Фонсека (марка на пури)

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Fonseca)
Логото на Фонсека

Фонсека (шпан. Fonseca) е име на две марки на висококвалитетни пури, едната кубанска (Хабанос СА), а другата доминиканска (МАТАСА).

Историја[уреди | уреди извор]

Дон Франциско Е. Фонсека основал фабрика и своја марка на пури во Хавана во 1892, и ја регистрирал марката со своето име во 1907. Неговите пури набргу станале успешни и Дон Франциско почнал со иновативни практики како обвиткување на пурите во фини јапонски хартиени марамчиња (како што се и денес) и нивно пакување во лимени туби (денешните туби се алуминиумски). Неговата жена, Доња Тереза Бетишер продолжила со дејноста по смртта на Дон Франциско во 1930 и ја споила марката со Т. Кастањеда и Г. Монтеро и со тоа настанала фирмата Кастањеда, Монтеро, Фонсека СА.

Прозивдоството се одвивало непрекинато по револуцијата и овие пури сѐ уште се произведуваат во фабриката Лазаро Пена во Хавана. Како марка, Фонсека е релативно блага, по цена поевтина од највеќето кубански пури и највече се пласира во Шпанија и Канада, каде таа е особено популарна.

Витоли на кубанската Фонсека[уреди | уреди извор]

Ова е список на витоли (големини) во рамките на производната линија на Фонсека со нивните димензии во англиски и метрички систем и нивните vitolas de galera (фабрички имиња).

Рачно-изработени витоли

  • No. 1 - 6 3/8" x 44 (162 x 17.46 mm) Cazador, лонсдејл
  • Cosaco - 5 3/8" x 42 (135 x 16.67 mm) Cosaco, корона
  • KDT Cadete - 4 1/2" x 36 (115 x 14.29 mm) Cadete, тре пети корона

Машински-изработени и рачно-довршени витоли

  • Delicia - 4 7/8" x 40 (123 x 15.87 mm) Standard, тре пети корона

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]