GABA рецептор

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

ГАБА рецептори се класа на рецептори кои одговараат на невротрансмитерот гама-аминобутерна киселина (GABA), главното инхибиторно соединение кај целосно зрел централен нервен систем кај ‘рбетниците. Постојат две класи на GABA рецептори: GABAA и GABAB. GABAA рецепторите се јонотропни рецептори; додека GABAB рецепторите се врзани за G протеин, односно метаботропни рецептори.