Gymnocephalus schraetser
| Gymnocephalus schraetser | |
|---|---|
| Научна класификација [ у ] | |
| Непознат таксон (попр): | Gymnocephalus |
| Вид: | Gymnocephalus schraetser |
| Научен назив | |
| Gymnocephalus schraetser (Линеј, десетто издание на Систем на природата, 1758) | |
| Синоними | |
|
List
| |
Gymnocephalus schraetser — слатководна риба, долга до 20 см, која припаѓа на семејството костреши. Се мрести од април до мај.
Опис и градба
[уреди | уреди извор]Gymnocephalus schraetser има многу издолжено тело, светло зеленикаво-жолта боја со темни ленти, а главата ѝ е многу зашилена. Грбните перки ѝ се споени и испрекинати со темни дамки. Лушпите ѝ се длабоко вкоренети во кожата, а телото ѝ е лигаво и лепливо. Муцката ѝ е полусвиткана и издолжена. По телото се протегаат 3 или 4 надолжни ленти, кои често се прекинати. Може да порасне до 20 см.
Навики, живеалиште, распространетост
[уреди | уреди извор]Gymnocephalus schraetser често влегува во горните делови на реките, иако претпочита подлабока вода со песокливо или чакалесто дно. Се храни со фауна од дното. Исто така, сака брзи водотеци, а влегува и во езерца. Во Србија, живее во водите на сливот на Црното Море.
Репродукција
[уреди | уреди извор]Gymnocephalus schraetserсе мрести во април и мај, на места со силни водни струи. Женката положува до 10.000 јајца, што е најголемиот број што може да го положи.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Freyhof, J. (2024). „Gymnocephalus schraetser“. Црвен список на загрозени видови. 2024. doi:10.2305/IUCN.UK.2024-2.RLTS.T9565A137263798.en. Посетено на 16 March 2025. Занемарен непознатиот параметар
|article-number=(help)