Having a Rave Up

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Having a Rave Up е вториот американски албум на англискиот рок бенд „The Yardbirds“. Издаден во 1965, албумот е микс од американски песни, претходно издадени синглови и делови од материјалот на „Five Live Yardbirds“. Албумот остана 33 недели на @Top LPs# билборд листата каде што го достигна 53 место. „Having a Rave Up“ се покажа како најтрајна плоча која остана во производевање се до 1972, подолго од сите други албуми на бендот.[1] Во 2003, албумот беше рангиран на 353 место во листата 500 најдобри албуми на сите времиња (анг. „The 500 Greatest Albums of All Time“) на магазинот „Rolling Stone“.[2] Во албумот се вклучени три песни кои беа снимени за време на првата турнеја во америка на групата која траеше од август до септември, 1965: „Train Kept A-Rollin“, „You’re a Better Man than I“ и „I’m a Man“ (студио верзија со Џеф Бек).[3] Исто така се вклучени и три претходно издаден песни: „Heart Full of Soul“, „Evil Hearted You“ и „Still I’m Sad“. Втората страна на албумот има четири песни (со Ерик Клептон кој го напушти бендот осум месеци порано, во март 1965, и го нема на сликата на албумот) од албумот во Обединетото Кралство од 1964, „Five Live Yardbirds“ , вклучувајќи ја и влијателната „Smokestack Lightning“.

Листа на песни[уреди | уреди извор]

Оригинален албум[уреди | уреди извор]

Страна 1[уреди | уреди извор]

  1. „You're a Better Man Than I“ - Мајк Хаг, Брајан Хаг - 3:17
  2. „Evil Hearted You“ - Грахам Голдмен - 2:24
  3. „I'm a Man“ - Бо Дидли - 2:37
  4. „Still I'm Sad“ - Пол Семвел-Смит, Џим Мек Карти - 2:57
  5. „Heart Full of Soul“ - Грахам Голдмен - 2:28
  6. „Train Kept A-Rollin“ - Тајни Бредшоу, Ховард Кеи, Лоис Мен - 3:26

Страна 2[уреди | уреди извор]

  1. „Smokestack Lightning“- Ховлин Вулф - 5:35
  2. „Respectable“ - О'Кејли Исли, Роналд Исли, Рудолф Исли - 5:28
  3. „I'm a Man“ - Бо Дидли - 4:24
  4. „Here 'Tis“ - Бо Дидли - 5:04

Преработки на албумот[уреди | уреди извор]

Компилациониот албум „Ultimate!“ на „The Yardbirds“ од 2001 содржи осум од десетте песни од оригиналниот албум. „Having a Rave Up“ бил преработуван од неколку продуцентски куќи и тоа „Sunspots“, „JV“C, „Get Back“, и „Repertoire“.[4] Во прилог на десетте оригинални песни на албумот, преработките на „Repertoire“ ги вклучуваат американските синглови на „The Yardbirds“ (1 & 2), снимени демоа од март-април во 1966 за нивниот следен албум - „Yardbirds aka Roger the Engineer/Over Under Sideways Down“ (3-10) и преработка на „Train Kept A-Rollin“ како музика за филмот „Blow-Up“ (11).

  1. „Shapes of Things“ - Пол Семвел-Смит, Кеит Рилф, Џим Мек Карти - 2:26
  2. „New York City Blues“ - Кеит Рилф, Крис Дрeja - 4:19
  3. „Jeff's Blues“ (The Nazz Are Blue демо) - Џеф Бек - 3:04
  4. „Someone to Love“ (Lost Woman демо, прв дел) - Бек, Рилф, Семвел-Смит, Дрejа, Мек Карти - 2:24
  5. „Someone to Love“ (Lost Woman демо, втор дел) - Бек, Рилф, Семвел-Смит, Дрeja, Мек Карти - 4:18
  6. „Like Jimmy Reed Again“ (демо) - Бек, Рилф, Семвел-Смит, Дрeja, Мек Карти - 3:04
  7. „Chris' Number“ (демо) - Бек, Рилф, Семвел-Смит, Дрejа, Мек Карти - 2:23
  8. „What Do You Want“ (демо) - Бек, Рилф, Семвел-Смит, Дрejа, Мек Карти - 3:11
  9. „Here 'Tis“ (демо) - Бо Дидли - 3:49
  10. „Here 'Tis“ („For RSG“, трака за „ Ready Steady Go!“) - Бо Дидли - 4:06
  11. „Stroll On“ - Џими Пејџ, Бек, Рилф, Дрejа, Мек Карти - 2:44

Личности[уреди | уреди извор]

Референци[уреди | уреди извор]

  1. Russo 1998, p. 29.
  2. "Having a Rave Up #353". 500 Greatest Albums of All Time. Rolling Stone. 2003. конс. December 9, 2009. 
  3. Russo 1998, pp. 29, 99.
  4. Eder, Bruce. "Having a Rave Up – album review". allmusic. конс. December 9, 2009. 
  • Русо, Грег (1998). Yardbirds: The Ultimate Rave-Up. Crossfire Publications. стр. 160. ISBN 0964815737. 
  • Клеисон, Алам (2002). The Yardbirds. Backbeat Books. стр. 208. ISBN 0879307242. 
  • Гомелски, Горџио; Коин, Брајан (2002). The Yardbirds Story liner notes. Charly Records SNAD 905 CD. стр. 51.