Hypecoum procumbens
| Hypecoum procumbens | |
|---|---|
| Научна класификација [ у ] | |
| Непознат таксон (попр): | Hypecoum |
| Вид: | Hypecoum procumbens |
| Научен назив | |
| Hypecoum procumbens L. | |
Hypecoum procumbens[1] — вид на едногодишна билка од семејството Papaveraceae. Тие имаат самоодржлива форма на раст и едноставни листови. Единките можат да пораснат до 40 см во висина.[2][3]
Опис
[уреди | уреди извор]Hypecoum procumbens е едногодишно растение. Стеблото е со надложни бразди вертикално или слабо погледнато со висина од 5 до 20 сантиметри, голо или разгрането во горниот дел. Листовите се собрани во розета во голем број и се двојно пересто насечени. Сегментите линејни или ланцетни се сиви или сивозелени. Стеблените листови се во мал број, приседнати, пересто насечени, со линејни или линејно ланцетни делови. Цветовите се поединечни или во цимозни соцветија, цветните дршки се тенки со должина од 5 до 20 милиметри а цветовите се долги 5 до 15 милиметри во пречник.[4]
Чашкините ливчиња се две на број со жолтеникаво зелена боја и со јајцевидни форми а на врвот се заострени. Тие лесно отпаѓаат и се многу помали од венчето. Венечните ливчиња се четири на број и имаат жолта боја во 2 круга. Двете надворешни ливчиња на венчето се целокрајни или триделни, страничните делови се помали и покуси од предниот дел, а средниот дел кон врвот е конусовидно стеснет и издолжен. Внатрешните венечни ливчиња се покуси од надворешните, скоро до основата се триделни, а двата странични дела се линејно елиптични, целокрајни, а средниот дел обратно јајцевиден и скоро двојно поголем од страничните делови, на врвот закруглен и многу слабо насечен, по работ со густи реси. [4]
Прашниците имаат должина од 1-1,2 mm. Кутијката е долга 4-6 см, има цилиндрична форма, права или лачно извиткана, вертикална или спуштена надолу, јасно сегментирана по целата должина и се распаѓа на одделни сегмент. Семките се темно кафеави, со многу нежни и ситни брадавичести испакнатини по целата површина.[4]
Распространетост во Македонија
[уреди | уреди извор]Hypecoum procumbens е распространет по песокливи и тревести места, по насипи и покрај патишта. Тоа е многу често растение.
Познато за Скопје, Жеденска Клисура, клисурата на реката Пчиња, Катлановска Бања; Таорска Клисура, Долно Оризари (Велешко), Оризари (Кочанско).
Се посочува за повеќе места во потоплите делови, и тоа: околината на Струмица (Стојанов, 1921, и Рудски, 1943); Штип (Сошка, 1940); Прилеп кај село Тројаци, Валандово кај село Удово и Мариово.[4]
Извори
[уреди | уреди извор]
Оваа статија содржи делови преземени од слободно дело. Лиценцирано под CC0 Изјава/дозвола за лиценцата на Ризницата. Текстот е преземен од Hypecoum procumbens, Encyclopedia of Life.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Mifsud, Stephen (2002-08-23). „Hypecoum procumbens (Sickle-fruited Hypecoum) : MaltaWildPlants.com - the online Flora of the Maltese Islands“. maltawildplants.com (англиски). Посетено на 2023-07-08.
- ↑ „Hypecoum procumbens L. - Encyclopedia of Life“. eol.org. Посетено на 2022-02-04.
- ↑ Mifsud, Stephen (2002-08-23). „Hypecoum procumbens (Sickle-fruited Hypecoum) : MaltaWildPlants.com - the online Flora of the Maltese Islands“. www.maltawildplants.com (англиски). Посетено на 2022-03-03.
- 1 2 3 4 Мицевски, Кирил (1993). Флора на Република Македонија. Том I св.2. Скопје: Македонска академија за науките и уметностите. стр. 165-166.
|