беше формално востановена во 2010 година.

Организација[уреди | уреди извор]

Толкувај ја Европа делува на принцип на два потопорни столбови, со Извршен одбор на директори и Надзорен комитет. Одборот на директори раководи со организацијата и се состои од најмалку двајца членови. Секој од нив е овластен да делува како правен застапник. Одборот на директори е назаначуван од страна на Надзорниот комитет, којшто се состои од девет членови. Надзорниот комитет се избира од страна на Генералното собрание, коешто мора да ги одобри активностите, како на Одборот на директори, така и на Надзорниот комитет.

Цели[уреди | уреди извор]

Толкувај ја Европа поттикнува истажувања и практики на полето на толкување на наследството. Толкување на наследството е неформален пристап кон учењето, којшто ги охрабрува луѓето да трагаат по значења што им ги нудат природното или културното наследство, преку лично искусување на места, предели, предмети или настани. Тоа е пристап распространет низ целиот свет, којшто се применува претежно во заштитените предели, на споменичните места, во музеите или во зоолошките и ботаничките градини.

Толкувај ја Европа сѐ промовира себе сѝ како Европска платформа за соработка и размена помеѓу овие институции, како и со универзитетите коишто го имаат толкувањето на наследството како наставен премдет.

Активности[уреди | уреди извор]

Толкувај ја Европа одржува конференции, зема учество во меѓународни проекти и организира обуки. Конференциите обично се состојат од најмногу 100 презентации, работилници и студиски посети, при што повеќето од учесниците имаат активен придонес во некои од нив. Конференции на Толкувај ја Европа досега се одржани во Германија (2011), Италија (2012), Шведска (2013), Хрватска (2014) и Полска (2015). Конфернцијата на Толкувај ја Европа во Белгија во 2016 година беше посветена на темата „Толкување на наследството – за иднината на Европа“ и на неа беше расправано за тоа како искуството од посета на историски места придонесува кон проширување на сознанијата поврзани со човековите права, граѓансикот активизам и мирот.

Меѓународните проекти се насочени кон различни теми и прашања, вклучително и развојот на европски критериуми за квалитет (проектот LEADER “Transinterpret”, проектот Leonardo “TOPAS”), развивање на понуди за курсеви на обука (проектот Leonardo “HeriQ), работа со специфични групи на посетители (проектот Grundtvig “HISA”), како и делување на полето на пристапи кон учењето засновани на компетитивност (проектот Leonardo “IOEH”, проектот “InHerit”, проектот Erasmus + “HIMIS”).

Обуките се орагнизираат на различни јазици и, во моментов, во фокусот се сертифицирани курсеви за интерпретивни водичи, интерпретивни домаќини и писатели на интерпретивни текстови во објекти и наоѓалишта поврзани со посетители, како што се паркови или музеи.

Соработка[уреди | уреди извор]

Итерпретирај ја Европа е дел од глобална алијанса, имајќи предвид дека остварува тесна соработка со Националната асоцијација за интерпретација (САД), Толкување Канада, Толкување Австралија и други мрежи и иницијативи. Во Европа, во тек се заеднички проекти со Association for Heritage Interpretation – Асоцијација за толкување на наследството (Обединето кралство), Sdruženī pro interpretaci místního dědictví (Чешка република) и со Да ја толкуваме Хрватска (Хрватска). Толкувај ја Европа исто така остварува размена со Asociación para la Interpretación del Patrimonio (Шпанија) и Associação de Interpretação do Património Natural e Cultural (Португалија). Толкувај ја Европа дава поддршка и во развојот на други национални асоцијации во Европа.