Gley
| Глеј | |
|---|---|
| Отпочната | 2021 |
| Сопственик | Дарко Перушевски |
| Држава | |
| Јазик | македонски |
| Седиште | Скопје |
| Мрежно место | gley.mk |
Глеј или Gley е првата македонска стриминг платформа од 2021 година, која на едно место нуди богат избор на домашна, регионални и странски филмови и серии со македонски, англиски и албански превод.
На Глеј, се достапни многу македонски серии како: Преспав, Куќен притвор, На терапија, Фамилија Марковски, Црвениот поет, Радиус. Како и филмовите: Пред дождот, Сенки, Ослободување на Скопје, Трето полувреме, Кајмак, Те дуа, жими мене, Ах, љубов моја и многу други филмски содржини.
За Глеј
[уреди | уреди извор]Платформата нуди домашна и регионална продукција, детска програма, европски и холивудски филмови и серии, кои ќе бидат достапни со македонски и албански превод.
„GLEY ги обединува македонските продукциски капацитети и им дава можности за забрзан развој на нови и постоечки проекти“, изјави извршниот менаџер на СВОД Мастер, Дарко Перушески на промоцијата.
Поголемиот дел од македонските филмови се дигитално достапни само на платформата, а детската програма е синхронизирана на македонски и албански јазик.
„Содржините се достапни во ХД резолуција со квалитетен звук на LG, Samsung и Android TV СМАРТ телевизорите, персонални компјутери, таблети или мобилни телефони. За таа намена се изработени апликации кои корисниците можат лесно да ги инсталираат на оперативните системи на телевизорите во Apple App Store и Google Play Store“, истакнуваат од „Gley.mk“.