Прејди на содржината

Harmonia conformis

Од Википедија — слободната енциклопедија
Harmonia conformis
Научна класификација
Царство: Animalia
Колено: Arthropoda
Класа: Insecta
Ред: Coleoptera
Семејство: Coccinellidae
Род: Harmonia
Вид: H. conformis
Научен назив
Harmonia conformis
(Boisduval, 1835)

Harmonia conformis (бубамара со големи точки)[1] е вид на бубамара (семејство Coccinellidae). Има светло-црвеникав изглед, а нејзината боја вклучува 20 големи црни точки, од кои 18 се наоѓаат на елитрата (крилјата).[2] Таа е доста голема за бубамара, односно околу 6-7 мм во должина. Таа е грабливец на други инсекти, јаде лисни вошки како ларва и како возрасни единки. Ја има во Австралија, како и во Нов Зеланд, каде е честа појава во северните региони. Друг член од истиот род, Harmonia antipoda, се јавува и во Нов Зеланд исто така. Овој вид, е многу помал и потежок за откривање.

  1. „Harmonia conformis (Boisduval)“. www.ento.csiro.au CSIRO. 2005-07-07. Архивирано од изворникот на 2012-02-22. Посетено на 2009-04-25.
  2. Crowe, A. (2002). Which New Zealand Insect?. Auckland, N.Z.: Penguin. стр. 47. ISBN 0-14-100636-6.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]