Imperium (Kracht)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Империја е роман од швајцарскиот писател Кристијан Крахт. Македонскиот превод беше објавен во ноември 2015 година во издание на издавачката куќа Блесок од Скопје во соработка со СловоКулт Берлин.

Содржина[уреди | уреди извор]

Кристијан Крахт во Империја наново ја раскажува приказната на ескапистот Аугуст Енгелхарт (August Engelhardt) од Нирнберг. Во почетокот на XX век Енгелхарт патува во тогашната колонија Германска Нова Гвинеја, за таму да купи и да управува со кокосова плантажа. Неговата зацртана цел: како деклариран вегетаријанец да се исхранува исклучиво од кокосовиот орев. 

Во општеството во време на Германското Царство на Вилхелм, Енгелхарт надвор од потесните кругови на истомисленици наидува на одбивање за своите напредни ставови и планови. Како нудист тој бил повеќе пати уапсен и исмејан. После тоа со извесна сума пари тргнува кон Јужниот Пацифик со намерата да основа заедница на приврзаници на сонцето. За време на патувањето го сретнува Тамилот Говиндарајан, кој најпрвин делува како истомисленик и ја придобива довербата на Енгелхарт. Тоа му овозможува да го ограби мамејќи го со посетата на храмот на Буда во Цејлон

Без разлика на загубата, Енгелхарт сепак патува понатаму и од велепоседничката Ема Форсајт (Emma Forsayth) ја купува кокосва плантажа на за неа безвредниот остров Кабакон (Kabakon). На островот Енгелхарт вработува домородци да ги берат кокосовите ореви кои планира да ги извезува во Германското царство. Енгелхарт планира да го отплаќа островот преку своите производи, но бидејќи парите немаат никаква вредност за него, овој план кој треба да трае неколку години не е успешен.  

Во романот се појавуваат повеќе маркантни личности кои на различни начини се поврзуваат со протагонистот Енгелхарт, но ниту една од нив не може да ја сопре неговата пропаст. Неговата трага се губи, но после втората светска војна Енгелхарт бива откриен од американски војници на еден друг остров, речиси направен скелет и психички растроен, но сепак жив.

Романот завршува со почетокот на холивудскиот филм кој е снимен според животот на Енегелхарт.

Преводи[уреди | уреди извор]

Империја досега е преведен на шпански, кореански, турски, дански, руски, англиски, шведски, норвешки италијански, чешки и македонски 

Рецепција[уреди | уреди извор]

Новинарот Георг Диц во 2012 година по повод објавувањето на Империја напиша во Шпигел Der Spiegel, дека Крахт во романот пропагира расистички идеи, што е секако само извртено гледиште за роман кој критичарот очигледно не го ни разбрал. Тоа го пишуваат неколку други книжевни критичари, кои забележуваат дека Диц нема смисла за иронијата и хуморот на Крахт [1] Felicitas von Lovenberg во Frankfurter Allgemeinen Zeitung зборува за „Обид да се уништи едно ново книжевно издание преку сосема некнижевен начин на читање “[2] И социологот Manfred Clemenz забележува дека во оваа критика се работи за погрешно сфаќање на книжевноста.[3]

Наспрема оваа негативна критика[4] која предизвика разни реакции, постои мнозинство од позитивни рецензии за романот како онаа од Felicitas von Lovenberg[5] Julia Encke, Richard Kämmerlings за Welt[6] или Erhard Schütz im Freitag[7], Lothar Schröder во Rheinische Post:[8]

Награди[уреди | уреди извор]

  • 2012: Голема награда за литература на градот и кантонот Берн  - Grosser Literaturpreis von Stadt und Kanton Bern[9]
  • 2012: Награда за литература Вилхелм Рабе  Wilhelm-Raabe-Literaturpreis[10]

Einzelnachweise[уреди | уреди извор]

  1. Jan Küveler: Kritiker schreit Nazi-Mordio gegen Christian Kracht. http://www.welt.de/kultur/literarischewelt/article13866600/Kritiker-schreit-Nazi-Mordio-gegen-Christian-Kracht.html
  2. Felicitas von Lovenberg: Kein Skandal um Christian Kracht, Artikel, 15.
  3. Manfred Clemenz: Literatur und „demokratischer Diskurs“ in L.I.S.A.
  4. Georg Diez (на германски), Meine Jahre mit Kracht. In: Der Spiegel 09/2012 
  5. Felicitas von Lovernberg: Ein kultischer Verehrer von Kokosnuss und Sonnenschein.
  6. Richard Kämmerlings: Der einzig wahre Gott ist die Kokosnuss.
  7. Erhard Schütz: Kunst, kein Nazikram.
  8. Lothar Schröder, Rheinische Post, "Imperium" – der große Roman von Christian Kracht. http://nachrichten.rp-online.de/kultur/imperium-der-grosse-roman-von-christian-kracht-1.2714877
  9. abgerufen am 11.
  10. Wilhelm-Raabe-Literaturpreis 2012 für Christian Kracht Bücher.at, abgerufen am 4.