3 век п.н.е.

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од III век п.н.е)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
< 4 век п.н.е. 3 век п.н.е. 2 век п.н.е. >
1 2 3 4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27 28 29 30
31 32 33 34 35 36 37 38 39 40
41 42 43 44 45 46 47 48 49 50
51 52 53 54 55 56 57 58 59 60
61 62 63 64 65 66 67 68 69 70
71 72 73 74 75 76 77 78 79 80
81 82 83 84 85 86 87 88 89 90
91 92 93 94 95 96 97 98 99 100

3 век пред нашата ера (п.н.е.) започнал на 1 јануари 300 год. п.н.е. и завршил на 31 декември 201 год. п.н.е. Овој историски период и припаѓа на класичната антика.

Во Медитеранот, првите неколку децении од овој век се карактеризираат со баланс на силите меѓу хеленистичките кралства на исток и големата трговска сила на Картагина на запад. Балансот бил нарушен со појавата на конфликт меѓу Картагина и Римската република.[1] Во следните децении, Картагина била прво понижена, а потоа уништена од Римјаните во Првата и Втората пунска војна. По Втората пунска војна, Рим станал најмоќната сила во западниот Медитеран.

Во Индија, Ашока управувал со Мауријската империја. Во Тамилакам (јужна Индија), династиите Пандиа, Чола и Чера од класичниот период го доживеале својот подем.[2]

Во Кина, завршувал Периодот на завојуваните држави, откако Џин Ши Хуанг ги освоил другите држави и ја воспоставил краткотрајната Џин династија, која била првата кинеска империја по која во истиот век следела долготрајната Хан династија.[3] На Корејскиот полуостров, започнал протоисторискиот период. Во Монголија, Хунну биле на врвот од својата моќ.

Источната хемисфера при крајот на 3 век п.н.е.

Настани[уреди | уреди извор]

Западниот Медитеран во текот на Втората пунска војна. Сино - Картагина, светлосино - сојузници на Картагина, италијански градови кои застанале на страна на Ханибал. Северноиталијански племиња кои застанале на страна на Ханибал се со син фонт. Црвено - Рим, розово - римски сојузници.

290-ти п.н.е.[уреди | уреди извор]

Мапа на Мауријската империја, каде се прикажани поголемите градови, рани будистички места, указите на Ашока итн.

280-ти п.н.е.[уреди | уреди извор]

Мапа на Кина во Периодот на завојуваните држави (260 год. п.н.е.)

270-ти п.н.е.[уреди | уреди извор]

Кинеската војска од теракота пронајдена во гробницата на Чин Ше Хуанг, првиот цар на обединета Кина.

260-ти п.н.е.[уреди | уреди извор]

250-ти п.н.е.[уреди | уреди извор]

240-ти п.н.е.[уреди | уреди извор]

230-ти п.н.е.[уреди | уреди извор]

220-ти п.н.е.[уреди | уреди извор]

210-ти п.н.е.[уреди | уреди извор]

200-ти п.н.е.[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Политика и влада[уреди | уреди извор]

Селевк I Победникот
Птоломеј I Сотер
Златна пара со ликот на птоломејската кралица Арсиноја II
Ханибал Барка
Чин Ши Хуанг, првиот цар на обединета Кина
Грчкиот филозоф Зенон
Ератостен

Литература[уреди | уреди извор]

Наука и филозофија[уреди | уреди извор]

Откритија[уреди | уреди извор]

Анимација на функционирањето на Архимедовиот навој
  • Ератостен точно го пресметал дијаметарот на Земјата со камили и сенки.
  • Играта Го (или Веиќи), која е мислена, стратегиска игра станува длабоко вкоренета во кинеската култура, а се смета дека потекнува уште од II милениум п.н.е.
  • Во 293 год. п.н.е. бил пронајден првиот римски сончев часовник.
  • Архимедов навој била пумпа која се користела за подигање на течности на повисоко ниво
  • Бил пронајден музичкиот инструмент хидраулис, кој е претходник на оргулите, од страна на Ктесибиј, грчки инженер кој работел во Александрија.
  • Кинескиот императорот Хан Гаоџу открил елабориран механички куклен театар во ризницата на претходниот владетел Чин Ше Хуанг.
  • Огромниот Ду Цејанг Јан систем за наводнување во Кина бил изграден од Ли Бин во кинеската провинција Сечуан, во 256 год. п.н.е.
  • Била изградена гробницата „Гробот на мирот“ во Черветери.
  • Кинеската свила за првпат стигнала на европскиот пазар.
  • Армиларни сфери, стара астрономска направа за мерење на координати на небесните тела, се користела како наставна алатка по астрономија.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Dušanić, Slobodan (1983). Stari svet. Beograd: Narodna knjiga, Vuk Karadzic, Rad. стр. 180-202. 
  2. Dušanić, Slobodan (1983). Stari svet. Beograd: Narodna knjiga, Vuk Karadzic, Rad. стр. 299-306. 
  3. Dušanić, Slobodan (1983). Stari svet. Beograd: Narodna knjiga, Vuk Karadzic, Rad. стр. 307-315.