Морски краставици (науч.Holothurioidea) — класа на иглокожи со колбасичеста форма на телото и без краци, без јасно воочливи амбулакрални површини и најчесто без надворешна мадрепорна плоча кај возрасните форми. Амбулакралните бразди се покриени. Некои од амбулакралните ноџиња се изменети во пипала во пределот на устата, а некои (или сите) се снабдени со пијавки. Мускулестиот телесен ѕид содржи многу мали спикули, но отсуствуваат игли и педицеларии.