Прејди на содржината

Haemanthus albiflos

Од Википедија — слободната енциклопедија
Haemanthus albiflos
Научна класификација
Царство: Растенија
Ред: Шпаргловидни
Семејство: Кокичиња
Потсемејство: Amaryllidoideae
Род: Haemanthus
Вид: H. albiflos
Научен назив
Haemanthus albiflos
Жак.
Распространетост на H. albiflos во Јужна Африка
Синоними[1]
  • Diacles ciliaris Salisb. nom. inval.
  • Diacles pubescens (Herb.) Salisb. nom. inval.
  • Haemanthus albomaculatus Baker
  • Haemanthus intermedius (Herb.) M.Roem.
  • Haemanthus leucanthus Miq.
  • Haemanthus pubescens (Herb.) Ker Gawl. nom. illeg.
  • Haemanthus virescens Herb.

Haemanthus albiflosвид на цветнo растениe од семејството Amaryllidaceae, води потекло од брегот и планините во Јужна Африка. Станува збор за зимзелено, луковично, повеќегодишно геофитно растение. Хортикултурно е ценето поради неговиот необичен изглед и големата толеранција на неповолни услови. H. albiflos е единствениот вид од родот Haemanthus пронајден и во зимските и во летните месеци во региони со врнежи, и има главно крајбрежна распорстранетост од јужен Кејп преку Источен Кејп до Квазулу-Натал, покажувајќи претпочитање за ладни, засенчени места.

Етимологија

[уреди | уреди извор]

Специфичниот епитет albiflos во превод значи „бел цвет“.[2] Како растение кое се одгледува во саксија, се нарекува „слонов јазик“ или „слоново уво“ поради неговите листови. Исто така користен и народниот назив „четка за сликање“ поради неговите цветови.

Растението има светлозелени листови. Еднаш годишно, растението произведува по еден пар на листови кои се зимзелени. Кај еден примерок може да се сретнат најмногу по три пара на листови. Листовите се до 40 центиметри долги и може да бидат покриени со кратки, меки влакна и повремено да бидат образувани жилти дамки на горната површина. Во доцна есен и зима, соцветијата слични на четки кои носат повеќе ситни бели цветови се наоѓаат на витките дршки. По оплодувањето од цветовите се образувани месести црвени овални плодови кои носат бели семиња. Целото растение расте до 20-30 центиметри во висина и околу 15 центиметри во ширина.

Одгледување

[уреди | уреди извор]

H. albiflos може да биде одгледувано на најниска температура од околу 1 °C (34 °F), но не ги преживува пониските температури на замрзнување. Ова растение е премногу нежно за да се одгледува во надворешни услови. Претпочита да не е на директно сонце, но е многу толерантно на недоволно наводнување и подобро цвета ако е ограничено во мала саксија.

Размножување

[уреди | уреди извор]

Лесно се размножува со прецветани соцветија, кои може да се отстранат кога ќе заврши периодот на цветање. Гранките со соцветијата може внимателно да се одвојат од родителското растение. Плодовите се формираат многу ретко во затворени простории, веројатно поради недостаток на инсекти за опрашување, но кога ќе се создаде плод и семе, тоа може да се посее и може да расте, иако тоа е побавен процес. Со многу малку грижа, ова растение може да се размножува многу години.

Галерија

[уреди | уреди извор]
  1. „The Plant List: A Working List of All Plant Species“. Посетено на 30 мај 2023.
  2. Harrison, Lorraine (2012). RHS Latin for gardeners. Обединето Кралство: Mitchell Beazley. стр. 224. ISBN 9781845337315.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]