Heavenly Delusion
| Heavenly Delusion | |
Корицата на првиот том, вклучувајќи ги Кируко (назад) и Мару (напред) | |
| 天国大魔境 (Tengoku Daimakyō) | |
|---|---|
| Жанр | авантура мистика научна фантастика |
| Манга | |
| Автор | Масаказу Ишигуро |
| Издавач | Kodansha |
| Англиски издавач | Denpa |
| Импринт | Afternoon KC |
| Списание | Monthly Afternoon |
| Оригинално прикажување | 25 јануари 2018 — во тек |
| Број на томови | 12 |
| Аниме-серија | |
| |
Heavenly Delusion (јапонски: 天国大魔境, македонски: Небесна измама) — манга напишана и илустрирана од Масаказу Ишигуро. Серијата се објавува во списанието за сеинен-манги Monthly Afternoon на Kodansha од јануари 2018 г., а до јули 2025 г. се собрани 12 тома танкобон. Мангата е позната по нејзината сложена структура што развива две паралелни нишки на приказната: во едната, главните ликови Мару и Кируко патуваат низ постапокалиптичен свет за да стигнат до таинствената област наречена „Рај“; во другата, група деца живеат во училиште, кое нивните претпоставени го нарекуваат исто така „Рај“. Авторот, Ишигуро, ја создал оваа приказна со намера да се разликува од неговото претходно дело, And Yet the Town Moves, сосредоточувајќи се на динамиката помеѓу двата главни лика и злото со кое се соочуваат, притоа истражувајќи теми како што се родот и природните катастрофи.
Серијата брзо добила потврдни одзиви и била пофалена за одлично изграденото чувство на таинство и за начинот на кој се развиваат односите помеѓу ликовите од двете паралелни сценарија. Како признание за нејзиниот квалитет, мангата освоила и неколку значајни награди, вклучувајќи ја и наградата Japan Expo Awards. Поради големиот успех, направена е и аниме-серија, произведена од студиото Production I.G, и која се прикажувала од април до јуни 2023 г.
Содржина
[уреди | уреди извор]Петнаесет години по невидена катастрофа што ја уништила современата цивилизација, започнува приказната за две паралелни дејствени линии.
Во едната линија, група деца живеат во објект изолиран од надворешниот свет. Еден ден, девојката по име Токио добива порака: „Сакаш ли да излезеш надвор од надворешноста?“ Мимихиме, друго девојче од истиот објект, има претчувство и ѝ кажува на вознемирената Токио дека две лица ќе дојдат однадвор за да ја спасат, а едното од нив ќе има исто лице како нејзиното. Меѓутоа, директорката на училиштето ја предупредува Токио дека надворешниот свет е Пекол.
Во меѓувреме, едно момче по име Мару, кое изгледа идентично како Токио, патува низ постапокалиптична Јапонија со својата телохранителка, Кируко, во потрага по Рајот. Мару бара личност со своето лице. Двајцата често наидуваат на крадци и на суштества слични на каиџу што ги нарекуваат „човекојадци“. Додека Кируко е вешт борец во справувањето со непријателите, таа е и наставничка на Мару, кој поседува непозната моќ што му овозможува веднаш да ги уништи човекојадците. Раскажувањето постојано се префрла помеѓу Рајот и Пеколот, проширувајќи го светот и приказните на ликовите од двете страни.[1]
Ликови
[уреди | уреди извор]Мару (јап. マル) — петнаесетгодишен младич што патува заедно со Кируко. Тој е стручњак по боречки вештини и е исклучително физички развиен. Поседува единствена способност да ги уништува јадрата на човекојадците.
Кируко (јап. キルコ) — девојка на возраст од приближно 18 до 20 години што патува со Мару. Таа трага по стар пријател и лекар што ѝ извршил операција.
Токио (јап. トキオ) — млада девојка што живее во објект изолиран од надворешниот свет.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Moore, Caitlin (17 јули 2020). „Heavenly Delusion GN 1 – Review“. Anime News Network. Архивирано од изворникот 20 март 2023. Посетено на 7 мај 2023.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Матична страница на мангата
- Heavenly Delusion (манга) — Енциклопедија на Anime News Network (англиски)