Прејди на содржината

Hypericum maculatum

Од Википедија — слободната енциклопедија
Hypericum maculatum
Научна класификација [ у ]
Царство: Растенија
клад: Скриеносеменици
клад: Евдикоти
клад: Розиди
Ред: Малпигиовидни
Семејство: Кантариони
Род: Кантарион
Вид: Hypericum maculatum
Научен назив
Hypericum maculatum
Crantz

Hypericum maculatum, вид повеќегодишно тревесто растение кое припаѓа на родот Hypericum и семејството кантариони (Hypericaceae). Потекнува од Европа и Западна Азија, каде што расте на влажни ливади.

Опис и распространетост

[уреди | уреди извор]

Hypericum maculatum е безвлакнесто растение кое расте до околу 60 см. Стебленцата се исправени или свиени во основата, неразгранети или разгранети горе, со кратки гранчиња во пазувите на листовите; четириаглести со тесни надолжни крила, кои кај некои примероци се послабо развиени, а ретко недостасуваат. Листовите се приседнати, долги 15-30 мм, јајцевидни до елиптични, основата заоблена, врвот тап, целосно цели; горната страна е темнозелена, долната светлосивкасто-зелена со испакнати жили; рабовите со ретки црни точкести жлезди, а површината со малку црни и многу прозрачни точкести жлезди. Цветовите се собрани во ретки едноставни или сложени гроздовидни соцветија. Чашкините ливчиња се широко-елиптични до долгнавести, врвот е заоблен, понекогаш малку заострен; површината има многу точкести или издолжени жолтеникаво-портокалови жлезди, а понекогаш и по некоја црна жлезда. Венечните ливчиња се околу 10 мм долги, јајцевидни, жолти, со многу црни точкести и кратки линејни жлезди, а покрај нив и долги светли линејни жлезди или само такви светли жлезди. Прашниците се една третина пократки од венечните ливчиња или еднакви со нив. Плодната кутијка е околу 9 мм долга, со долги тенки линејни паралелни смолни канали. Семките се цилиндрични, долги околу 0,8 мм, светло до темнокафеави, со ситни мрежести вдлабнатини.[1]

Се среќава на планински пасишта и ливади, меѓу грмушеста вегетација, шумски полјани, покрај шуми и шумски патишта до 2.200 метри надморска височина.[1]

Варијабилност

[уреди | уреди извор]

Употреба

[уреди | уреди извор]

Се смета за лековито растение.[2] Hypericum maculatum се користи во традиционалната австриска медицина како екстракт од чај или масло (внатрешно), а надворешно како маслен екстракт, маст или ладна мацерација во етанол за третман на кожни заболувања, заболувања на локомоторниот систем, нервниот систем, гастроинтестиналниот тракт, респираторниот тракт, бубрезите и уринарниот тракт, кардиоваскуларниот систем, инфекции, ревматизам и гихт.

Галерија

[уреди | уреди извор]
  1. 1 2 3 4 Мицевски, Кирил (1995). Флора на Република Македонија, Том I, св. 3. Скопје: МАНУ. стр. 498–499.
  2. Băcilă, I., et al. (2010). Micropropagation of Hypericum maculatum Cranz an important medicinal plant. Архивирано на 11 април 2018 г. Rom Biotechnol Lett 15 86-91.