Fumaria rostellata
| Fumaria rostellata | |
|---|---|
| Научна класификација [ у ] | |
| Царство: | Растенија |
| клад: | Скриеносеменици |
| клад: | Евдикоти |
| Ред: | Лутиковидни |
| Семејство: | Афиони |
| Вид: | Fumaria rostellata |
| Научен назив | |
| Papaveraceae rostellata | |
Fumaria kralikii — вид цветно растение од семејството афиони.[1]
Опис
[уреди | уреди извор]Fumaria rostellata е едногодишно растение. Стеблото високо до 40 cm, многу разгрането, голо и со надолжни бразди. Листовите се сивкави, 1-2 пати перести, перестите делови се два пати пересто насечени. Лисните сегменти се ланцетни или линејно ланцетни, 3-4 пати подолги отколку широки. Соцветијата се растресити, со должина од 3-5 cm и со 15-25 цвета. Дршката на соцветието е покуса од него (1-2 cm) а брактеите се 2/3 од должината на плодните дршки или скоро еднакви со нив, широки а во горниот дел малку насечени. [1]
Чашкините ливчиња се долги 2-2,5 mm и широки околу 1,5 mm во јајцевидна форма. Тие се неправилно крупно назабени, три пати покуси од венче-то. Венчето е долго 7-9 mm со розецрвеникава боја а врвовите на венечните ливчиња се темновиолетови. Горното венечно ливче во предниот дел има свиткани нагоре рабови, а долното венечно ливче е лопатовидно и со расперени рабови. Оревчињата се 1,7 mm долги, круглести, малку странично сплеснати, на врвот кусо заострени, по површината со ситни брадавички. Плодните дршки се исправени и свртени нагоре.
Распространетост во Македонија
[уреди | уреди извор]Fumaria kralikii е распространето во Македонија, најчесто покрај покрај населби, грмушки, тревести места и патишта, до 1000 m.
Познато за Дабничка Планина и патот за манастирот Трескавец, Цапари, Пехчево, Крива Паланка, Таорска Клисура, Демир Хисар помеѓу селата Доленци и Железнец, Китка, Шар Планина и Пелистер. Се наведува за Удово.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 3 Мицевски, Кирил (1993). Флора на Република Македонија. Том I св.2. Скопје: Македонска академија за науките и уметностите. стр. 174-175.
|