Imperia Online Ltd

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

{{Infobox company | име = „Империја Оналјн“ АД | лого = | px = 250 | тип = Еднолично акционерско друштво | индустрија = Игри | жанр = Стратегии во реално време, Потезни стратегии, Мобилни игри, Групни игри, [[Игра за веб-прелистувач|Игри за веб-прелистувач | основање = 2009 | Основачи = Мони Дочев, Доброслав Димитров | град = Софија | држава = Бугарија | вработени = 70+ | веб-страна = www.imperiaonline.bg }}

„Империја Онлајн" АД е бугарска компанија за разработка и распространување на игри, основана од Мони Дочев и Доброслав Димитров.[1][2] Со локација во Софија, Бугарија, компанијата на почеток основно концентира на создавање на игри за веб-прелистувач, а нејзин главен наслов е Империја Онлајн, но покасно започнува да разработува и мобилни игри.[3][4]

На 21-ви септември 2018 година Империја Онлајн станува дел од Stillfront Group – група на независни креатори, издавачи и распространувачи на игри. Stillfront оперира преку единаесет скоро автономни подружници: Империја Онлајн во Бугарија, Bytro Labs, OFM Studios, Goodgame Studios и Playa Games во Германија, Coldwood Interactive во Шведска, Power Challenge во Велика Британија и Шведска, Dorado Online Games во Малта, Simutronics во САД, Babil Games во ОАЕ и Јордан, и eRepublik во Ирска и Романија. Игрите на Stillfront се распространуваат по целиот свет. Главните пазари се Геманија, САД, Франција, Велика Британија, Блискиот исток, Северна Африка. [5]

До 2019 година компанијата има над 25 игри во своето портфолио и и уште неколку во процес на изработка. . „Империја Онлајн" АД моментално разработува игри за [[Игра за веб-прелистувач|Игри за веб-прелистувач, iOS, Android, Windows Phone, Steam и социјални мрежи како Facebook, Одноклассники и Vkontakte. .]][6]


Историја[уреди | уреди извор]

  • „Империја Онлајн" АД е официјално создадена во септември 2009 г., но идејата за неа се раѓа заедно со нејзиниот основен производ - стратегијата во реално време Imperia Online уште во 2005 година. Деталното истражување и изработувањето на гејмплеј механиката и програмскиот код се извршуваат од основачите на играта - Доброслав Димитров - дизајнер на гејмплејот - и Мони Дочев - (во тој период) програмер на слободна пракса.[7]
  • Во јануари 2005 идејата преминува во концепт и на 23-ти август Ера 1 во Свет 1 во Империја Онлајн е официјално пуштена и историјата започнува.
  • Во 2006 се пуштени светови со 2 нови надоградувања на Империја Онлајн. Играта е преведена на 12 јазици, благодарение на преведувачи на слободна пракса и на преведувачите кои ги вработила компанијата. ИСтата година се организира и првиот од овој вид натпревар во Империја онлајн – „Инвазија на Номади“.
  • Во 2007 „Империја Онлајн" АД ја пушта Галактичка империја (Galactic Imperia) - нов веб-базиран проект со модерен воен контекст.
  • После подготовка на концепт и изградба на механиката на игра во тек на една година, во март 2008 г. е пуштена и играта Глобални војни (Global Wars).
  • Во 2009 „Империја Онлајн" АД ја објавува својата прва игра со улоги - Империјален Херој (Imperial Hero). Насловот е претставен после едногодишна работа.
  • Истата година е пуштена и играта Ludo ("Не лути се, човече!") за iOS и Facebook - класичната потезна игра за маса што веќе може да се игра онлајн со илјадници реални играчи.
  • Следната година - 2010-та - „Империја Онлајн" АД ја пушта и Онлајн Артилерија - потезна стрелба со оружја.
  • Во 2011 за прв пат се одржува Светско првенство во Империја Онлајн. Победник е бугарската репрезентација.
  • Во 2012 се одржува второто Светско првенство, победник повторно е бугарската репрезентација.
  • Средновековната стратегија официјално се појавува во Apple App Store.
  • Во 2012, „Империја Онлајн" АД е на изложбата на On!Fest.
  • Во 2013 се одржува третото Светско првенство, овој пат освоено од хрватската репрезентација.
  • Дотогаш веќе има над 100 луѓе вработени во компанијата и е отворено и првото училиште за разработувачи на игри - – Imperial Training Camp.
  • Во 2013 основниот производ на компанијата - Империја Онлајн - продолжува да расте и добива верзии за iOS и најголемата руска социјална мрежа - Одноклассники.
  • Во истата година станува достапна и за Android корисници.
  • Покасно во 2013 е лансирана и најновата и моментална верзија на Империја Онлајн - Верзија 6, наречена „Големите луѓе“ со чисто нов графички дизајн и обогатен и разнороден гејмплеј.
  • Во 2013, „Империја Онлајн" АД е на изложба на Gamescom, Dubai World Game Expo и On!Fest.
  • Во истата година компанијата ја спонзорира бугарската репрезентација по Boogie Woogie танци на Светското првенство во Москва, Русија. „Империја Онлајн“ АД исто така го спонзорира и Sofia Game Jam, Intergame, Tallinn и #archHackaton.
  • Во 2014 „ИО: Големите луѓе“ е најавена и за Android, Windows Phone,[8] и Facebook; Microsoft ја избира Imperia Online за својот ‘Featured’ дел во Windows Store.[9]
  • Во втората половина на 2014, „Империја Онлајн" АД објавува неколку мобилни игри, почнувајќи со Mad Moles и Online Artillery 2 во август - и двете за iOS и Facebook.[10] Подоцна истата година, Mad Moles пушта и Android верзија.
  • Во октомври 2014 е објавена Rocket Chameleon за iOS[11], а покасно и за Android.[12]
  • Во ноември 2014 „Империја Онлајн" АД ја објавува Egg Tales за iOS.[13] - аркадна игра што ги следи авантурите на јајце што паднало од своето грездо во страшна пештера. Играта брзо се искачи на врвот на бугарската App Store во категорија „Бесплатни“.
  • Во меѓувреме - од средината на октомври до крајот на ноември 2014, се одржува четвртото Светско првенство во Империја Онлајн, овој пат победник е Бразил.[14]
  • Во 2014 „Империја Онлајн" АД ја спонзорира експедицијата со кајак „Black Sea Solo" и HackFMI.
  • Во 2014 „Империја Онлајн" АД е на изложбата на Gamescom, Cologne и Intergame, Tallinn.
  • „Империја Онлајн" АД е помеѓу главните спонзори на Launchub.[4]
  • „Империја Онлајн" АД е член на BAIT (Бугарска асоцијација за информатички технологии) и BASSCOM (Бугарска асоцијација за софтверски технологии).
  • Во јануари 2015 „Империја Онлајн" АД ја објавува средновековната потезна стратегија Seasons of War за Android[15] што му овозможува на играчот да стане гувернер на далечен императорски град и да ги гради своите поседи преку мудро управување.
  • Во 2015 г. играта со улоги Imperial Hero II - римејк на Imperial Hero е објавена за Android, Facebook и веб.
  • Империја Онлајн за Windows Phone е објавена од Game Troopers и е „featured title“ во Xbox.
  • Во 2015 Seasons of War е лансирана за iOS.
  • Во јануари 2015 Jolly Join е лансирана за iOS - шармантна „color match” сложувалка со едноставни правила.
  • Истиот месец компанијата ја објавува и Golem Wars за iOS - фантастична потезна стратегија.
  • Во февруари 2015 излегува Robo Risk за iOS - Sci-Fi симулатор за качување со автоматско генерирање на нивоа и бескраен гејмплеј.
  • Истиот месец „Империја Онлајн" АД ја пушта и Cluster Six за iOS - „side-scroller” игра што го испраќа играчот во иднината.
  • Во истото време е пуштена и Egg Tales за Android.
  • Во јуни 2015 „Империја Онлајн" АД ја објавува Ishi за Android - аркадна игра каде што играчот контролира камено суштество наречено Ishi. Задачата му е успешно да преминува низ темни длабоки пештери, додека собира скапоцени камења и победува гадинки.
  • Во октомври 2015 „Империја Онлајн" АД ја објавува Ludo Blitz за iOS, Android и Facebook. Играта е надоградена верзија на ИО Ludo (Не лути се, човече!) од 2009.
  • Истиот месец е објавена и FlapOTron 3D Touch за iOS. Играчите треба да избегнуваат да ги допрат кулите употребувајќи 3D Touch за да го контролираат електронот.
  • Повторно во октомври 2015, „Империја Онлајн" АД го посети Game Connection во Париз, каде што оперативниот директор, Цветан Русимов, беше говорник на настанот.[16]
  • Во ноември 2015 Online Artillery 2.0 е пуштена за Android, како и специјална 3D Touch верзија за iPhone 6s.
  • Во 2015 г. „Империја Онлајн" АД е на изложбата Gamescom.
  • Во декември 2015 е пуштена Ishi GO за iOS. Уште една заразна игра во којашто со помош на 3D Touch контрола играчите треба да поминуваат низ карпи и да собираат поени за секоја помината пречка.

Цифри[уреди | уреди извор]

  • Од јануари 2016 „Империја Онлајн" АД има повеќе од 35 милиони регистрирани корисници за својата основна игра - Империја Онлајн.
  • Facebook страните на компанијата и нејзините игри имаат скоро 650 000 фанови.
  • Годишниот приход на „Империја Онлајн" АД за 2014 г. е 6,7 милиони евра.
  • Приходот за периодот 2005-2014 е 22,7 милиони евра.
  • Канцеларијата на компанијата има над 3 000 квадратни метри и се наоѓа во една од најлуксузните деловни згради во Бугарија - Infinity Tower.[17]
  • Од јануари 2016 „Империја Онлајн" АД има над 160 вработени.
  • „Империја Онлајн" АД и нејзините производи се познати во над 170 држави.

Игри[уреди | уреди извор]

Наслов Година Платформи Жанр
Imperia Online 2005 Веб-прелистувач, iOS, Android, Windows Phone MMORTS
Galactic Imperia 2007 Веб-прелистувач MMORTS
Global Wars 2008 Веб-прелистувач ONLINE
Imperial Hero 2009 Веб-прелистувач MMORPG
Ludo 2009 iOS, Веб-прелистувач Family board game
Online Artillery 2010 Веб-прелистувач Turn-based cannon shooter
Mad Moles 2014 iOS, Android, Веб-прелистувач Whac-a-mole
Online Artillery 2 2014 iOS, Android, Веб-прелистувач Turn-based cannon shooter
Rocket Chameleon 2014 iOS, Android Color matching, Side-scroller
Egg Tales 2014 iOS, Android Arcade, Jumper
Ishi 2015 Android Arcade game
Seasons of War 2015 iOS, Android TBS
Ludo Blitz 2015 iOS, Android, Facebook Family board game
Golem Wars 2015 iOS TBS
Jolly Join 2015 iOS Puzzle game
Cluster Six 2015 iOS, Apple TV Side-scroller game
Robo Risk 2015 iOS Climbing simulator
YoHoHo 2015 iOS Arcade game
FlapOTron 2015 iOS Arcade game
Ishi GO 2015 iOS Arcade game
Imperial Hero II 2015 Веб-прелистувач, Android, Facebook MMORPG


Обука[уреди | уреди извор]

Во 2013 г. „Империја Онлајн" АД го формира првото од овој вид бесплатно училиште за програмери на игри во Бугарија. На почеток се нарекува „Imperial Training Camp” и првата сезона обучува 40 ентузијасти за професионалната сфера на PHP/MySQL и Java/Android. 20 луѓе од 40 што го завршиле курсот, се вработени од „Империја Онлајн" АД, а преостанатите се препорачани во други компании за софтвер.

Втората сезона привлекува уште поголем интерес и овој пат квотата е зголемена на 80 луѓе, поделени во 4 групи по 20. 30 од 62 луѓе што завршуваат, веднаш се вработени во „Империја Онлајн" АД.

За третата сезона на „Империја Онлајн" АД ѝ се придружува и друга бугарска компанија - Trader.bg, а училиштето е преименувано на „IT Talents Training Camp”. Дотогаш курсовите биле за PHP/ MySQL, Java/ Android, JavaScript, Objective-C/iOS и Java SE / Java EE. Во јануари 2015 завршува третата сезона и поголем дел од 115-те учесници се вработени.

Во текот на есента 2015, за 5-тата сезона веќе има 170 успешно реализирани учесници во академијата. „IT Talents Training Camp” веќе е во партнерство со над 30 компании од ИТ индрустријата со тоа што им обезбедува обучени ИТ специјалисти. Во октомври 2015 г. иницијативата регистрира рекордни 3284 поднесени барања за учество од кои се избрани најмотивираните 215 кандидати за да учествуват во интензивниот 6-месечен курс.

Аутсорсинг[уреди | уреди извор]

Во мај 2015 г. „Империја Онлајн" АД ја основа приватната компанија за ИТ аутсорсинг, наречена „Империја Мобајл“ АД. До крајот на годината новиот оддел, управуван од Радослав Гајдарски, веќе има успешно реализирани над 10 проекта. Аутосорсинг компанијата предлага полн спектар на услуги за да биде направен технички проект и да бидат надминати секакви предизвици, ослонувајќи се на целосниот капацитет на повеќе од 180 професионални програмери, дизајнери, уметници и специјалисти за бизнис развој, кои работат во „Империја Онлајн" АД.


Награди и номинации[уреди | уреди извор]

  • „Империја Онлајн" АД е номинирана во категориите „Образование“ и „Корпоративна и социјална одговорност“ за наградите на BAIT во 2013.
  • „Империја Онлајн" АД е прогласена за „ A Rising Star“ од класирањето на Deloitte за ИТ компании во Европа што најбрзо се развиваат за 2014 г. со прираст во приходите од 498%.[18][19]
  • „Империја Онлајн" АД е номинирана во три категории на Game Connection Awards 2014:[20]
    • ‘Promising IP’
    • ‘Desktop Downloadable’
    • ‘Hardcore Game’
  • „Империја Онлајн" АД е номинирана за „Разработувач на апликации за 2014-та“ во The Appsters.[21][22]
  • Во 2015 г. „Империја Онлајн" АД е наградена од Deloitte како 14-тата ИТ компанија со најбрз раст во Централна Европа, со растеж на приходите од 592% за периодот од 2011 до 2014 г. [23]

Истата година, „Империја Онлајн" АД е номинирана во три категории за бизнис наградите на Forbes Бугарија 2015:

  • Работник на годината
  • Развој на бизнисот
  • Развој на човечките ресурси

Илијан Илиев, вработен во „Империја Онлајн" АД, беше награден со 2-ро место во категоријата „Работник на годината“ од списанието Forbes Бугарија.[24]

Во 2016 г. двата албуми со музиката на Империја Онлајн беа претставени во „Hot New Releases“ во Amazon во категорија Soundtrack (најпродавани нови претставени производи). Музиката на композиторот Христо Христов се искачи во Топ 10 во Amazon.de Германија. [25]

Корпоративна социјална одговорност[уреди | уреди извор]

  • „Империја Онлајн" АД секоја година спонзорира многу ИТ иницијативи како HackFMI и Бугарска PHP конференција, со цел да помогне во развојот на ИТ секторот во Бугарија.
  • Компанијата постојано презема внатрешни иницијативи како собирање на пластични капачиња, батерии за рециклирање, а исто така и учествува и во меѓународни кампањи како „1 час без струја“ со цел одржување на животната средина.
  • Компанијата се ангажира да им помага на децата во Бугарија преку донирање во иницијативи како Бугарскиот Божиќ и организирање на добротворни акции за детски домови.
  • „Империја Онлајн" АД значително ја има намалено употребата на хартија со тоа што разработува сопсвени системи за секој процес за којшто може да се избегнат печатени документи.
  • Вработените имаат многу придобивки како бонуси за тоа што не биле отсутни, за тоа што препорачале нов колега, за раѓање или посвојување на дете, како и покривање на здравствени грижи.
  • Сите вработени имаат пристап до сала за игри, опремена со маси за билјард, флипери, фудбал на маса, PlayStation и Xbox.
  • Секоја година се одржуваат настани за дружење на вработените, забави и забави за децата на вработените.
  • Ручек, овошје, топли и ладни напитки секојдневно се обезбедуваат од компанијата.
  • Обезбедена е вакцина против грип.
  • Вработените можат да учествуват во спортски тимови за фудбал, кошарка и други како FIFA, игри за на маса, фудбал на маса, билијард и многу други групи според заеднички интереси.

Извори[уреди | уреди извор]

  1. „Official History of IO“. www.imperiaonline.bg. конс. 13 January 2015. 
  2. „Impeia Online's History in a Few Facts“. www.imperiaonline.bg. конс. 13 January 2015. 
  3. „Timeline of IO's games“. www.imperiaonline.bg. 
  4. 4,0 4,1 Imperia Online and the Global Invasion of The Great People“ (посет. 13 јануари 2015 г).
  5. Stillfront Group completes the acquisition of Imperia Online JSC“ (посет. 18 февруари 2019 г).
  6. „Imperia Online Co-Founder Dobroslav Dimitrov - reddit AMA“. reddit.com. конс. 13 January 2015. 
  7. Interview with Imperia Online: How to Build a Game for 25 Million Users?“ (посет. 16 март 2015 г).
  8. „Imperia Online in Windows Store“. www.windowsphone.com. конс. 13 January 2015. 
  9. „Online Artillery Now Conquering Facebook“. blog.imperiaonline.bg. конс. 13 January 2015. 
  10. „Rocket Chameleon Available On The App Store“. blog.imperiaonline.bg. конс. 13 January 2015. 
  11. „Rocket Chameleon Successfully Landed on Google Play“. blog.imperiaonline.bg. конс. 13 January 2015. 
  12. „Start Your Eggciting Adventure With Egg Tales!“. blog.imperiaonline.bg. конс. 13 January 2015. 
  13. Brazil Is The New World Champion Of Imperia Online!“ (посет. 13 јануари 2015 г).
  14. „‘Seasons of War’ Now Available On Google Play“. blog.imperiaonline.bg. конс. 13 January 2015. 
  15. Imperia Online goes to Game Connection 2015!. http://blog.imperiaonline.bg/en/game-connection-2015/. посет. октомври 2015 г. 
  16. „A Look Inside Bulgaria's Most Luxurious Office Building (Gallery)“. mdm.bg (Bulgarian). конс. 13 January 2015. 
  17. Technology Fast 50 Powerful connections. „Deloitte: Technology Fast 50 Powerful connections“. http://www2.deloitte.com/content/dam/Deloitte/global/Documents/About-Deloitte/CE_FAST50_2014.pdf. посет. 13 јануари 2015 г. 
  18. „Deloitte: Mnemonica AD and Imperia Online are Bulgaria’s fastest growing technology company“. www2.deloitte.com. конс. 13 January 2015. 
  19. „Imperia Online Competing For Three Awards in Paris“. blog.imperiaonline.bg. конс. 13 January 2015. 
  20. „The Appsters 2014 Shortlist“. www.the-appsters.com. конс. 13 January 2015. 
  21. „Imperia Online Running for App Developer of 2014“. blog.imperiaonline.bg. конс. 13 January 2015. 
  22. Technology Fast 50 Powerful Connections 2015. „Deloitte: Technology Fast 50 Powerful Connections“. https://www2.deloitte.com/content/dam/Deloitte/bg/Documents/technology-media-telecommunications/ce_tf_50_2015.pdf. посет. декември 2015 г. 
  23. Forbes Business Awards 2015. http://blog.imperiaonline.bg/en/imperia-online-employee-rewarded-by-forbes-bulgaria-magazine/. посет. јануари 2016 г. 
  24. Imperia Online Soundtracks are Breaking the Charts!. http://blog.imperiaonline.bg/en/imperia-online-soundtracks-are-breaking-the-charts/. посет. јануари 2016 г. 

Надворешни линкови[уреди | уреди извор]