II милениум

Од Википедија — слободната енциклопедија
Нов СветАмериканска револуцијаФранцуска револуцијаЦрна чумаНаполеон БонапартТелефонАвионСлетување на МесечинатаЈадрено оружјеСветилкаГутенбергова Библија
Од лево, во насока на стрелките: во 1492, италијанскиот морепловец Кристофер Колумбо пристигнува во Америка; Американска револуција; Француска револуција; Атомска бомба од Втората светска војна; алтернативен извор на светлина, светилка; за првпат, човекот стапи на Месечината во 1969 година за време на мисијата на Аполо 11; авионот стана најкористен начин на сообраќај; Наполеон Бонапарт, во раниот 19 век имал големо влијание на Франција и Европа за експанзионизмот и [(модернизација)]та; Александар Бел телефон; во 1348 година, Црната чума за само две години убива над 100 милиони луѓе ширум светот, а повеќе од половина во Европа. (Позадина: Извадок од Гутенбергова Библија, првата голема книга отпечатена на запад, во 1450-тите)
Милениуми:
Векови:

II милениум — временски период кој започнал на 1 јануари 1001 година и завршил на 31 декември 2000 година според грегоријанскиот календар. Ова е вториот илјадалетен период од Нашата ера.

Во овој период спаѓа развиениот и доцниот среден век, Монголското Царство, ренесансата, барокот, раниот нов век, ерата на просветителството, ерата на колонијализмот, индустријализацијата, подемот на националните држави и влијание на науката, широко распространетото образование и универзалната здравствена заштита и вакцинациите во многу нации во текот на XIX и XX век. Со текот на вековите земјите развиле високотехнолошко оружје (преку светските војни и јадреното оружје) но иститебиле компензирани со растечките мировни движења како основањето на Обединетите нации.

Научниците преовладувале во објаснувањето на интелектуалната слобода. Луѓето ги презеле своите први чекори на Месечината во текот на 20 век и нови технологии биле развиени од страна на владите ширум светот. Развојот довел до откривање на радио, телевизија и интернет, технологии кои се користат низ целиот свет поради нивната корист од поврзување меѓу земјите.

Во времето на ренесансата започнал почетокот на втората миграција на луѓето од Европа, Африка и Азија во Америка, почнувајќи со постојано забрзувачкиот процес на глобализација. Преплетната меѓународна трговија довела до формирање на мултинационални корпорации, со домашни претставништва во повеќе земји. Меѓународните деловни потфати го намалиле влијанието на национализмот во позитивна смисла.

Светското население се удвоило во текот на првите седум века од милениумот (од 310 милиони во 1000 до 600 милиони во 1700 година), а подоцна се зголемило десет пати во текот на последните три века, достигнувајќи над шест милијарди во 2000 година. Следствено, непроверената човечка активност имала значителни социјални и еколошки последици, предизвикувајќи екстремна сиромаштија и климатски промени[1].

Календари[уреди | уреди извор]

јулијанскиот календар бил користен во Европа на почетокот на милениумот, а сите земји што некогаш го користеле јулијанскиот календар го вовеле грегоријанскиот календар. Крајниот датум на овој милениум секогаш се пресметува според грегоријанскиот календар, но датата на почетокот на овој милениум е обично според јулијанскиот календар.

Стивен Џеј Гулд тврдел дека не е можно да се одлучи дали милениумот завршил на 31 декември 1999 или на 31 декември 2000 година[2]. The Associated Press објавил дека третиот милениум започнал на 1 јануари 2001 година, но исто така известил дека прославите во САД генерално биле поподложни на почетокот на 2001 година, во споредба со почетокот на 2000 година[3].

Цивилизации[уреди | уреди извор]

Цивилизации од II милениум
Африка Америка Азија Европа Океанија

]]

Пронајдоци и откритија[уреди | уреди извор]

Пронајдоци, откритија и новини
Комуникација и технологија Наука и математика Производство Сообраќај и
истражување на вселената
Војување
  1. Машина за печатење[4]
  2. Топломер 1596
  3. Батерија 1800
  4. Телеграф 1832
  5. Фотографија 1837
  6. Телефон 1860
  7. Анимација 1906
  8. Телевизија 1932
  9. Компјутер 1939
  10. Транзистор 1947
  11. Сателит 1957
  12. Интернет 1969 [4]
  13. Електростатички генератор
  1. Сметководство о. 1494
  2. Веројатност о. 1549
  3. Калкулус о. 1680
  4. Вакцинација 1796 [4][5]
  5. Атомска теорија 1808 [5]
  6. Анестезија 1842 [4] [5]
  7. Природна селекција 1858 [5]
  8. Генетика 1866 [4] [5]
  9. Специјална релативност 1905 [5]
  10. Пеницилин 1920 [4] [5]
  11. ДНК 1928 [5]
  12. Квантна механика 1935 [5]
  13. Електрицитет
  1. Конзервирана храна 1809
  2. Пластика 1869 [5]
  3. Assembly line 1913
  4. Леб 1928
  5. Замрзната храна 1924
  6. Јадрен реактор 1942
  7. Мултипрактик 1971
  8. Finite geometry 1989
  1. Барометар 1643
  2. Велосипед 1817
  3. Парна машина 1712
  4. Парна турбина 1884
  5. Мотор со внатрешно согорување 1833
  6. Парна локомотива 1804
  7. Историја на воздухопловството о. 1716
  8. Слетување на Месечината 1969
  9. Спејс шатл 1977
  10. Вселенска станица 1971
  11. ГПС 1983
  1. Долг лак о. 1386
  2. Ракета
  3. Авион 1911
  4. Јадрено оружје 1945
  5. Подморница 1776
  6. Тенк 1916
  7. Огнено оружје о. 1100

Векови и декади[уреди | уреди извор]

11 век 1000-ти 1010-ти 1020-ти 1030-ти 1040-ти 1050-ти 1060-ти 1070-ти 1080-ти 1090-ти
12 век 1100-ти 1110-ти 1120-ти 1130-ти 1140-ти 1150-ти 1160-ти 1170-ти 1180-ти 1190-ти
13 век 1200-ти 1210-ти 1220-ти 1230-ти 1240-ти 1250-ти 1260-ти 1270-ти 1280-ти 1290-ти
14 век 1300-ти 1310-ти 1320-ти 1330-ти 1340-ти 1350-ти 1360-ти 1370-ти 1380-ти 1390-ти
15 век 1400-ти 1410-ти 1420-ти 1430-ти 1440-ти 1450-ти 1460-ти 1470-ти 1480-ти 1490-ти
16 век 1500-ти 1510-ти 1520-ти 1530-ти 1540-ти 1550-ти 1560-ти 1570-ти 1580-ти 1590-ти
17 век 1600-ти 1610-ти 1620-ти 1630-ти 1640-ти 1650-ти 1660-ти 1670-ти 1680-ти 1690-ти
XVIII век 1700-ти 1710-ти 1720-ти 1730-ти 1740-ти 1750-ти 1760-ти 1770-ти 1780-ти 1790-ти
XIX век 1800-ти 1810-ти 1820-ти 1830-ти 1840-ти 1850-ти 1860-ти 1870-ти 1880-ти 1890-ти
XX век 1900-ти 1910-ти 1920-ти 1930-ти 1940-ти 1950-ти 1960-ти 1970-ти 1980-ти 1990-ти

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „The Sixth Extinction – The Most Recent Extinctions“. Архивирано од изворникот на 2015-12-18.
  2. Stephen Jay Gould, Questioning the Millennium: A Rationalist's Guide to a Precisely Arbitrary Countdown (New York: Harmony Books, 1999), ch 2.
  3. Associated Press, "Y2K It Wasn't, but It Was a Party", Los Angeles Times, January 1, 2001.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 Keeley, Larry (2007-02-16). „The Greatest Innovations of All Time“. BusinessWeek. The McGraw-Hill Companies Inc. Архивирано од изворникот на 7 December 2008. Посетено на 2008-11-12.
  5. 5,00 5,01 5,02 5,03 5,04 5,05 5,06 5,07 5,08 5,09 {{Наведена мрежна страница | title = The Big 100: the Science Channels 100 Greatest Discoveries | publisher = Discovery Communications, LLC | year = 2008 | url = http://science.discovery.com/convergence/100discoveries/big100/big100.html | accessdate = 2008-11-12| archiveurl= https://web.archive.org/web/20081031221120/http://science.discovery.com/convergence/100discoveries/big100/big100.html%7C archivedate= 31 October 2008