Прејди на содржината

Haikyu!!

Од Википедија — слободната енциклопедија
Haikyu!!
Корицата на првиот том, со Шојо Хината (напред) и Тобио Кагејама (назад)
АвторХаруичи Фурудате
Жанркомедија
спорт
Објавена20 февруари 2012 — 20 јули 2020 (манга)
6 април 2014 — 19 декември 2020 (аниме)
ИздавачShueisha

Haikyu!! (јапонски: ハイキュー!!, буквално: Одбојка!!) — спортска манга за одбојка создадена од Харуичи Фурудате. Мангата била серијализирана од февруари 2012 до јули 2020 г. во списанието Weekly Shonen Jump на Shueisha. Приказната за првпат била претставена и објавена во списанието Jump NEXT! на издателството Shueisha пред целосно објавување. Биле објавени вкупно 45 тома од мангата.[1][2]

Врз основа на неа била објавена аниме-серија, неколку играни филмови, радиопостановки, компјутерски игри и многу повеќе.[3]

Содржина

[уреди | уреди извор]

Шојо Хината е момче, кое, откако на телевизија видел национално првенство во одбојка, се вљубува во спортот. Вдахнат од играчот со прекар „Малиот Џин“, тој сонувал да стане исто како него, и покрај неговата мала висина.

Одлучен, Хината започнува одбојкарски клуб во основно и вежба самостојно. Бидејќи немал доволно членови, клубот останал мал. Меѓутоа, во неговата последна година, се приклучуваат уште пет ученици, што му овозможило да основа екипа и да влезе на турнир. Нивната екипа составена од претежно неискусни играчи, се соочува со моќното училиште „Китагава Даичи“, предводено од надарениот Тобио Кагејама, познат како „Кралот на Салата“. Иако екипата на Хината губи, тој ги воодушевува сите со својата неверојатна способност за скокање, привлекувајќи го вниманието на Кагејама.

Одбивајќи да се откаже, Хината ветува дека еден ден ќе го победи Кагејама. Но кога се запишува во средното „Карасуно“, бил шокиран кога го нашол својот соперник таму како негов соиграч. Иако нивната врска на почетокот е непостојана, тие набрзо учат да соработуваат и нивното патешествие како одбојкари започнува.

  1. Hodgkins, Crystalyn (July 5, 2020). „Haikyu!! Manga Reaches 'Climax' of Final Arc“. Anime News Network. Архивирано од изворникот October 7, 2021. Посетено на July 5, 2020.
  2. Hodgkins, Crystalyn (July 12, 2020). „Haruichi Furudate's Haikyu!! Manga Ends on July 20“. Anime News Network. Архивирано од изворникот October 7, 2021. Посетено на July 12, 2020.
  3. Green, Scott (March 25, 2014). „Sentai Filmworks Licenses "Haikyuu!!". Crunchyroll. Архивирано од изворникот на November 4, 2021. Посетено на March 27, 2014.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]