Glinus lotoides
| Glinus lotoides | |
|---|---|
| Научна класификација [ у ] | |
| Непознат таксон (попр): | Glinus |
| Вид: | Glinus lotoides |
| Научен назив | |
| Glinus lotoides L. | |
Glinus lotoides е вид цветно растение на скриеносеменици од семејството Molluginaceae. Потекнува од Евроазија и Африка, а на многу други места е познато како воведен вид.
Опис
[уреди | уреди извор]Едногодишно растение високо до 40 цм, целото препокриено со густи ѕвездести влакна. Стеблото обично полегнато или вертикално, од самата основа многу разгрането, па сè до самиот врв. Листовите од 1,5-4 цм долги, обратно-јајцевидни до издолжено-лопатовидни, целокрајни, во основата клиновидни и преминуваат во дршки чија должина е еднаква на половината на ламината. Во пазувите на стеблените листови се развиваат снопчиња од листови. Цветовите групирани во снопчиња во пазувите на листовите, со дршки кои се еднакви на нивната должина. Цветовите без брактеи. Перијантните ливчиња 5, слободни до сновата, елиптично-ланцетни, околу 7 мм долги, 2,5-3 мм широки, на врвот заострени, жолти, по површината со густи ѕвездести влакна, со тесно изразен ципест раб кај внатрешните листови. Прашниците 12; таминодиумите на врвот длабоко дворазделни, со заострени врвови и цели. Плодникот со 5 столпчиња, петделен. Плодот локулицидна кутијка. Семките во голем број, бубреговидни, црни.[1]
Распространетост во Македонија
[уреди | уреди извор]Расте по влажните тревести и песокливи места.
Струмица - Моноспитовско Блато, покрај каналот кој се влева во езерскиот дел на блатото.[1]
Употреба
[уреди | уреди извор]Ова растение се наоѓа во сезонски поплавено земјиште и има многу традиционални намени во културите низ неговиот голем автохтон опсег, како лек и како храна. Младите листови и стебла на Glinus lotoides се користат како зеленчук во некои тропски земји.[2]
Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Рачен третман на Џепсон
- Фото галерија Архивирано на 10 ноември 2012 г.
|