Fumaria thuretii
| Fumaria thuretii | |
|---|---|
| Научна класификација [ у ] | |
| Царство: | Растенија |
| клад: | Скриеносеменици |
| клад: | Евдикоти |
| Ред: | Лутиковидни |
| Семејство: | Афиони |
| Вид: | Fumaria thuretii |
| Научен назив | |
| Papaveraceae thuretii | |
Fumaria thuretii — вид цветно растение од семејството афиони.
Опис
[уреди | уреди извор]Fumaria thuretii е едногодишно растение. Стеблото му е вертикално, разгрането со висина од 20-30 см високо и со надолжни бразди. Листовите се сивкаво зелени со должина од 10-30 mm, навидум ромбично јајцевидни и 1-2 пати перести. Лисните делови имаат јајцевидна форма, а ливчињата се два до три пати подолги отколку широки, ланцетни до линејно ланцетни или елиптични. Лисните дршки се еднакви со ламината или покуси. [1]
Соцветијата не многу долги од 4-8 cm и имаат 15-35 цвета но се густи, вертикални, приседнати или со куси дршки кои се покуси од соцветието. Брактеите по должина се скоро еднакви со плодните дршки и ретко се малку покуси, линејно елиптични. По боја се розови а на врвот зашилени. Цветовите се долги 7-10 mm. Чашкините ливчиња имаат должина од 2,5-3 mm со ширина од 1,5-2 mm. Тие имаат јајцевидна форма и се пошироки од венчето, бледорозови до пурпурни, по работ се скоро бели, неправилно плитко назабени а само во основата запчињата се подолги.[1]
Венчето е розово до пурпурно, а на врвот е темновиолетово. Горното венечно ливче во предниот дел е со свиткани нагоре рабови. Шпората долга до 3 mm, поширока од средниот дел на венчето. Оревчињата се скоро топчести, на врвот се слабо заострени со должина од 2 mm и имаат многу ситни брадавички. Плодните дршки се кукасто свиткани надолу.[1]
Распространетост во Македонија
[уреди | уреди извор]Fumaria thuretii е распространето во Македонија, најчесто покрај варовнички карпи и камењари, а исто така и на серпен тин, до 1000 m.
Се среќава во Жеденска Клисура, Матка, Катлановска Бања, покрај река Тополка, во Доброшане, Штип, Галичица - помеѓу селата Стење и Коњско. Се посочува за планината Бабуна.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 3 4 Мицевски, Кирил (1993). Флора на Република Македонија. Том I св.2. Скопје: Македонска академија за науките и уметностите. стр. 173-174.
|